За МакФакс Контакт Маркетинг Архива

Choose language/Zgjedhni gjuhën:

04.05.07 | 19:00| IIIизд.

Пребарување:

Петок, 4.05.2007 | Македонија

Алатки


Фото „Дневник“

Верзија за печатење

Релито „Гaмбл 3000“ ја зеде и втората жртва во Македонија

Скопје /04/05/ 17:49

Релито „Гaмбл 3000“ денеска во Македонија ја зема втората жртва - на Клиничкиот центар во Скопје почина Маргарита Чепуњоска, сопругата на Владимир кој загина два дена претходно.

Маргарита беше тешко повредена во несреќата што се случи во средата, кога во автомобилот што го управуваше нејзиниот сопруг, удри автомобил возен од Британец, учесник на релито.

Сообраќајката се случи на патот Струга-Ќафасан, кога автомобилот „Порше“, управувано од Британецот Николас Морли, движејќи се со голема брзина директно се судри со голфот на Чепуњоски.

Морли вчера доби мерка притвор од 30 дена од надлежен истражен судија од Судот во Струга. Против него е поднесена кривична пријава за „тешки дела при нарушување на безбедноста во сообраќајот“ и за „неукажување на помош на повредено лице“, затоа што со својот совозач со друго возило од релито се обиделе да побегнат.

Од полицијата, денеска за Макфакс изјавија дека нема да поднесат кривична пријава против британскиот државјанин Метју Мекконвил, сопатникот на Морли./крај/с/ил/б

RSS feed

Преземете ја RSS верзијата на вестите на Макфакс

Што е RSS и како се користи?

Корисници

Весници:

Дневник

Утрински весник

Вест

Премин портал

Коhа

Телевизија:

МТВ

А1

Телма

Радио:

Македонско радио

Равел

Антена 5

Deutsche Welle

Глас на Америка