Претседател
Поранешни претседатели
За Македонија
Кабинет
почеток
Мапа
Линкови English version
Покровителство
Пресс центар
 Документи
Контакт
Виртуелни тури Фото есеи
Пронајди Пребарај
Пренеси на пријател Испрати
[20.09.2005]
Канада

Остварени средби на Претседателот Бранко Црвенковски за време на неговата посета на Канада

Кликнете за подетален приказ

Почитувани,


Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски од 18-ти  овој месец претстојува во Канада.  За време на вчерашниот престој, претседателот Црвенковски остварил средба со  претставниците на  македонско-црковните заедници во Торонто. Средбата се одржала во црквата Св. Климент Охридски која на 15-ти октомври 2005 година ќе прослави 40 години од основањето.
На средбата претседателот истакнал: "Ние како македонци можеме да се гордееме со фактот што македонската заедница во Торонто, Онтарио е извонредно интегрирана, почитувана и со голем углед во Канада". Тој се заблагодарил за средечниот пречек и упатил искрајни честитки по повод одбележувањето на 40-јубилеј од основањето на црквата Св. Климент Охридски.

Во продолжение следи дел од обраќањето на претседателот Црвенковски пред претставниците на македонската заедница:

" На средбите што ги остварив со Премиерот на Онтарио и бизнис заедницата, уште еднаш се уверив во угледот и значењето кое го уживате како и за Вашиот активности преку асоцијациите, здруженијата што го давате во севкупниот развој на Канада. Ве уверувам, јас, како Претседател на Република Македонија, но пред се како Македонец се гордеам со тоа.
 Покажавте дека имате почит во мултикултурна Канада. Ви благодарам што помагате да се подигне и угледот на Република Македонија во Канада преку Вашата работа.
Денес е времето да инвестирате во Македонија и да го следите примерот на останатите инвеститори од другите земји кои го најдоа својот интерес за вложување во Македонија.
Важно е и понатаму да го зајакнувате своето влијание и углед во Канада, преку поддршка на младите луѓе и нивно образување во идни адвокати, доктори, инжинери, како и активно вклучување во политичкиот живот на Канада како би остварувале влијание во институциите на Канада и на тој начин да и помогнете на својата држава. Македонската заедница која живее и работи во Канада може да влијае на поддршката на Канада за влез на Македонија во НАТО.

Претседателот истакна "Македонската заедница во Канада треба да биде обидинета и единствена, да не дозволиме  делби по тоа дали некој во Канада дошол од Егејска или Пиринска Македонија или која од кој крај доаѓа, или која партија поддржува или кое знаме го сака и прифаќа.   "За сите македонци надвор од Македонија треба да постои само една партија, едно знаме, една идеја, а тоа е само Македонија. Ќе работиме заедно за стабилноста и развојот на Македонија. Потребни сме едни на други и само заедно можеме и ќе  направиме многу за нашата татковина".

На вчерашната средба со Премиерот на Онтарио, Далтон Мекгинти,  претседателот Бранко Црвенковски и премиерот се договориле македонски студенти, професори и менаџери да посетуваат факултети за усовршување на образованието, бидејќи како што истакнаа претседателот и премиерот образованието претставува најјак фактор на развој.

 

Канцеларија за односи со јавност
на Претседателот на Република Македонија

Кон Врвот
  © Претседател на Република Македонија, 2004