Македонија

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Vista-password.png

Оваа страница е заштитена од понатамошни измени на анонимни корисници, поради сомнителни придонеси на анонимни корисници кои треба да се дискутираат на страницата за разговор.
За да ги видите претходните верзии, кликнете на врската историја.


Република Македонија
Македонија
Знаме Грб
ХимнаДенес над Македонија
Локација на Македонија (зелено) со Европа (зелено + темно сиво)
Главен град
(и најголем град)
Coat of arms of Skopje.svg Скопје
42°0′N 21°26′E / 42, 21.433
Официјален јазик Македонски1[1]
Демоним Mакедонец
Уредување Парламентарна Република
 -  Претседател Ѓорге Иванов
 -  Премиер Никола Груевски
Независност од Југославија 
 -  Објавена независност 8 септември 1991 
 -  Официјално призната 8 април 1993 
Површина
 -  Вкупна 25.713 km2 (148ма)
9.928 sq mi 
 -  Вода (%) 1,9%
Население
 -  проценка за 2009 г. 2.114.550 (142ра)
 -  Попис 2002 2.022.547 
 -  Густина 82,2/km2 (116та)
Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „."“/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 -  Вкупен $18,831 милијарди[2] 
 -  По жител $9.163[2] 
БДП (номинално) проценка за 2008 г.
 -  Вкупно $9,569 милијарди[2] 
 -  По жител $4,656[2] 
Џини (2004) 29.3 (низок
ИЧР (2007) 0,817 (висок) (72ра)
Валута Македонски денар (MKD)
Часовна зона ЦЕВ (UTC+1)
 -  (ЛСВ) ЦЕЛВ (UTC+2)
Се вози на десно
НИД .mk
Повикувачки бр. 389
1 Албански, турски, српски, ромски и влашки се службени јазици покрај македонскиот во населени места каде се зборуваат над 20 % од населението.

Македонија или официјално Република Македонија е држава сместена во регионот на Вардарска Македонија, во централниот дел на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Земјата е една од следбеничките држави на поранешна Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со СрбијаКосово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континетална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2,000 метри.

Македонија е суверена[3], самостојна[4][5], демократска[6][7] и социјална држава[8][9]. Главен град на државата е Скопје со население од 506,926 граѓани според пописот од 2004 година. Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Охрид, Велес, Штип, Кочани, Гостивар и Струмица. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители, од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е македонскиот јазик, додека официјална валута е македонскиот денар.

Во 1993 година стана членка на Обединетите Нации, но поради спорот со името кој го води со Република Грција, примена е под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Македонија е членка и на советот на Европа. Од декември 2005 година исто така е и кандидат за приклучување кон Европската Унија и има аплицирано за приклучување кон НАТО.

Содржина

Историја

Античка Македонија

Античкиот град Хераклеа, основан од Филип II Македонски
Ѕвездата од Кутлеш, симбол на античките Македонци и Античка Македонија

Иако Република Македонија се здобила со независност во 1991 година, археолошките докази покажуваат дека на просторот на Македонија постоела цивилизација уште од периодот меѓу 7000 п.н.е. и 3500 п.н.е.[се бара извор] Античките Македонци веројатно биле првите што развиле државна организација на овие простори[се бара извор]. Првпат Македонското Царство се јавува во периодот на IX век п.н.е. и за први македонски цареви се сметаат Каран (се смета за митски предок на Аргеадите) и Пердика I (прв историски крал на Античка Македонија).

Приближно од V век п.н.е. Македонија станува значаен политичко - економски чинител во поширокиот регион, а нејзината главна надворешно-политичка дејност била сосредоточена кон односите со Грчките градови-држави, при што често била сојузник со други држави (како на пр. Персија) против Грците, или пак заземала страна во некои од меѓусебните спорови на градовите, настојувајќи на тој начин да го уништи нивното единство и да ги ослаби. Филип II Македонски (359-336 п.н.е.), по покорувањето на Илирите и Тракијците, ќе успее да ја освои цела Грција. Неговиот син, Александар Македонски (356-323 п.н.е.) е една од најзначајните личности во светската историја. Тој најпрвин ќе го скрши внатрешниот отпор во проширеното Македонско Царство, а подоцна во походот против Персија, ќе ја уништи огромната Персиска Империја и ќе ја прошири македонската држава на три континенти, протегајќи се помеѓу Европа, Египет и Индија.

По неговата смрт, оваа огромна империја се распаднала на три дела, поради несогласувањато на неговите генерали околу тоа кој ќе му биде наследник. Освојувањата на Александар Македонски имаат суштествено значење за започнувањето на Хеленистичкиот период во светската историја.

Продорот на Римската Империја на исток ќе доведе до трите Македонски Војни (215 п.н.е.-168 п.н.е. со повеќегодишни прекини меѓу војните) во која Македонското Царство целосно ќе потпадне под римска власт, а последниот македонски цар Персеј ќе биде одведен како роб во Рим. По поделбата на Римската Империја во 395 г. од н.е. на Источно и Западно Римско царство, Македонија станува дел од Источното Римско царство.

Појавата на Словените

Во VI и VII век на Балканот и во Македонија се доселуваат Словените, достигнувајќи јужно до Тесалија, па дури и до Пелопонез. Тие се измешале со затекнатото месно население, во најголема мера Антички Македонци, потоа Грци, Илири и Траки. На македонската територија, која тогаш се наоѓала под византиска јурисдикција, Македонските Словени биле организирани во полудржавни формации - македонските Склавинии. Склавиниите преземале повеќе напади против Византија и утврдените византиски градови.

Во 837 година Македонија почнува да потпаѓа под власта на бугарската држава, при што до средината на 9 век поголемиот дел од Македонија потпаднал под бугарска власт, а другиот бил вклучен во рамките на Византија. Во 9 век, исто така, започнува и црковно-просветната дејност на солуњаните Кирил и Методиј, која се состоела од повеќе мисии за покрстување на Словените, но и во поставување на основите на словенската писменост, која започнува со создавањето на словенската азбука - глаголицата, во 855 година. Нивните ученици, Климент и Наум, ќе ја продолжат нивната дејност и кон крајот на 9 век, ќе ја создадат Охридската книжевна школа и Преславската книжевна школа, со што Охрид набрзо прераснува во еден од најразвиените црковно-просветни и културни средишта на Балканот, лулка на словенската писменост.

Zlatnosonce.png

Дел од серијалот за Македонија
Историја на Македонија

Праисториска Македонија

Неолит ·Метално време

Античка Македонија

Филип II Македонски
Александар III Македонски
Хеленистичка култура
Македонија во Римската Империја

Средновековна Македонија

Македонски Словени
Македонска Славинија
Самоилово царство
Османлиска Македонија
Карпошово востание
Разловечко востание
Кресненско (Македонско) востание
ВМОРО
Илинденско востание

Современа Македонија

Народно-ослободителната борба
АСНОМ
Социјалистичка Република Македонија
Република Македонија
Воен конфликт, 2001

Портал:Република Македонија
 п  р  у 

Во 10 век Македонија ќе ја зафати богомилското движење и учење, за првпат создадена во велешко-прилепската област, како одглас на потчинувачкиот феудален црковно-економски систем. Тоа набрзо ќе се прошири не само во Македонија, туку и низ цела Европа.

Со востанијата во Македонија во втората половина на 10 век, во 969 година против бугарската и во 976 година против византиската власт била создадена македонската средновековна феудална држава,позната уште и како Самуиловото царство). Македонската средновековна феудална држава постоела се до 1018 година, кога била покорена од византиските војски. Во 13 и 14 век византиската власт врз Македонија била прекинувана со периоди на српско и бугарско владеење.

До крајот на 14 век Македонија целосно била покорена од Османлиите, со што нејзиниот економски и општествен систем бил разорен, а исто така, бил забавен и нејзиниот натамошен општествен и културен развој. Во 1767 султанот ја укинал Охридската Архиепископија.

Освестување и обединување на македонската нација во 19 век

Зацврстување на народниот јазик

Архитектурата во градот Охрид.

Од 14 век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори. Во старословенската основа на писмениот јазик.

Во времето на Отоманската империја писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат се повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба.

Во 16 век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во 17 век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Национално будење

За време на Османското владеење положбата на Македонците и создавањето на македонска држава биле многу тешки. Неколку движења, чии цели се создавање на автономна Македонија, која го покрива целиот регион на Македонија, започнале да се појавуваат кон крајот на 1800 - најстарата од нив е Македонската Револуционерна Организација. Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), а по Втората светска војна организацијата е поделени на Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) и Внатрешна Тракиска Револуционерна Организација (ВТРО). Во почетокот организацијата не бирала националности туку била отворена за "... обединување на сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без оглед на нивната националност ...". Поголемиот дел од членовите сепак биле Македонци. Во 1903 година ВМРО организира Илинденското востание против Османлиите, кои по некои првични успеси, вклучувајќи и формирање на Крушевската Република, било задушено со големи човечки загуби. Востанието и формирањето на Крушевската Република подоцна многу ќе влијаат кон создавањето на денешната Република.

Македонија во 20 век

Независност

Административна поделба

Општините во Македонија.

Општините на Македонија се административни единици од прв ред. Во август 2004, Република Македонија е реорганизирана на 84 општини; 10 од нив се Град Скопје, посебна единица на локална самоуправа и главен град на државата.

Речиси сите општини се непроменети или само претопени од претходните 123 општини формирани во септември 1996; другите биле припоени една кон друга и границите им се променети. Пред ова, локалната управа била организирана во 34 административни единици на различни нивоа.

По број на население, најголема општина во Република Македонија е Општина Куманово со 105 484 жители, а најмала Општина Вранештица со 1 322 жители.

Географија

Топографска мапа на Македонија.
Планина Кораб
Планина Јабланица

Местоположба

Република Македонија има површина од 25.713 km² и нема излез на море. Република Македонија на исток граничи со Република Бугарија, на север со Република Србија, на запад со Република Албанија и на југ со Република Грција. Должината на државните граници изнесува вкупно 766 km, и тоа:

Значењето на географската положба на Република Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.

Релјеф

Релјефот е претежно ридско-планински (75%).

Највисоките 10 планини со своите највисоки врвови се:

Име Висина (m)
1 Кораб 2,764
2 Шар Планина 2,747
3 Баба Планина 2,601
4 Јакупица 2,540
5 Ниџе 2,521
6 Дешат 2,373
7 Галичица 2,288
8 Стогово 2,273
9 Јабланица 2,257
10 Осоговски Планини 2,251
11 Бистра 2,163
12 Плачковица 1,754

Најдолга река е Вардар со 388 km (од кои во 301 km во Република Македонија) и во најголем дел тече низ централниот дел на државата. Нејзиниот слив зафаќа најголем дел од површината на државата и е дел од егејското сливно подрачје. Мал дел од територијата е дел од јадранското сливно подрачје каде се влива реката Дрим (Црни Дрим во Република Македонија) со неговите притоки, а во црноморското сливно подрачје реката Биначка Морава.

Најголема котлина е Пелагонија на која се одгледуваат многу култури специфични за ова климатско подрачје како на пример тутунот кој најмногу се одгледува во околината на Прилеп.

На јужната граница на Република Македонија лежат три големи природни езера:

  • Охридско Езеро кое е поделено меѓу Република Македонија (2/3) и Република Албанија (1/3)
  • Преспанско Езеро кое е поделено меѓу Република Македонија, Република Албанија и Република Грција
  • Дојранско Езеро кое е поделено меѓу Република Македонија и Република Грција

Територијата на Република Македонија се наоѓа на сеизмички активно подрачје.

Демографија

Етничко знаме на македонците

Дел од серијалот на статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт
· Архитектура

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Распространетост
Албанија · Бугарија
Грција · Србија
Македонска дијаспора

Тематски
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

п  р  у


Според пописот од 2004 вкупното попишано население во Република Македонија изнесува 2.071.210 жители од кои:

Етнички состав
Македонци
  
64.18%
Албанци
  
25,17%
Турци
  
3.85%
Роми
  
2.66%
Срби
  
1.78%
Бошњаци
  
0.84%
Власи
  
0.48%
други
  
1.04%



Бројот на домаќинствата изнесува 564.296, а на становите 698.143. Во вкупното население од 2.022.547 лица, населението на возраст до 19 години брои 591.702 лица, додека со 60 и повеќе години има 303.534 лица. Лицата на возраст од над 65 години опфаќаат 10,57 % во вкупното население, додека младата популација од 0 до 14 години е застапена со 21,08 проценти.

Поголеми градови

Најголемите градови во Македонија
Ранг Град Општина Население Грб
п  р  у

Скопје
Скопје
Битола
Битола
Куманово
Куманово

Ранг Град Општина Население Грб
1 Скопје Град Скопје 444,000 Coat of arms of Skopje.svg 7 Велес Општина Велес 48,000 Grb Veles.png
2 Битола Општина Битола 80,000 Bitola-coat-of-arms.svg 8 Гостивар Општина Гостивар 46,000 Gostivarski grb.png
3 Куманово Општина Куманово 71,000 MMCA(Kumanovo).png 9 Штип Општина Штип 42,000 CoA Shtip MK.png
4 Прилеп Општина Прилеп 68,000 MMCA(Prilep).png 10 Струмица Општина Струмица 40,000 Grb na Strumica.JPG
5 Тетово Општина Тетово 60,000 Tetovo-grb.jpg 11 Кочани Општина Кочани 27,000 KochaniCoat.png
6 Охрид Општина Охрид 51,000 Coat of Arms of Ohrid.png 12 Радовиш Општина Радовиш 16,223 CoA Radovis.jpg

Економија

Македонски Боинг 737
Стопанска банка Битола

Република Македонија по стекнувањето на својата независност од СФРЈ излегува како нејзина најсиромашна република. Економијата уште повеќе тонела во деведесетите поради бројни фактори: распадот на заедничкиот пазар, војните во поранешна Југославија, грчката блокада, санкциите спрема СР Југославија и многу други. Кон крајот на деведесетите економијата пополека почнува да забележува раст, но тоа повторно се прекинува со војната во Косово од 1999 и домашниот етнички конфликт од 2001. Денеска економијата повторно пополека бележи закрепнување. Но Република Македонија сѐ уште го нема достигнато ни нивото од од осамостојувањето 1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато во 1987)

Економијата е пост-транзициска, со голем број сѐ уште нерешени транзициски проблеми. Невработеноста е најголем проблем, 38% (2005). Корупцијата е системска појава. Неефикасното судство исто така негативно се одразува врз економијата. Нивото на домашни и странски инвестиции е ниско.Пазарното стопанство го нарушуваат неколку монополи. Сивата економија е широко распространета и има проценки дека претставува и до 20% од економската активност. Од друга страна макроекономските показатели веќе долго време се добри. Исто така Македонија е релативно малку задолжена земја. Државата располага средно кфалификувана но евтин а работна сила. Инфраструктурата е во релативно добра состојба, но сепак требаат инвестиции во оваа област (пред се во транспортно-комуникациско поврзување исток-запад). Република македонија е член на Светската трговска организација и има отворена економија, високоинтегрирана во меѓународната трговска размена (вкупната размена со странство во 2005 изнесуваше 79,5%).

Денеска конечно економските перспективи на државата изгледаат поповолно. Некои од проблемите се надминати, а некој се во фаза на надминување. Ова особено поради реформите кои се прават со цел за приближување кон ЕУ. Исто така позитивно влијание се очекува и од самиот кандидатски статус за членство во ЕУ. Во секој случај Република Македонија мора да остварува континуиран и брз пораст на економијата ако сака во догледно време да се приближи до европскиот просек.

-Земјоделство 11.4%
-Индустрија 27.2%
-Услуги 61.4%
Приходи - 2.508 милијарди $
Расходи - 2.487 милијарди $
Дефицит - 2,6% (2006)


Стопанство

Енергија

  • Електрична енергија-производство: 5.935 милијарди кWh (2006 година)
  • Електрична енергија-производство по ресурси:
    • фосилно гориво: 80,7%
    • водни: 18,3%
    • друг вид: 1% (2006 година)
  • Електрична енергија-потрошувачка: 8.929 милијарда кWh (2006 година)
  • Бензин-потрошувачка: 23,000 bbl/ден (2006 година)

Енергетски сектор

  • Република Македонија има потенцијал за самостојно снабдување со електрична енергија.
  • Околу 80% од потребната енергија се обезбедува со домашно производство, од термоцентралите и хидроелектричните централи.
  • Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е самостојно јавно претпријатие одговорно за производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
  • ЕСМ е во фаза на реструктуирање и пред приватизација.
  • Вкупните производни капацитети на ЕСМ (Електростопанство на Македонија) се состојат од околу 1500 mW од кои околу 1/3 се лоцирани во хидроцентралите, било да се тоа големи или мали централи, додека останатите 2/3 од капацитетите се во термоцентралите.
  • РЕК Битола со своите 3 ч 225 mW претставува најголем и високо концентриран извор на електрична енергија во државата.
  • Главната преносна мрежа се состои од 400 kV, 220 kV и 110 kV водови низ целата земја.
  • Дистрибуцијата на енергијата се остварува преку 28 засебни целини (подружници), од кои "Електродистрибуција Скопје" има доминантно место со речиси 33% од целокупната потрошувачка на електрична енергија во Македонија.
  • Исто така, важно е да се напомене дека ЕСМ има околу 650.000 корисници.
  • Нафтоводот помеѓу Скопје и Солун е веќе изграден, а гасоводот за пренесување на рускиот природен гас од бугарската граница до Скопје е во изградба.

Реализацијата на проектот за изградба на термоелектрични централи за гас со комбиниран циклус на ко-производство на електрична енергија и енергија за затоплување во Скопје е во тек.

Инфраструктура

Северна скопска обиколница Е65 / М-4

Сообраќај

Патен сообраќај

Моменталната вкупна должина на патната мрежа во Македонија изнесува 10.600 km:

  • 6.830 km или 64,5% од неа се локални патишта
  • 2.820 km или 26,5% се регионлни патишта, а
  • 950 km или 9% се автопати.

Должината на модерните патишта е 5.100 km.

Најзначаен автопат е меѓународниот автопат E-75. Започнува во Остенд - Белгија, поминува преку Брисел - Нирнберг, Виена - Будимпешта - Белград - Солун до Атина во Грција. Вкупната должина во Македонија изнесува 201 km. Поминува низ централниот дел на земјата, по должината на реката Вардар, и претставува главна артерија на патната мрежа на земјата.

Железнички сообраќај

  • Должината на постоечките железнички линии е 920 km, со 168 железнички станици.
  • Со соседите е поврзана по железнички пат со Грција и Србија, додека пак во тек е изградба на пруга кон Бугарија од 1999.

Железничкиот сообраќај во Македонија е во целосна надлежност на Македонски Железници

Аеродромот „Александар Велики“

Воздушен сообраќај

Телекомуникации

- Dial-up пристап преку PSTN со брзина од 56кb/s
- Пристап преку ISDN мрежа со 64 kb/s или 128kb/s
- Пристап преку pre-paid картичка
- Пристап преку изнајмени линии
- Broadband пристап преку АДСЛ и кабелски интернет

Македонија е татковина на најмалиот 8 годишен професионалец за информатичка технологија. Марко Чаласан, според светките медиуми, е голем генијалец и феномен кој на својата 8 годишна возраст се здобил со врвни сертификати од Мајкрософт.[10]

Политика

Приказ на образовниот систем во Македонија

Односи со ЕУ

Република Македонија во моментов има Статус на Кандидат за земја членка на Европската Унија. Хронологијата на односите помеѓу Македонија и ЕУ, датира уште од 1992 година кога првиот претставник на Република Македонија е назначен во Брисел. Во моментов Република Македонија исчекува да отпочне преговори за полноправно членство во ЕУ.

Евро-атлански асоцијации

Исто така Република Македонија е кандидат за влез во НАТО и се очекува поканата да се добие на следниот НАТО самит во Букурешт во 2008 година

Спор за уставното име на Република Македонија

Поради притисоци на Република Грција (политички, економски, културни, ...), државата е примена во Обединетите Нации под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) [1], иако е признаена под нејзиното уставно име од 127[11] земји меѓу кои и постојаните членки на Советот за безбедност: Соединетите Американски Држави[12], Кина[13], Русија[14], Обединетото Кралство[15]; членките на ЕУ: Шведска[16], Австрија[17], Ирска[18], Романија[19], Полска[20], Унгарија[21] и Бугарија[22]; сите поранешни југословенски републики[22]: Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Словенија; други земји што ја признаваат Македонија под уставното име се Турција[23], Индија[24], Канада[25], Индонезија[26], Аргентина[27], Израел[28], Бразил[27], Иран[29], Саудиска Арабија [30], Украина [31] итн.

Галерија

Видете исто така

Референци

  1. Законот за јазиците изгласан во Парламентот“, macedoniaonline.eu, 2008-07-26. Пристапено на 2008-07-27. “Користејќи ги Бадентеровите принципи, Парламентот го изгласа законот за употреба на јазиците кој ги засега сите етнички групи во Македонија. Законот не дозволува употреба на албанскиот или било кој малцински јазик како втор официјален јазик на територијата на Македонија.”
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Report for Selected Countries and Subjects“. Меѓународен Монетарен Фонд. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=962&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=38&pr.y=10. Пребарано на 2009-10-01. 
  3. mfa.gov.mk
  4. НБРМ
  5. eubusiness.com
  6. mfa.gov.mk
  7. CIA - The World Factbook
  8. НБРМ
  9. Устав на Република Македонија
  10. http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/macedonia/4275150/Boy-8-becomes-youngest-IT-professional.html
  11. Министерство за надворешни работи на Република Македонија 'Фактот што 127 земји во светот ја признаа Република Македонија под уставното име е јасен сигнал за разбирањето кое постои во светски рамки за проблемот со кој се соочуваме.'
  12. А1 Телевизија 'САД ја призна Македонија под уставно име'
  13. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Во соопштението се наведува дека на средбата, во врска со спорот за името, високиот гостин ја повтори позицијата на Народна Република Кина, истакнувајќи дека неговата земја ја призна Република Македонија под уставното име и притоа изрази уверување дека овој спор брзо ќе биде надминат.'
  14. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Руската Федерација ја призна Република Македонија под уставното име на 4 август 1992 година, а дипломатските односи меѓу двете земји на ниво на амбасади беа воспоставени на 31 јануари 1994 година.'
  15. Влада на Република Македонија 'Повеќе од 100 земји, меѓу кои и САД, Русија, Кина, Велика Британија и Канада, го признаваат уставното име на Македонија. Грција заедно со Франција и Германија ја предводи помалата група држави кои и се обраќаат на земјата со привремената референца.'
  16. IDIVIDI 'Шведска ја признава Македонија под уставното име и посакува што побрзо нејзино приклучување кон ЕУ и НАТО'
  17. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 'Премиерот Груевски изрази задоволство од меѓусебните добри политички односи помеѓу двете земји и искажа подготвеност за нивно натамошно интензивирање во сите области, а воедно беше искажано и задоволство што Република Австрија во билатералните односи го користи уставното име на Република Македонија.'
  18. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 'Од Ирска, која го признава уставното име на Република Македонија, има поддршка за добивање датум за преговори во 2010 година.'
  19. А1 Телевизија 'Оваа изјава на романскиот Претседател зачудува со оглед на фактот дека официјален Букурешт ја признава Македонија под нејзиното уставно име, ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија, а двете православни цркви имаат блиски односи.'
  20. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Полска и дава отворена поддршка на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО, го признава нејзиното уставно име и смета дека е нефер да и се поставуваат посебни специјални услови...'
  21. IDIVIDI 'Претседателот на Унгарскиот парламент Каталин Сали потсетувајки дека Унгарија ја признава Македонија под нејзиното уставно име...'
  22. 22,0 22,1 Southeast European Times 'И покрај тоа што меѓународните организации, вклучително и ЕУ и НАТО, го следат овој принцип, 117 земји во светот ја признаа оваа балканска нација под нејзиното уставно име. Помеѓу нив се: Бугарија, првата земја што ја призна Македонија како независна држава, сите поранешни југословенски републики, како и постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Кина, Русија и САД.'
  23. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Токму поради тоа Анкара меѓу првите ја призна Македонија под уставното име и натаму ќе ја признава.'
  24. Deutsche Welle 'Индија го призна уставното име на Република Македонија и од почетокот на овој месец го користи во билатералната комуникација.'
  25. А1 Телевизија 'По дипломатската операција, во која биле вклучени претставници на МНР, претставници на македонската дијаспора и членови на канадската Влада, вчера официјална Отава ја објави одлуката за признавање на уставното име во билатерална комуникација.'
  26. Дневник 'Индонезија е нова на листата со земјите што во директната комуникација на Република Македонија и' се обраќаат со уставното име.'
  27. 27,0 27,1 Грчка Амбасада - САД 'Among the countries which have recognized FYROM as the "Republic of Macedonia," are Belarus, Bulgaria, China, Turkey, U.S.A. North Korea, Cuba, Mexico, Argentina, Brazil, Nigeria, and Sudan.'
  28. Дневник 'Дали размислувате за признавање на уставното име на Македонија? - Ние веќе сме го направиле тоа. Секоја билатерална спогодба, па и моите акредитиви беа со уставното име на Македонија.'
  29. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Притоа цпосебно го цени принципиелниот став на Исламската Република Иран за употребата на уставното име на нашата земја.'
  30. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Би сакал да ја искористам оваа прилика и да изразам благодарност за поддршката што Саудиска Арабија ја дава во континуитет на меѓународен план за користењето на уставното име на нашата држава.'
  31. Македонска Информативна Агенција-МИА 'Македонија ужива постојана и принципиелна поддршка за уставното име од Украина...'

Надворешни врски

Најдете повеќе за Македонија на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-Snorky.svg Вики универзитет

Влада

Историја

Туризам


Меѓународни организации


Дестинации од МАКЕДОНИЈА
Знаме на Косово Косово Знаме на Косово Косово Flag of Serbia (bordered).svg Србија
 
Бугарија Бугарија
Албанија Албанија
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
Бугарија Бугарија
Албанија Албанија Грција Грција
 
Грција Грција
Други јазици