Doma Фон
  Вести Спорт Емисии ТВ програма Контакти Мапа    
   Серии
   Филмови
   Забава
   Деца
   Македонски идол
   Рано Ден...
   На рапорт со Јофе
   Фарма
   Милионер
   Се за љубов
   Филмски џубокс
   Фаци
   Бебе Магазин
   Момент на вистината
   Високи Октани
   Тркало на среќата
   Опуштено
   Браво Шоу
Vestite na A1 vo Real Video format

 

 Дома > Емисии > Милионер

 

Милионер - квиз

Милионер

Оваа сезона, А1 Телевизија се потруди во соработка со лиценциерот на квизот да ви обезбеди уште една можност повеќе за да со Вашето вистинско знаење полесно ги освоите 4-те милиони денари.

Покрај трите досегашни „џокери“, на располагање Ви е и нов џокер, т.н. „смени го прашањето“. Овој џокер ви е на располагање дури по освојување на првата загарантирана сума во квизот, значи по петтото прашање.

Кога ќе се решите да го употребите, тогаш, согласно правилата на приредувачот на лиценцираната франшиза која се емитува во 102 земји во светот, мора да одберете од кој од останатите џокери кои ви стојат на располагање ќе се откажете.

Имено, доколку на натпреварувачот не му се допаѓа прашањето од нему познати причини, тогаш истото може да го замени со ново прашање со иста тежина, но можеби, зависно од среќата, не и од истата област.

Откако натпреварувачот ќе се изјасни дека сака да го замени прашањето како „конечен“ избор, тогаш, пред замената на прашањето за да продолжи играта, водителот го прашува како сепак би одговорил на прашањето кога веќе не постои опасност да ја изгуби поради ова до тогаш освоената сума.

Откако натпреварувачот ќе одговори, без оглед на точноста на одговорот, играта продолжува понатаму со ново прашање под ист реден број.

Оваа можност секако дозволува и најрентабилно користење на расположливите видови помош, бидејќи натпреварувачот на жешкото столче најдобро знае дали има пријател кој е стручен за областа од која е прашањето или дали смета дека на истото може да одговори публиката, па соодветно еден од овие џокери да го замени со новиот, т.н. „промена на прашањето“.

И оваа, трета по ред сезона е во комплетна продукција и постпродукција на тимот на А1 Телевизија. Водител на квизот е повторно ненадминливиот Сашко Мацановски Трендо, а на располагање ви нудиме 60 незаборавни часови на забава и учење низ игра.

Пријавете се на телефон 141-577, цена на повик 59 ден. со вклучен ДДВ

 


Водител: Сашко Мацановски - Трендо

Сите забелешки и коментари пратете ги на:
milioner@a1.com.mk

   

Дома | Вести | Спорт | Емисии | ТВ програма | Контакти | Мапа


(C) А1 Телевизија

За сите технички прашања во врска со овој сајт контактирајте со webmaster@a1.com.mk