9 ноември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
<< ноември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

9 ноември е 313-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (314-и во престапна година). Остануваат 52 денови до крајот на годината.

Настани:

1494  Семејството Медичи станале владетели на Фиренца.
1799  Во Франција се случува државниот преврат на 18 бример предводен од Наполеон Бонапарта.
1918  Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм Втори абдицирал. Тоа бил крајот на Германското царство и почеток на републиката. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт.
1921  Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
1938  Кристална ноќ во Нацистичка Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите.
1944  НОВ: Ослободен е Велес.
1971  Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации.
1985  Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
1989  Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница спрема Сојузна Република Германија (Западна) - „падна“ Берлинскиот ѕид.
1993  На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1993  Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 год.

Родени:

1389  Изабела Валоа, сопруга на Ричард II.
1818  Иван Тургењев, руски писател († 1883.)
1841  Едвард VII, крал на Обединетото Кралство.
1855  Александрос Зајмис, грчки премиер.
1888  Жан Моне, француски политичар.
1902  Митрофан Неделин, советски генерал.
1929  Имре Кертес, унгарски писател.
1932  Јордан Костадинов, прв претседател на ОМО Илинден.
1934  Карл Саган, американски астроном († 1996.)
1945  Валериј Сердјуков, гувернер на Ленинградската област.
1950  Алдо Климан, собирач на македонски и хрватски старини.
1972  Ерик Дејн, американски актер.
1974  Алесандро дел Пјеро, италијански фудбалер.

Починале:

959  Константин VII Порфирогенит, византиски император.
1923  Димитар Ацев, македонски комунист.
1970  Шарл де Гол, француски генерал и државник.
1972  Елисие Поповски, делегат на Првото заседание на АСНОМ.
1918  Гијом Аполинер, француско-италијански писател.
1991  Ив Монтан, француски актер.
1992  Александар Дубчек, словачки политичар.


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици