6 април

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

6 април е 96-иот ден во годината според григоријанскиот календар (97-и во престапна година). Остануваат 269 денови до крајот на годината.

Настани:

885  Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј.
1814  Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу до Италија.
1896  Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.
1909  Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.
1917  САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија.
1941  Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
1991  Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
1994  Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.

Родени:

1483  Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството († 1520.).
1890  Антони Фокер, холандски дизајнер на авиони († 1939.).
1927  Гери Мулиган, американски џез музичар († 1996.).
1965  Стефан Петерхансел, француски моторциклист и автомобилист.

Починале:

885  Свети Методиј, заедно со брат му Кирил основоположник на сесловенската писменост (р. ~815)
1199  Ричард Лавовско Срце, Крал на Англија (р. 1157)
1520  Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството (р. 1483)
1528  Албрехт Дирер, германски сликар и гравер (р. 1471)
1732  Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ (р. 1664)
1887  Иван Крамској, руски сликар.
1971  Игор Стравински, руски композитор (р. 1882)
1992  Исак Асимов, американски писател од руско потекло (р. 1920)
2000  Хабиб Бургиба, основачот на современ Тунис (р. 1903)
2005  Рение III, Принцот од Монако (р. 1923)


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Лични алатки
Именски простори
Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици