Четврток, 26 Јануари 2012   CHAT СОНОВНИК РЕЗУЛТАТИ ТВ ПРОГРАМА  
ВЕСТИ СПОРТ ЖИВОТ ШОУ БИЗНИС ТЕХНОЛОГИЈА ЗАНИМЛИВОСТИ АВТОМОБИЛИ ЗАБАВА ЕРОТИКА ФОТО ВИДЕО
 
Интервју Шоу Бизнис
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Викторија Лоба: Од 'машкуданка' станав егзотична дама
 
05.08.2011 | 17:08
Извор: Точка
Прочитано: 19633 пати
Испрати на пријател
Сподели на Facebook
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот
 
Уникатен глас кој никако нема да Ве остави рамнодушни, русокоса девојка која плени со својот талент и изглед. Викторија Лоба е младата дама која признава како од машкуданка станала нежна и егзотична девојка.
 
Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро Бар - Барбакан


--

Животниот пат, успесите на музички план и нејзините почетоци на оваа натурализирана македонка со руско потекло ги дознавате од ова интервју на Лоба, само за ТОЧКА.

Лоба, потекнуваш од Русија, но живееш во Македонија. Колку ти недостига твоето родно место, градот Таганрог?

Па ми недостига. Но често одам таму, да ги посетам моите најблиски, така што не е толку страшно. И тука и таму сум. Но Таганрог ми е место каде што ги полнам батериите. Некој сака да оди на планина, на море, некаде подалеку да се релаксира. Е јас одам во куќата во Русија, таму има и море и таму се опуштам.Сакам да си седам таму, да си читам книга, да си го изметам и средам дворот. Таму имам многу малку пријатели за разлика од овде.

Зошто одлучи да градиш музичка кариера овде, а не во Русија?

Јас не одлучив ништо, тоа само по себе си дојде. Мајка ми овде работеше, во руска фирма, се преселивме во Македонија многу одамна и некако така се врзаа работите, па останавме тука. Јас случајно се пријавив на детска Евровизија, па така некако тргнаа работите, постепено и непланирано.

Ти си природно русокоса, имаш сини очи, снежно бел тен. Го сметаш ли твојот надворешен изглед како привилегија и чекор плус кон што поголем успех?

Мислам дека мојот изглед е мојот заштитен знак. Сепак генот си го направил своето. Но со ваков изгледа јас сум интересна за публиката, затоа што на некој начин изгледам поразлично и егзотично, а сепак сум од друга држава, а градам кариера овде. Имам долга коса и секогаш ја шишам скоро исто, но некогаш ми доаѓа да ја скратам посебно во овие долги, жешки и летни денови. Но сепак косата ми е заштитен знак, по тоа ме препознаваат луѓето и не планирам да ја сменам фризурата сега.



Одлично зборуваш и руски и македонски. Но кој јазик ти лежи подобро?

Морам да признаам дека рускиот јазик е малку попевлив затоа што има повеќе самогласки од македонскиот, но и двата јазика си ги сакам и си ги сметам за мајчини.

Кариерата ти оди по нагорна линија, најновот од тебе е синглот Слобода, но и двата видеозаписи за таа песна. Каква слобода има лоба во музиката и кариерата?

Слобода имам, сама одлучувам што сакам, сама си одлучувам за песните, сама одлучувам со кои автори ќе работам, сама одлучувам со кого да се дружам и што да правам на музички план. Тоа е мојата слобода, јас многу си ја сакам и затоа текстот за слобода го напишав сама. Црпев инспирација од мојот живот.

Како ја започна музичката кариера после твојот настап на детската Евровизија?

После детската Евровизија јас сакав да се вратам во Русија, во Москва и да се запишам во воено средно училиште. Бев така, малку помашкуданка да речам, но мајка ми ме убеди да одам во музичко школо. И таму сакав да учам за удирачки инструменти, да свирам на тапани, но и на тоа мајка ми ми кажа не. Таа е главниот виновник што сега студирам соло пеење. Имам професорка, македонка, која учела и живеела некој одреден период во Русија и таа ми беше главна професорка по соло пеење.

Сега засега одлино ти оди и со живите настапи низ цела Македонија. Наспатуваше со Тумбао Салса Бенд, а сега настапуваш сама, па што се може да се слушне на твојот репертоар?

Јас сум сестрана, ги почитувам сите видови на музика. Слушам многу музика, со Тумбао Салса Бенд свиревме џез, кубанска, бразилска, шпанска музика и морам да кажам дека таа музика ме исполнува најмногу. Тие песни ми се многу позитивни, среќни и убави. Го носат сонцето со себе. Со дј Бабура и дј Бранчез направивме еден проект наречен I Love House music, каде што јас ги пеам тие хаус песни. И тоа е навистина многу прифатливо за публиката низ цела Македонија. На мојот репертоар може да се слушне се, латино, ретро, поп-рок, но претежно актуелните хаус песни ми се приоритет на настапите.



Може ли да се живее убаво од живите свирки и настапи кај нас?

Јас не можам да се пожалам, имам доволно работа, понекогаш дури имам премногу свирки и понуди за настапи, па многу луѓе и одбивам. Жал ми е, но ќе има време да поминам на сите места каде што добивам покани. Да можев да се поделам на две Лоби ќе бев насекаде, но тоа е невозможно. Гледам да биде умерено да не се преморувам и јас затоа што човек се заситува. Јас не сакам да се заситам од музиката за да ја чувствувам како работа. Сакам да ја чувствувам како задоволство, и да пеам со мерак.

Не си скандалозна и таблоидна личност, немало за тебе некои афери и трачеви. Си имала и успешни, но и неуспешни врски. Каков е твојот статус сега?

Одговорот на ова прешење нека остане мистерија. Не сакам ништо да кријам, нити да се фалам, само можам да кажам сум сакана, и сакам. И без разлика дали љубовта кон мајка, партнер, пријатели, кучето, работата, јас сум секогаш исполнета со тоа позитивно чувство.

И за крај, еден совет и поздрав за сите читатели на најчитаниот веб портал кај нас, ТОЧКА?

Ги поздравувам сите, бидете ми среќни и уживајте во малите нешта во животот.

































Најновo од Шоу Бизнис
Оваа вест е прочитана 12368 пати
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Иван Раденов: Нема ни А од ветените спотови и албум
Иван Раденов е првиот македонски Идол кој по завршувањето на тоа музичко шоу ништо не добил од ветеното и сега сам си се грижи за својата музичка кариера која оди по нагорна линија. Во врска е со Билјана, една од учесничките на Идолот. За љубовниот живот, кариерата и музиката читајте во ова интервју на Иван, само за ТОЧКА.
Оваа вест е прочитана 3857 пати
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Диран Тавитјан: Кога се роди Гаро, се откажав од тапаните
Клавирот е неговата љубов. Иако е школован тапанар, сепак со клавирот се снаоѓа најдобро. Додека неговиот брат Гаро јуниор е најдобар тапанар на Балканов, Диран може да се каже дека е извнореден во она што го свири, аранжира и работи. За новиот албум, за соработката со познатите, читате во ова интервју за ТОЧКА.
Оваа вест е прочитана 13982 пати
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Мина: Во Дај Побрзај нон-стоп го тепав Марко
Јасмина Атанасовска- Мина е онаа која секојдневно ги забавува и едуцира децата како водителка на детската емисија Пет Плус што се емитува на ТВ Телма.
Оваа вест е прочитана 7829 пати
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Џулиани: Ако се соблечат пејачките не значи дека ќе имаат убав спот
Неговите спотови се вртат по телевизиите, делата се очигледни на режисерот чие уметничко име е Џулиани. Свој, опуштен и непосреден, тој ќе каже дека спотовите за него треба да имаат душа, убаво сценарио и добра песна.
Оваа вест е прочитана 13286 пати
ТОЧКА ИНТЕРВЈУ
Ана Стојановска: Цеца и Брена напаѓаат во Скопје
Насмеана, убава и позитивна. Ана Стојановска е девојката која е препознатливо ТВ лице и водителка, но по професија графички дизајнер.
 
 
Актуелно најчитани | најпраќани
Трикови за орален секс кои вашиот драг долго ќе ги памети!   Оваа вест е прочитана 6924 пати
Пет изненадувачки причини зошто сексот е добар за здравјето
5 големи заблуди за љубовта и сексот
Уште не ја пронајдовте Г - точката?
4 чекори до совршени нокти
 
Видео
Ситуација каква може да се види само на автопат во Индија
Оваа видео е гледано 1824 пати   ЗАБАВА
Најдобра позиција за седење: На глава!
Оваа видео е гледано 2426 пати   ЗАБАВА
Свештеник наместо со крст осветувал со микрофон!
 
 
Временска прогноза
0°C
-9°C - -3°C

-12°C - -1°C
 
 
 
Не пропуштајте
ФОТО: Катарина Ивановска потпиша за Викторија Сикрет!
ВИДЕО: Црниот Пантер и на 42 години заведува, ма погледнете ја, совршена е!
5 сексуални проблеми со кои не смеете да се оптоварувате
8 најлуди машки фантазии
Г - точката, зарем навистина е важна?
   
Популарни статии
Дознајте се' за женскиот оргазам!
Докажано е! Марихуаната е помалку штетна од цигарите!
Осум знаци дека е лош во кревет!
Кога да се впуштите во секс со новиот партнер?
Трикови за орален секс кои вашиот драг долго ќе ги памети!
   
Популарни видеа
Бразилска скриена камера: Голем глушец влегува во гардеробата!
Сексипилна танчерка го прави тоа на најдобриот можен начин
БРИЛИЈАНТНО: Рачно изработен синтисајзер!
 
  ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ЖИВОТ ШОУ БИЗНИС ТЕХНОЛОГИЈА ЗАНИМЛИВОСТИ АВТОМОБИЛИ ЗАБАВА ЕРОТИКА ФОТО ВИДЕО   МАРКЕТИНГ КОНТАКТ  
 
Сервиси CHAT СОНОВНИК РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО ТВ ПРОГРАМА
   
 
  TOCKA.COM.MK 2005-2010   TOCKA MEDIA