Даниел ја носи Америка на „Евровизија 2015“


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Владимир Николоски / vladimir.n@novamakedonija.com.mk
Дежа ви што треба да се спречи
Политичарите конечно треба да покажат свест, да заборават на политичките интереси и да мислат повеќе на државните. Не се попусто пораките од меѓународната заедница, која упорно и со месеци укажува дека е потребен дијалог, а не ...
 
Билјана Ванковска
Агонија во дивата населба
На Македонија навистина не ѝ требаат непријатели - доволни се оние што велат дека се подготвени да сторат сѐ од чиста љубов. Така се гинеше и во бивша Југославија - од страв и од љубов. Инцидентот во Гошинце беше дочекан од дел ...
 
Венко Андоновски
Војна и мир
Просто е неверојатно колку агресија се излеа. Неверојатно е како, небаре на некој карневал, се празнеше акумулираното незадоволство, се контролираше насилството низ политички форми на карневализација - протести, штрајкови, митинзи, ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Нашиот евровизиски претставник денеска ќе ја има првата проба на евровизиската сцена во Виена, градот во кој порасна и каде што ја засака музиката. Токму затоа другите учесници веќе го сметаат како своевиден домаќин на фестивалот

 
 
  
Во Виена ќе се веат многу македонски знамиња

ВО ДУХОТ НА ЕВРОВИЗИСКОТО МОТО „ГРАДИМЕ МОСТОВИ“

Даниел Кајмакоски, нашиот евровизиски претставник, веќе е во австриската престолнина Виена, градот во кој порасна и каде што ја засака музиката, годинашен домаќин на „Евросонг 2015“. Тој денеска ќе ја има и првата проба, заедно со американското трио „Мерџ“, чии членови беа дел од легендарниот аренби-состав „Бекстрит“, кои ќе го придружуваат на сцената на првото евровизиско полуфинале на 19 мај, кога настапува осми по ред.

- Со вклопувањето на вокалите на „Мерџ“, песната доби светски звук и се надевам дека тоа ќе им се допадне на евровизиските обожаватели во Европа. Се чувствувам возбудено, но сепак ова е остварување на мојот сон, да пеам на „Евровизија“, и тоа со момците од „Бекстрит“, кои ми беа идоли кога бев тинејџер. Имавме неколку проби во Скопје, во студиото „М3“, и сѐ мина одлично. Едвај чекам да почнам со пробите во Виена и уживам во секој миг од моето евровизиско патешествие. Им упатувам огромна благодарност на моите верни обожаватели од Македонија, но и од целиот Балкан, „сонцињата“ што дојдоа да ме испратат во саботата во Скопје. Тие ми дадоа многу позитивна енергија и еден убав подарок - патики „старки“ за да ме однесат до победа - ни рече Даниел Кајмакоски непосредно пред заминувањето во Виена.

И според евровизискиот тим на МРТ, кој го предводи шефицата Мери Попова, сѐ е подготвено за нашето годинешно учество на најголемиот музички настан во Европа, кој годинава доби интерконтинентална димензија, со учеството и на претставник од Австралија и индиректно, преку Даниел, и на Америка.

ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНИ МОСТОВИ

- По учеството на Австралија, ова ќе биде вториот интерконтинентален мост на „Евросонг“. Всушност ова е идеја на тимот на Даниел, кој е доста креативен и амбициозен. Инаку познатите музичари деновиве беа во Скопје и велат дека многу му се радуваат на заедничкиот настап со Даниел. Ова ќе биде нивна втора соработка - вели Мери Попова.

Таа дополни дека со ангажирањето на аренби-ѕвездите не се пречекорени финансиите што МРТ ги издвои за учество на „Евровизија 2015“.
- Не го пробивме плафонот, но се обидуваме поинаку да ги изменаџираме средствата со кои располагаме. Освен тоа, оваа соработка е договорена уште пред „Евровизија“. Станува збор за пакет заеднички активности во регионот, бидејќи „Мерџ“ сакаат да се прошират на Балканот и во Европа, а во Даниел гледаат нова перспективна музичка ѕвезда - дополни Попова.

Според Александра Јовановска, шефица на прес-службата на нашата евровизиска делегација, европските портали веќе на големо пишуваат дека „Даниел ја носи Америка на ’Евровизија’“.
- Всушност целата негова кампања се одвива во рамките на „Градиме мостови“, слоганот на годинешната „Евровизија“, бидејќи ангажиравме и кореограф од Словенија и стилист од Србија. Нам, како носители на лиценцата за учество на фестивалот, ни е важно тој да се чувствува удобно на евровизиската сцена. А бидејќи ова е остварување на негова дамнешна желба, верувам дека триото „Мерџ“ ќе му ја даде на Даниел неопходната енергија што му е потребна на вистински начин да ја донесе песната. Инаку, како и сите големи ѕвезди, со голем багаж и членовите на „Мерџ“ имаат свои посебни барања, па така треба да им се обезбедат „кингсајз“-кревети и место за вежбање, каде што ќе можат да ја одржуваат кондицијата за време на двонеделниот престој во Виена - ни откри Александра Јовановска.

И ДОМАЌИН И УЧЕСНИК

Таа додаде дека другите учесници на „Евросонг 2015“ веќе го третираат Даниел како своевиден домаќин на фестивалот, бидејќи израснал во австриската престолнина, па дури и го прашуваат каде ќе ги прошета, кои се добри клубови и ресторани во градот и што задолжително мораат да видат во Виена.

- Морам да го пофалам Даниел дека е многу дисциплиниран, се одмора, легнува рано и е максимално сконцентриран за она што го очекува. Но истовремено е многу љубезен и со својата харизма, каде и да се појави, ги освојува и новинарите и организаторите и публиката - открива Јовановска.
И годинава директниот евровизиски пренос од Виена за гледачите на Македонската телевизија ќе го коментира Каролина Петковска, уредничка на редакцијата за контактно-забавни емисии. Ова ќе биде нејзино десетто следење на фестивалот, а третпат во живо.

- Самата комбинација на 40 земји-учеснички, плус Австралија и Америка (преку нашиот евровизиски претставник), е неисцрпен извор на информации. Сметам дека 90 проценти од коментарот веќе ми се подготвени, но кога ќе отидете на самото место сѐ е поинаку. Во директниот пренос за време на најавните разгледници пред секоја песна, за 30 секунди, кога има право да се коментира, се случува ненадејно организаторот да ни доставува вести во коментаторските кабини, па тогаш сѐ што сме подготвиле однапред паѓа во вода - открива Каролина.

Нејзините коментари ќе ги следат гледачите на првата програма на МРТ, на Сателитски канал и на Македонско радио, а на вториот канал од студио фестивалот ќе го пренесува екипа од албанската редакција на МРТ.

Според Каролина, за разлика од „Евровизија 2014“, која, барем за неа, е еден од најслабите фестивали досега, годинава песните се изедначени по квалитет.
- Годинава нема некоја песна што отскокнува, претежно се балади и песни со умерен ритам. За најголеми фаворити важат Шведска, Италија, Словенија, Русија... Ние, според прогнозите, сме некаде околу десеттото место, но многупати досега се докажало дека на евровизиската сцена има некоја посебна магија и оти чуда се случуваат - вели Петковска.

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР

Инаку, и оваа година на „Евровизија“ ќе има Македонска вечер, која ќе ја организира нашата амбасадорка во Виена, Василка Поповска-Треневска.

- Македонската вечер ќе се случи на 16 мај во ексклузивниот клуб „Новоматик“, каде што ќе бидат присутни голем број амбасадори, членови на евровизиски делегации и други гости. Освен Даниел и „Мерџ“, ќе настапат и членовите на етногрупата „Синтезис“. Претходно, на 13 мај, бидејќи имаме Американци во делегацијата, американскиот амбасадор во Австрија нѐ покани во американската амбасада во Виена на свечен прием - додаде Мери Попова.

Во подготовките на Македонската вечер е вклучена и целата македонска заедница во Виена.
- Голема поддршка на Даниел ќе му дадат и голем број Македонци, кои организирано, преку туристички агенции, ќе го следат „Евросонг“, па затоа веруваме дека ќе се веат многу македонски знамиња во Виена - додаде Попова.                           
 
   
Автор: М.Т.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 1945          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Nova Makedonija