Халкида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Халкида
Χαλκίς
Крајбрежјето во Халкида
Крајбрежјето во Халкида
Местоположба
Халкида се наоѓа во Грција
Халкида
Координати 38°28′ СГШ 23°36′ ИГД / 
Управа
Држава: Грција
Област: Централна Грција
Округ: Евбеја
Население (2001)[1]
Општина
 - Население: 102.223 жит.
 - Површина: 412,4 км2
 - Густина: 248 жит/км2
Општинска единица
 - Население: 59.125 жит.
 - Површина: 30,8 км2
 - Густина: 1.920 жит/км2
Друго
Часовен појас: EET/EEST (UTC+2/3)
Надм. височина (мин-макс): 0–5 м
Пошт. бр.: 341 00
Повик бр.: 22210
Рег. табл.: ΧΑ
Портал
www.dimos-xalkideon.gr

Халкида или Халкис (грчки: Χαλκίδα) е административен центар на округот Евбеја во периферијата Централна Грција. Тој е еден од најважните и најголемите градови на подрачјето на Грција северно од Атина. Исто така, градот спаѓа помеѓу петте најголеми градови на грчките острови.

Географска положба[уреди | уреди извор]

Халкида се наоѓа релативно блиску до Атина за грчки услови - 75 километри северно од главниот град. Сместен е недалеку од главниот државен пат Атина - Солун.

Халкида се развила на стратешки важно место на западниот брег на островот Евбеја, на местото каде островот е најблиску до копното, односно на протокот помеѓу него и копното, таканаречен Еврипски Проток (35 метри). Денес, тој проток е премостен на две места, така да градот преку мал дел се проширил и на копното.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот Халкида се споменува како Халкис уште во Илијада. На подрачјето на градот се откриени и гробишта од Микенското време. Градот најмногу се развил во текот на старогрчкото време, кога грчките колонисти основале многу колонии на островот Сицилија.

Халкида се покажа како многу важен град, бидејќи долго време бил тврдина за надгледување на пошироката околина - прво во времето на Стар Рим, а потоа и во Византија. Во 1470 година, градот потпаѓа под Османлиско Царство и станал седиште на пашата. Во 1688 година, градот успешно се справи со нападот на Млетјаните.

Градот стана дел од современа Грција во 1830 година, а кон крајот на 19 век стана седиште на денешната префектура. Во тоа време градот брзо напредува. Меѓутоа, во 1894 година се случува голем земјотрес, каде после тоа, во 1904 година е изграден современиот град, кој добива и железничка пруга.

Население[уреди | уреди извор]

Денес, населението на градот брои околу 60.000 жители, од кои мнозинството се Грци. Во поширокото градско подрачје, пак, живеат над 102.000 жители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Подробни резултати од пописот во 2001 г. PDF (39 МБ) (грчки) (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]