Еритреја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Еритреја
Hagere Ertra
ሃገረ ኤርትራ
دولة إرتريا
Dawlat Iritriya
Stato dell' Eritrea
Знаме Грб
ХимнаErtra, Ertra, Ertra
Еритреја, Еритреја, Еритреја

Главен град
(и најголем)
Асмара
15°20′ СГШ 38°55′ ИГД / 
Службен јазик ниту еден на национално ниво1
Демоним етриец
Уредување преодна влада
 -  Претседател Исајас Афеверки
Независност
 -  од Италија ноември 1941 
 -  од Етиопија дефакто 24 мај 1991 
 -  од Етиопија дејуре 24 мај 1993 
Површина
 -  Вкупна 117.600 км2 (100-та)
 -  Вода (%) нема податоци
Население
 -  проценка за 2012 г. 6,233,682 (107-ма)
 -  Попис 2008 5,291,370 
 -  Густина 51.8 жит/км2 (154-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 -  Вкупен $31.622 милијарди[1] 
 -  По жител $7.460[1] 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 -  Вкупно $5.316 милијарди[1] 
 -  По жител $271[1] 
ИЧР (2007) 0.483
Error: Invalid HDI value · 157-ма
Валута Накфа (ERN)
Часовен појас EAT (UTC+3)
 -  (ЛСВ) нема податоци (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .er
Повик. бр. 291
1. Работни јазици: тигриња, арапски, англиски [1], [2]. италијански доста се зборува.

Еритреја — држава што се наоѓа во Источна Африка. Таа се граничи со Судан на запад, Етиопија на југ и со Џибути на југоисток. На исток и североисток оваа земја има голема брегова линија на Црвено Море, преку кое се поврзува со Јемен и Саудиска Арабија. Таа зафаќа површина од 120.538 км². Даклаковиот Архипелаг и неколку од Ханишките Острови се во делот на Еритреја.

Еритреја беше прогласена за италијанска колонија на 1 јануари 1890 година. По капитулацијата на Италија во Втората светска војна, таа беше Британски протекторат помеѓу 19411952 година. Обединетите Нации во 1952 предложија таа да биде во федерација со Етиопија. Царот Хајле Селасие I предложил Еритреја да биде 14-та покраина на Етиопија. Тоа предизвикало големо незадоволство кај еритрејскиот народ и триесетгодишна војна што траела од 1961 до 1991 година. Обединетите Нации после војната предложија Еритреја да прогласи независност во 1993 година и со тоа таа создаде влада во 1997 година. Таа е претседателска република со парламентарна демократија. Еритреја влезе во повторен конфликт со Етиопија поради маркацијата на границите во мај 1998 година. Еритреја е мултикултурна земја со две доминантни религии, Ориентална Православна Христијанска и Сунитска Исламска во девет етнички групи. Земјата нема официјален јазик, но има три работни јазици и тоа тигриња, арапски и англиски јазик, а постарата генерација знае да зборува италијански јазик.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарото нешто напишано за Еритреја е т.н. Пунт (Земја на богатства) од старите Египќани во 25 век п.н.е. во Фараонска Сахара. Подоцна фараонот Хатшепсут објавил подетални информации за оваа земја. Географската локација во пунтот објаснува дека земјата се наоѓа во југозападнит брег на Црвеното Море. Модерното име „Еритреjа“ првпат го употребиле италјанските колонизатори во доцниот 19 век.

Прaисторија[уреди | уреди извор]

Американскиот палеонтологист Вилијам Сандерс од универзитетот во Мичиген исто така ја откри разликата помеѓу античкиот и модерниот слон кој бил во пинг– големина во Еритреја. Сандерс открил фосили стари повеќе од 27 милиони години. За истражување на оваа тема тој собрал многу научници и тоа од Фондација за истражување на слонови од државниот универзитет Вејн во Мичиген, САД, Универзитет на Асмара, Еритреја; Френклин и Маршал колеџ во Ланкстер, САД, Еритрејското министерство за руда и енегрија, Глобални ресурси во Асмара, Еритреја и Националнот историски музеј.

Средновековна историја[уреди | уреди извор]

За време на средновековнот период, територијата на Еритреја содржела повеќе земји. Помеѓу 8 и 13 век северниот и западниот дел на Еритреја биле под власт на Beja исламисти од североисточниот дел на Судан. Тие формирале пет независни кралства познати како: Накис, Баклин, Базин, Џарин и Ката. Beja го донесле исламот во поголем дел на Еритреја, и овој дел (арапскиот полуостров и областа покрај денешна Еритреја) станал најголемиот исламски дел на светот.

Колонијална ера[уреди | уреди извор]

Римо-католичкиот свештеник по име Џузепе Сапато како застапник на италијанска бродска компанија која го носела името „Рубатино“ го купила локалитетот Асаб од локалниот султан. Тоа се случило истата година кога се отворил Суецкиот Канал. Италија била една од најголемите колонијални сили во Европа и нејзината стратегија била да се ориентира кон источна Африка. Италијанската влада решила да ја купи компанијата Рубатино, а со тоа и локалитетот Асаб.

Барањата за независност[уреди | уреди извор]

Еритреја формира Еритрејски Фронт за ослободување и голем број на бунтовници. Етиопската империјалистичка влада доби помош од САД и формираа база за радио контакт (базата Кагнев) во главниот град на Еритреја - Асмара кој бил окупиран од етиопјаните. Еритрејски Фронт за ослободување и бунтовниците храбро се бореле за независност.

Географија[уреди | уреди извор]

Еритреја се наоѓа во источна Африка. Се наоѓа на т.н. Рог на Африка. На исток и на североисток се граничи со Црвено Море. Еритреја е поделела на два дела со големата планинска верига таканаречена големата ридеста долина. На југ кај големите планини времето е свежо и малку влажно. Овдека постои еден тријаголник кој создава несреќи. Две плочи се влечат меѓу себе, тоа се арапската плоча и една од двете африкански плочи (Нубиската и Сомалиска). Највисоката точка во земјата Амба Соира се наоѓа во центарот на Еритреја на височина од 3.018 метри на морето. Поголеми градови во Eритреја се: Асмара (главниот град) и пристанишниот град Асеб се наоѓаат во југо исток, исто така градот Масава на исток и Керен на север.

Население[уреди | уреди извор]

Во Еритреја живеат 9 етнички групи: Тигриња (48%), Тигре (35%), Афари (4%), Кунама (3%), Сахо (3%), Билен (2%), Хедареб (2%), Нара ( 2% ) и Рашаида (1 %).

Религија[уреди | уреди извор]

Катедралата „Св. Јосиф“ во Асмара

Најголем дел од населението во Еритреја се христијани (50%-62,9%). Потоа следуваат муслиманите (36,2%-48%).

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Еритреја е поделена на 6 региони наречени „зоби“ и нивни подрегиони. За да имаат исто обработливо земјиште и да нема раздор меѓу клановите и племињата, се внимава тоа да биде поделено на еднакви делови.

Тоа се регионите:

  • Маекел (Централен): Берикх, Гала-невхи, Семиенави Мибрак, Сереџака, Дебубави Мибрак, Семиенави Миераб, Дебубави Миераб
  • Дебуб (Јужен): Ади Кеих, Ади Кала, Ареза, Дебарва, Декемхаре, Маи Аини, Маи Мне, Мендефера, Сегенеити, Сенафе, Церона
  • Гаш-Барка: Агордат, Баренту, Дге, Форто, Гогне, Хајкота, Лого-Ансеба, Менсура, Моголо, Молки, Гулуџ, Шамбуко, Тесенеу, Лаелај Гаш
  • Ансеба: Ади Текелезан, Асмат, Елаберед, Гелеб, Хагаз, Халал, Хаберо, Керен, Керкебет, Села
  • Северен црвеноморски: Афабет, Архипелаг Дахлаг, Гелало, Форо, Гинда, Карура, Масава, Накфа, Шеб
  • Јужен црвеноморски: Арета, Централна Дахалија, Јужна Дахалија, Асабм

Армија на Еритреја[уреди | уреди извор]

Еритрејските одбранбени сили се вооружени сили на Еритреја. Тие се трети по големина во Африка после армијата на Египет и на Мароко. Заради долгите години на конфликт со соседите, таа е најмилитаризирана земја во светот после Народна Република Кина, на 1.000 луѓе, 48 служат во војската. Постојат три вида на војски и тоа: пешадија, воздухопловни сили и морнарица. Врховниот командат на вооружените сили е претседателот. Во редовите на армијата има 45.000 илјади луѓе со 250.000 илјади резерва, Во војска мора да се оди со наполнети 18 години. Таа трае 16 месеци од кои 6 се воено обучување а останатите 10 месеци се работа по инфраструктурата на државата.

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]