Белгија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Белгија
Koninkrijk België (холандски)
Royaume de Belgique (француски)
Königreich Belgien (германски)
Знаме Грб
ХимнаBrabançonne
(инструментална верзија)
Местоположбата на  Белгија  (темно зелена)– на Европскиот континент  (зелена и темно сива)– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Белгија  (темно зелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темно сива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град Брисел
50°51′ СГШ 4°21′ ИГД / 
Независност
 -  Прогласена од Холандија 4 октомври 1830 
 -  Призната 19 април 1839 
ЕУ пристапила 25 март 1957
Површина
 -  Вкупна 30.528 км2 (139та)
 -  Вода (%) 6.4
Население
 -  проценка за 1.1.2010 г. 10,827,519 (76та)
 -  Попис 2001 10,296,350 
 -  Густина 354.7 жит/км2 (33та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 -  Вкупен $383.057 милјарди 
 -  По жител $35,534 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 -  Вкупно $472.103 милјарди 
 -  По жител $43,794 
Џини (2005) 28 (низок
ИЧР (2013)  0.881[1]
многу висок · 21ва
Валута Евро (€) (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .be

Кралство Белгија (на холандски: Koninkrijk België, на француски: Royaume de Belgique, на германски: Königreich Belgien) е земја во западна Европа, која граничи со Холандија, Германија, Луксембург, Франција и Северно Море.

Белгија е културен крстопат меѓу германска и романска Европа. Во Белгија се зборуваат холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток. Оваа културна и јазична разновидност се забележува и во комплицираните белгиски институции, како и во политичката историја на земјата. Бројот на жители во Белгија изнесува 10.309.725.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Белгија.

Од географски аспект, Белгија претставува еден вид крстопат на Европа и во последните 2000 години била сведок на постојаното населување на најразлични народи на нејзината територија. Во Белгија фигурирале Келтите, римјаните и германи. Подоцна, територијата на денешна Белгија била под директно влијание на Франција, Холандија, Шпанија и Австрија.

Првите познати народи кои ја населиле Белгија биле белгите. Белгите се келтски племиња кое дошле од Северна Галија, а во 54 п.н.е. биле подчинети од страна на Гај Јулиј Цезар. По распаѓањето на Римската имприја во 5 век, германите ја населиле римската провинција Галија.Франките овде го формирале своето царство. Царот Кловис I го примил христијанството. Во времето на Карло Велики, територијата на денешна Белгија повторно се наошала во неговото царство. Во 800 година, тој бил прогласен за цар на Светата Римска империја признаен и од самиот папа.

Покасно, овој регион бил вклучен во териториите на Холандија и Шпанија, додека протестантските покраини добиле независност. Следувало владеењето на Австрија и неколку години под француско владеење во времето на Наполеон Бонапарт. По отстранувањето на Наполеон од власт во 1815 година, Белгија повторно била соединета со северните области на Холандија. Во 1830 година избувнала Белгиската револуција, преку која се создала независна Белгија.

Леополд I за крал бил избран со помош на Велика Британија. Главна карактеристика на Белгија била нејзината неутралност, која била нарушена во 1914 година, кога била нападната од Германија. Така, таа била приморена да се вклучи во Првата светска војна. Во 1940 Белгија повторно била нападната од Нацистичка Германија, а по крајот на војната нејзината неутралност била изоставена.

Белгија е членка на НАТО пактот и една од основачите на Европската Економска Заедница. Во 1992 година се приклучила кон ЕУ. Од 1830 година таа е независна држава.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Белгија.

Белгија е држава која се наоѓа во Западна Европа и која се граничи на запад со Северното море, на север со Холандија, на исток со Германија, на југоисток со Луксембург и на југ со Франција со вкупна должина на границата од 1482 километри. Плоштината на Белгија изнесува 30,510 km², и според неа се наоѓа на 136 место во светот.

Белгија има морска клима. Просечна температура во Белгија е околу 11,2 °C. Можеме да разликуваме три климатски типови. Просечната температурска разлика меѓу најтоплиот месец и најлданиот месец (лето 16,9 °C ; зима 3 °C). Во централна Белгија владее морска клима. Поголемото растојание на морето е причината за поголемите разлики меѓѕ летните и зимските температури (лето 14,7 °C ; зима 2,5 °C). Околината северно од реката Maas и реката Samber владее така наречена копнена клима. Јули и август се од прилика најтоплите месеци, а јануари и февруари се најладните месеци во целата година. Зимите во високите Ardennen се остри и долги. Просечната количина на дожд во целата година е околу 852 mm. Просечниот број на денови во кој паѓа дожд е меѓу 75 и 90 денови. Максималната дебелина на снегот е околу 6 cm на крајбрежјето, а околу 30 cm на некој повисоки места на Ардените, додека просечниот број на сончеви денови во целата година изнесува околу 1392 денови.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Белгија.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Белгија.

Население, религија и јазик[уреди | уреди извор]

Брисел, главен и најголем град во Белгија

Население и јазици[уреди | уреди извор]

Белгија има 10,309,725 жители (2009), а густината на населението изнесува 338 жител на км². Брисел со околу 1,080,790 жители е најголемиот град во земјата.

Во Белгија се зборува холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток.

Религија[уреди | уреди извор]

По шпанското освојување од 1592, до повторното воспоставување на верската слобода во 1781 година од страна на Јозеф II од Австрија, Римокатоличката црква била прогласена за единствената легитимна религиозна организација која била дозволена на територијата на денешна Белгија. Сепак, мал број на протестантски групи успеале да опстојат и истите главно се задржиле во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт [2].

Религијата била една од разликите кои се појавиле помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север предводен од страна на Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна сметка, унијата се распаднала во 1830 година по создавањето на новата белгиска држава. По 1830 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во политичкиот живот на Белгија. Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“ („guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954 до 1958.

Друг важен настан што се случил е од 1990, кога религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на белгискиот парламент за легализација на абортусот[3]

Денеска, во Белгија католицизмот е најголема религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот број на население. Други религии во земјата се исламот, протестантството и јудаизмот.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура на Белгија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Human Development Report 2011“. United Nations. http://hdr.undp.org/en/media/HDR_2011_EN_Table1.pdf. конс. 2 ноември 2011. 
  2. ((cite web | url = http://www.dick.wursten.be/reformatie_nl.htm%7Ctitle = "Де Reformatie во vogelvlucht" или како фламански протестантизмот се повлекле кон Север (на холандски) | автор = Френк Роз (инспектор на протестантска веронаука) | accessdate 2008/04/10 =))
  3. New York Times, 5 април, 1990. „Belgian King, Unable to Sign Abortion Law, Takes Day Off“. http://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9C0CE1DA1F3BF936A35757C0A966958260. конс. 10 април 2008. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Земји кои го образуваат Бенелукс

Белгија | Луксембург | Холандија