Естонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Естонија
Eesti Vabariik
Знаме Грб
ХимнаMu isamaa, mu õnn ja rõõm
(македонски: Мојата татковина, моја среќа и радост)
Местоположбата на  Естонија  (green)– на Европскиот континент  (светло зелено и сива)– во the Европска Унија  (светло зелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Естонија  (green)

– на Европскиот континент  (светло зелено и сива)
– во the Европска Унија  (светло зелено)  —  [Легенда]

Главен град Талин
59°25′ СГШ 24°45′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик естонски
Народности  68,7 % Естонци
25,6 % Руси
  5,7 % останати[1]
Демоним Естонец
Уредување Парламентарна република
 -  Претседател Томас Хендрик Илвес
 -  Премиер Андрус Ансип
Независност Руска Империја 
 -  Автономија 12 април 1917 
 -  Објавена независност
официјално признена
24 февруари 1918

2 февруари 1920 
 -  Прва советска окупација 1940–1941 
 -  Германска окупација 1941–1944 
 -  Втора советска окупација 1944–1991 
 -  Втора независност 20 август 1991 
ЕУ пристапила 1 мај 2004
Површина
 -  Вкупна 43,432 км2 (132-ра)
 -  Вода (%) 4.45%
Население
 -  проценка за 2010 г. 1.360.000[2] (151-ва)
 -  Попис 2000 1.370.052[3] 
 -  Густина 29 жит/км2 (173-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 -  Вкупен $24.004 милијарди[4] 
 -  По жител $17.908[4] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 -  Вкупно $19.123 милијарди[4] 
 -  По жител $14.266[4] 
Џини (2005) 34 (среден
ИЧР (2013)  0.840[5]
многу висок · 33та
Валута Euro (EUR)
Часовен појас EET (UTC+2)
 -  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .ee
Повик. бр. +372

Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија е (Eesti) — држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Латвија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море.[6] Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 км² каде живеат околу 1,3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека службен јазик е естонскиот.

Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност. Од 1 мај 2004 година Естонија е дел од Европската Унија.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Модерното име на Естонија се верува дека потекнува од римскиот историчар Тацит кој во делото „Германија“ опишал луѓе кои се нарекувале Ести (Æstii). Исто така, во старите скандинавски приказни се опишувала држава именувана Естланд, термин кој и денес се користи во германските јазици за државата. Во македонскиот јазик државата се нарекува со термин кој е ист за сите словенски јазици.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Естонија.
  • 2 век п.н.е., населена територијата на денешна Естонија.
  • 12 век, се оформил естонскиот народ
  • 1227 година, Естонија била завладеана од страна на Данска
  • 1346 година, Тевтонскиот ред зазел територии од Данска
  • 1561 година, Естонија била поделена меѓу Данска и Шведска
  • 17 век, Естонија под целосна управа на Шведска
  • 1721 година, Естонија била присоединета кон Русија
  • 19 век, национално движење против Русија
  • 1917 година, Естонија била управувана од страна на Советскиот Сојуз
  • 1918 година, Естонија била окупирана од страна на Германија
  • 1919 година, независност на Естонија
  • 1940 година, СССР ја анексирал Естонија и била создадена Естонска ССР
  • 1941 година, Естонија била окупирана од страна на Нацистичка Германија
  • 1944 година, воведување на Советска власт
  • 1990 година, се објавила декларација за независност на Естонија од СССР
  • 1991 година, независност на Естонија
  • 1991 година, членка на ООН
  • 2004 година, членка на НАТО
  • 2004 година, членка на ЕУ

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Естонија.

Естонија е прибалтичка земја. Се протега и на група од 1521 острови, меѓу кои најголеми се Сарема и Хиума. Релјефот е претставен претежно со низини. Вкупната површина на земјата изнесува 45,226 km², и според тоа се наоѓа на 129 место по големина во светот. Естонија има копнени и водни граници. Копнените граници и се со Латвија и Русија, и тоа на југ со Латвија и на исток со Русија. Водните граници се со Финска, Латвија, Русија и Шведска.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Естонија.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на окрузите во Естонија

Естонија е поделена на 15 окрузи (maakond). На чело на секоја од нив стои управник (maavanem), кој е претставник на државната влада на регионално ниво. Управникот го назначува самата влада и има петгодишен мандат.

Окрузите понатаму се делат на општини, и тоа од два типа: „градски“ (linn) и „селски“ (vald).

Податоците на населението се однесуваат на состојбата на 31 декември 2011 г.[7]

Округ естонски Админ. центар Површина
(км²)
Население Густина
(жит/км²)
Валга Valga maakond Валга 2.044 30.158 14,8
Виљанди Viljandi maakond Виљанди 3.422 47.594 13,9
Виру Võru maakond Виру 2.305 33.439 14,5
Ида-Виру Ida-Viru maakond Јихви 3.364 149.244 44,4
Јарва Järva maakond Пајде 2.623 30.553 11,6
Јигева Jõgeva maakond Јигева 2.604 31.398 12,1
Љаене Lääne maakond Хапсалу 2.383 24.184 10,1
Љаене-Виру Lääne-Viru maakond Раквере 3.627 59.861 16,5
Пилва Põlva maakond Пилва 2.165 27.452 12,7
Пјарну Pärnu maakond Пјарну 4.807 82.584 17,2
Рапла Rapla maakond Рапла 2.980 34.905 11,7
Саре Saare maakond Куресаре 2.673 31.344 11,7
Тарту Tartu maakond Тарту 2.993 150.287 50,2
Харју Harju maakond Талин 4.333 552.643 127,5
Хију Hiiu maakond Кјардла 989 8.470 8,6

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Естонија.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Црква Свети Олаф.


Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005, [8] 16% од граѓаните на Естонија одговориле дека "веруваат во Бог", а 54% одговориле дека "постои некоја друга сила" и 26% одговориле дека "неверуваат ниту во Бог ниту во некоја надприродна сила". Според оваа анкета, Естонците се наоѓаат на самиот врв во Европската унија како најголем атеистички народ. Историски, сепак, Естонија била на повеќе пати била седиште на Лутеранството.

Помалку од една третина од населението се декларира како религиозно односно околу 32% од населението. Во Естонија има повеќе религиозни организации и тоа:

  • Естонска Евангелска Лутеранска црква, а вкупниот број на верници изнесува 14,8%
  • Естонска Православна Црква, а вкупниот број на верници изнесува 13,9%
  • Исламска организација, а вкупниот број на верници изнесува 0.4%
  • Баптистичка организација, а вкупниот број на верници изнесува околу 0.4
  • Римокатолици, а вкупниот број на верници изнесува околу 0.1

Исто така има и голем број на помали Протестантски, еврејски, будистички и други религиозни групи.

Етнички, Естонија е составена од Естонци со 68.7 %, Руси со 25.6 % и останати народи 5.7 %. Официјален јазик е естонскиот, но доста се зборува и рускиот.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Естонска кулура.

Културата на Естонија претставува спој на старата естонска традиција карактеристична за угрофинските народи и остамати европски културни примеси. Самата култура, поради историски причини, била под неколку културни влијанија како на пример словенско, финско, балтичко или германско влијание. Традиционално Естонија е гледана како територија за ривалство помеѓу истокот и западот во тој регион, односно помеѓу Шведска и Русија. Поради тоа, во државата има и протестантсво и православие.

Наводи[уреди | уреди извор]

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општо
Патување
Search sister project Википатување има туристички водич за Estonia.