Словачка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Словачка Република
Slovenská republika
Знаме Грб
ХимнаNad Tatrou sa blýska
Громови над Татрите

Местоположбата на  Словачка  (зелена)– на Европскиот континент  (светло зелена и сива)– во Европската Унија  (светло зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Словачка  (зелена)

– на Европскиот континент  (светло зелена и сива)
– во Европската Унија  (светло зелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Братислава
48°09′ СГШ 17°07′ ИГД / 
Службен јазик словачки
Народности (2011[1])
Демоним Словак
Уредување Парламентарна република
 -  Претседател Андреј Киска
 -  Премиер Роберт Фицо
Независност
 -  од Австро-Унгарија 28 октомври 1918 
 -  од Чехословачка 1 јануари, 1993 
ЕУ пристапила 1 ма] 2004
Површина
 -  Вкупна 49.035 км2 (123)
 -  Вода (%) нема податоци
Население
 -  Попис 2001 5,379,455 (109-та)
 -  Густина 111 жит/км2 (88-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 -  Вкупен $115.098 билиони[2] 
 -  По жител $21,245[2] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 -  Вкупно $88.208 билиони[2] 
 -  По жител $16,281[2] 
Џини (2008) 19.5 (low) (1ва)
ИЧР (2013)  0.830[3]
многу висок · 37ма
Валута Евро ()2 (EUR2)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .sk3
Повик. бр. +4214
1 Чехословачка се подели на Република Чешка и Словачка.
2Словачка го прифати еврото на 1 јануари 2009- €1 = 30.1260SKK.
3 Исто така се користи .eu.
4 Се споделувал со Чешка 0042 се до 1997.

Словачка Република (словачки: Slovenská republika), неофицијално Словачка (Slovensko) или многу ретко Словакија[4] — независна држава во централна Европа[5][6]. Има население од околу пет милиони луѓе, а зафаќа површина од 49.000 km2. Словачка нема излезе на море и се граничи со Чешката Република и Австрија на запад, Полска на север, Украина на исток и Унгарија на југ. Најголем град во државата е нејзината престолнина, Братислава. Втор по големина град е Кошице. Словачка е земја членка на Европската Унија, НАТО, ООН, ОЕСР, Светската трговска организација и други.

Словените пристигнале и се населиле на територијата на денешна Словачка во 5 и 6 век за време на големата преселба на народите. За време на историјата, различни делови од денешна Словачка припаѓале на Кралството на Само (првата позната политичка единица на словените), Кнежеството Нитра (како независно, како дел од Голема Моравија и како дел од Кралството Унгарија), [7] Австро-Унгарија или Хабсбуршкото Царство и Чехословачка. Самостојна Словачка држава кратко постоела и за време на Втората светска војна, во периодот од 1939-1944, со што подоцна Словачка станала независна од нацистичка Германија. Од 1945 година, Словачка повторно станала дел од Чехословачка. Денешната Словачка станала независна на 1 јануари 1993 со мирен распад на Чехословачка.

Денeска Словачка е високо развиена земја со силна економија,[8][9] со една од најрастечките во ЕУ и ОЕСР.[10] Земјата и се приклучи на Европската Унија во 2004 и на Еврозоната на 1 јануари 2009. Словачка заедно со Словенија се единствените поранешни комунистички земји, кои денеска се дел од Европската Унија, Еврозоната, Шенген зоната и НАТО.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Словачка.

Праисторија[уреди | уреди извор]

Римски натпис на тврдина во Тренчин (178-179).

Територијата на денешна Република Словачка била населена уште за време на палеолитот. Во 5 век п.н.е., Словачка ја населиле Келтите, а потоа и Дако-Гетите, Јазигите и Квадите. Германското кралство кое ги обединило Квадите и Маркоманите, но исто така и Осините и Котините под власта на кралот Ваниус постоело од 8 год. п.н.е. до 179 год. Во 1 век доаѓа до продор на Римјаните, кои на реката Дунав создале неколку војни постави од кои најсилни биле Карнунтум и Бригетио. Лаугарици (денешен Тренчин) бил зимски камп каде втората римска легија се борела во Маркоманските војни против Германите. Римјаните успеале да ги протераат Гепидите и Готите во 3 век, како и Хуните и Лангобардите во 5 век. Во 6 век Словените се населуваат на територијата на државата и набргу стануваат најголемиот по број етнички корпус и ја одредуваат подоцнежната судбина на словачките простори.

Доаѓање на Словените[уреди | уреди извор]

Споменик на Свети Кирил и Методиј во Жилина. Во 863 година, тие го вовеле христијанството во денешна Словачка.

Териториите на денешна Словачка, во 5 век биле населени од страна на словените. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежеството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ростислав I.

Кралство Унгарија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на Велика Моравија во 10 век, териториите на денешна Словачка станале дел од Кралство Унгарија. Во текот на владеењето на унгарците, Словачка во првите два века ја зачувала својата автономија како кнежество Нитра. Денешните територии на Словачка се формирале уште во тоа време.

Во 1241 година, Словачка попаднала под монголско владеење, но во текот на средниот век таа била ослободена и повторно вклучена во составот на Кралство Унгарија. Во времето кога Османлиската империја навлегува во Унгрија, центарот на кралството преминало во Словачка. Денешната престолнина Братислава (тогаш позната како Pressburg, Pressporek, Posonium, Posony) за краток период станала престолнина на кралството во 1536 година. По повлекувањето на османлиите од Унгарија, улогата на Словачка во кралството се намалило.

За време на револуцијата од 1848 - 1849 година, словаците застанале на страната на Австрија односно Хабсбуршката династија, надевајчи се за создавање на независна држава, но до тоа не дошло. Во времето на Австро-Унгарија, од 1868 до 1918 година, Словачка останала во склопот на империјата, соочувајќи се со унгаризација врз нејзините жители.

Чехословачка[уреди | уреди извор]

По војната, Словачка се обединила со чешките земји Бохемија и Моравија и заедно ја формирале Чехослвачка. Во 1938 година, со Миненскиот договор, Словачка била разделена од Чешка. Новата држава поседувала само формална независност, бидејќи била под целосна контрола од страна на Нацистичка Германија. Ова доведува до избувнување на востание во 1944 година.

По крајот на војната, Словачка повторно се обединила со Чешка и попаднала под влијание на т.н. Источен блок раководен од страна на СССР. Таа била една од потписничките на Варшавскиот договор.

Денешна Словачка[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на комунизмот, Чешка и Словачка во 1993 година повторно се разделиле. Словачка од мај 2004 година е членка на ЕУ.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Словачка.
Топографска карта на Словачка.
Карта на Словачка.

Во словачкиот релјеф доминантни се планинските венци и природа со Карпатите кои се протегаат на северниот дел од државата. Како дел од тие планини е и планината Татра. Во близина на полската граница се наоѓаат Високите Татри кои се популарна дестинација за скијање. На Големите Татри има доста мали езера и тука се наоѓа највисоката точка на Словачка- Герлаховски штит со висина од 2.655 метри и словачката симболично највисока планина Кривањ.

Поголеми словачки реки се: Дунав, Вах и Хрон. Тиса ја сочинува словачко-унгарската граница за 5 км. Климата на Словачка воглавно е континентална.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Претседателската палата.

Словачка е парламентарна демократска република со повеќепартиски систем на владеење. Последните парламентарни избори биле јуни 2006 година и последните претседателски избори биле во 2004 година.

Претседателот на Словачка се избира на претседателски избори за мандат од пет години. Голем дел од власта е во рацете на премиерот на Словачка и кој најчесто е лидер на победничката партија на парламентарните избори.

Највисоко законодавно тело на Словачка е Националниот Совет на Словачката Република со 150 пратенички места. Пратениците се избираат за мандат од четири години. Највисок суд во Словачка е уставниот суд на Словачка.

Од 2004 година Словачка е член на ЕУ и НАТО.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на краевите во Словачка

Словачка од 1996 г. е поделена на осум краеви, кои од 2002 се нарекуваат „самоуправни краеви“ (samosprávne kraje).

  1. Банскобистрички крај
  2. Братиславски крај
  3. Кошички крај
  4. Нитрански крај
  5. Прешовски крај
  6. Тренчински крај
  7. Трнавски крај
  8. Жилински крај
  1. Банска Бистрица
  2. Братислава
  3. Кошице
  4. Нитра
  5. Прешов
  6. Тренчин
  7. Трнава
  8. Жилина
Братислава

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Словачка.
Централна банка на Словачка.

Словачката економија се смета за економски тигар. Словачка ја трансформирала својата економија во отворен и слободен пазар. Голем дел од приватизацијата е веќе заврешена, банките се во приватниот сектор и странските инвестиции се зголемиле.

Словачка има голем економски развој. Во 2006 година Словачка го забележала највисокиот раст од 8.9%. Растот на годишниот БНП во 2007 година бил 10.4%.

Невработеноста во 1999 година била 19.2%, додека во 2008 година паднала на 7.51%.

Официјална валута во Словачка е еврото, заменувајќи ја словачката круна во 2008.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Словачка.
Главната улица во Кошице.

Поголемиот дел од населението на Словачка се етнички Словаци кои сочинуваат околу 85.8%. Унгарците се најголемо малцинство во Словачка со 9.7%. Покрај нив во Словачка живеат и Роми со 1.7%, Украинци со 1% и 1.8% се неодредени. Неофицијално бројот на Ромите е многу поголем, околу 9% од населението.

Офицјален јазик во Словачка е словачкиот јазик. Во јужниот дел од земјата се зборува и унгарски јазик и има ко-официјален статус во некои јужни општини.

Словачкиот устав ја гарантира слободата на религијата. Околу 68.9% од населението на Словачка се католици. Голем број од населението на Словачка не се изјаснило за религиското прашање и тие се околу 13% од вкупното население. Околу 6.93% се лутеранци, 2% калвинисти, околу 0.9% православни. Денес има околу 2.300 евреи во Словачка.

Култура во Словачка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Словачка.

Во унгарската историја Словаците се именувани како „планински луѓе“. Првото спомнување на Словаците како нација е во 19 век.

Уметноста на Словачка може да се следи се до средновековието, кога биле создадени големи дела. Покрај уметноста, Словачка е дом на уште голем број позначајни личности како: Јозеф Мургаш, Јан Бахиљ, Штефан Банич, Аурел Стодола и Џон Допјера.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tab. 11 SODB 2001, 2011“. Portal.statistics.sk. http://portal.statistics.sk/files/tab.11.pdf. конс. 25 ноември 2012. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Slovakia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=936&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=44&pr.y=11. конс. 21 април 2010. 
  3. „2014 Human Development Report“. 14 март 2013. стр. 21–25. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. конс. 27 јули 2014. 
  4. Правопис на македонскиот јазик, стр. 167, Просветно Дело, Скопје, 2007
  5. „United Nations Statistics Division- Standard Country and Area Codes Classifications (M49)“. Unstats.un.org. 15 април 2009. http://unstats.un.org/unsd/methods/m49/m49regin.htm#europe. конс. 26 септември 2009. 
  6. „World Population Prospects Population Database“. Esa.un.org. http://esa.un.org/unpp/definition.html. конс. 26 септември 2009. 
  7. Mike Dixon-Kennedy (1998). Encyclopedia of Russian & Slavic myth and legend. ABC-CLIO. стр. 375. ISBN 1576071308, 9781576071304. http://books.google.com/books?id=eD5AkdM83iIC&pg=PA57&dq=slovakia+was+part+of++hungary&lr=lang_en&as_brr=0&as_pt=ALLTYPES&hl=hu#PPA57,M1. конс. 2009.04.23.. 
  8. Bank Country Classification, 2007
  9. Advanced economies - IMF
  10. „CIA - The World Factbook -- Country Comparison :: National product real growth rate“. CIA. 2008. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2003rank.html. конс. 1 декември 2009. 

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општо