Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 83.266 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Обичен сколовранец на даска

Обичен сколовранец (науч. Sturnus vulgaris) — средноголема врапчевидна птица од семејството на сколовранците (Sturnidae). Долга е околу 20 см со сјајно црно перје кое во некои периоди на годината е испрскано со бели точки. Нозете ѝ се розови, а клунот лете е жолт, а зиме црн. Природното живеалиште ѝ е умерена Европа, вклучувајќи ја и Македонија и западна Азија, но е населена ширум светот - во Австралија, Нов Зеланд, Северна Америка, јужна Африка и на други места. Во јужна и западна Европа, како и во западна Азија, таа е постојан жител, а од посеверните краишта мигрира понајуг, на Пиринејскиот Полуостров и северна Африка.

Обичните сколовранци од југозападна Европа (јужно од 40° СГШ) се постојани жители, а останатите, од пределите со поостра клима се птици преселници. Тие се урбани или птици чие живеалиште е во близина на населените места. Понекогаш населуваат отворении шуми и планини, крајбрежја и многу се адаптираат, но не сакаат густи, влажни предели. Обичните сколовранци се собираат во големи групи, особено наесен и зиме. Јатото е со различна големина, а големите, бучни јата се на местата каде спијат. Оваа густа концентрација птици служи за одбрана од грабливите птици.

Обичниот сколовранец е долг 19-23 см, со распон на крилјата 31-44 см и тежина од 58 до 101 грам. Пердувите се прелеано црни, со зелен или виолетов сјај испрскани со бели точки особено зимно време. Долните делови на мажјакот се помалку точкави од оние на женките. Пердувите не вратот кај мажјаците се долги и пошироки и ги користи при прикажување кога се додворува, а кај женката тие се помали и поостри. Нозете им се цврсти и розовкаво или сивкавоцрвени. Клунот им е прав, конусен со остар врв; зимно време е кафеавкавоцрн, а лете, женките имаат лимонжолт, а машките исто таков, но со синосива основа. Се митарат еднаш годишно, доцна лете, по сезоната на парење. Новите пердуви се со бели врвови (на градите) и кремкави (на крилјата и грбот), што ѝ дава на птицата „испрскан“ изглед.

Сколовранците се чуваат како миленичиња и како лабораториски животни. Лесно се адаптираат во заробеништво, а проблем е нередот што го прават, како и болестите кои може да ги пренесат на луѓето. Одамна е позната способноста на оваа птица да ги имитира звуците, на другите птици, но и останатите звуци, што е привлечно за луѓето.

В.А. Моцарт имал милениче сколовранец кој можел да испее дел од неговиот Концерт за пијано бр. 17. Тој го купил во продавница откако го слушнал како пее една фраза што ја напишал шест недели претходно, која сè уште не била изведена во јавност. Тој станал многу приврзан со птицата и подготвил специјален погреб по три години кога починала. Се смета дека неговата „Музичка шега“ (К. 522) се заснова на стилот на вокализација на оваа птица. (Дознајте повеќе...)

Дали сте знаеле…

Од најновите статии на Википедија:

Поглед на планината Денали, Алјаска, преку езерото Вондер


На денешен ден…

Денес е 5 септември 2015 г.

Настани:

1600  Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење.
1774  Првиот Континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија.
1800  Малта е освоена од Велика Британија.
1914  Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град.
1939  Втора светска Војна: САД прогласува неутралност во војната.
1948  Роберт Шуман станува премиер на Франција.
1977  Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа.
1992  Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години.
2011  Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет.

Родени:

1187  Луј VIII — крал на Франција.
1638  Луј XIV — крал на Франција и Навара.
1568  Томазо Кампанелаиталијански философ
1585  Арман Жан ди Плеси Ришелје — француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII.
1704  Морис Кантен де Ла Тур — француски портретист
1750  Роберт Фергусоншкотски поет
1774  Каспар Давид Фридрих — германски сликар
1847  Џеси Џејмс — американски отпадник
1881  Ото Бауеравстриски социјалдемоктратски политичар
1919  Владо Малескимакедонски револуционер, општествено-политички работник и писател
1929  Андријан Николаев — советски космонаут
1942  Вернер Херцог — германски режисер
1946  Фреди Меркјури — британски музичар
1947  Бади Мајлс — американски музичар
1951  Паул Брајтнер — германски фудбалер
1959  Рефет Елмази — македонски политичар
1963  Кристиан Алфонсо — американска актерка
1973  Роуз Мекгауан — актерка од италијанско потекло
1981  Дру Картер — американски рагби играч
1981  Даниел Морено — шпански велосипедист.
1984  Руслан Нахушев — руски фудбалер.
1984  Крис Анкер Серенсен — дански велосипедист.

Починале:

1566  Сулејман Величенствениот — отомански султан
1629  Доменико Алегри — италијански композитор
1808  Џон Хоум — шкотски писател
1906  Лудвиг Болцман — австриски физичар
1920  Роберт Харон — американски актер
1926  Карл Харер — германски новинар
1961  Алексо Демниевски - Бауман — македонски борец во Шпанската граѓанска војна и во НОВ на Македонија
1988  Петар Ширилов — раскажувач, романсиер и литературен критичар
1990  Ванчо Михајлов — раководител на ВМРО
1997  Мајка Тереза — добитничка на Нобеловата награда за мир
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 287 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и друго
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич