Луксембург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Големо Војводство Луксембург
Знаме Грб
ГеслоMir wëlle bleiwe wat mir sinn  (луксембуршки)
„Сакаме да останеме она што сме“
Химна"Ons Heemecht"
„Нашата татковина“

Кралска химнаDe Wilhelmus 1
Главен град
(и најголем)
Луксембург
49°36′ СГШ 6°07′ ИГД / 
Службен јазик германски, француски, луксембуршки (de jure од 1984)
ЕУ пристапила 25 март 1957
Површина
 -  Вкупна 2.586,4 км2 (175та)
 -  Вода (%) занемарливо
Население
 -  проценка за 2009 г. 493,500[1] (-)
 -  Попис 2001 439,539 
 -  Густина 186 жит/км2 (59та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 -  Вкупен $40.091 милијарди[2] (97ма)
 -  По жител $82,440[2] (2ра)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 -  Вкупно $54.973 милијарди[2] (65та)
 -  По жител $113,044[2] (1ва)
ИЧР (2013)  0.881[3]
многу висок · 21ва
Валута Евро ()2 (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .lu3
Повик. бр. 352
1. Не е иста со химната на Холандија Het Wilhelmus.
2. Пред 1999: Луксембуршки франк.
3. Исто така се користи доменот .eu, заедно со другите членки на ЕУ.

Големо Војводство Луксембург (луксембуршки: Groussherzogtum Lëtzebuerg, француски: Grand-Duché de Luxembourg, германски: Großherzogtum Luxemburg) — мала држава во Западна Европа. Се граничи со Белгија, Германија и Франција. Членка е на Бенелукс. Оваа држава е најмалата земја-членка во Европската Унија. Главен град е истоимениот град Луксембург.

Луксембург за прв пат се појавува на географските карти во 963 година. Една од неговите најзначајни карактеристики е тријазичноста: денес во Големото Војводство Луксембург официјално се зборуваат три јазици: луксембуршкиот, генерално во секојдневна говорна употреба, француски и германски, кои главно се употребуваат во писмен облик за општење со луѓето кои не се од Луксембург, како јазици на културата, администрацијата и бизнисот.

Луксембург од крајот на 19 век станува земја на имигрант и поради големата потреба од работна рака која се бележи во рударската индустрија, Луксембург во последните децении бележи длабоки структурални и општествени промени кои направија оваа држава да стане вистински бизнис-центар на меѓународно ниво.

Единствената способност на културна интеграција која ја покажал луксембуршкиот народ била нашироко призната така што во 1995 година Градот Луксембург бил прогласен за европски град на културата.

Етимологија на име[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

  • 1 век римјаните го населиле Луксембург, тогаш познат и како “Мала тврдина“.
  • 963 година, самостојно феудално уредување
  • 1060 година Луксембург станало графство, а покасно и војводство. Почеток на владеењето на Луксембургите, продолжило до 1437.
  • 1477 - 1684 - владеење на Хабсбурговците, 1684 - 1697 - на Франција, 1697 - 1714 - на Шпанија, 1714 - 1794 - на Австрија.
  • 1795 - 1814 - Анексија од страна на Франција.
  • Во 1815 година прогласување на војводство, заедно во унија со Холандија
  • Со Лондонскиот договор (1839) Луксембург изгуби речиси повеќе од половина од нејзината територија на Белгија, но добива голема автономија.
  • 1867 - прогласување на независност.
  • 1914 - 1945 година, период на светски војни по кој се присоединува кон унијата на Бенелукс.
  • Земја основач на ЕУ

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Северниот дел на државата припаѓа на Ардените. Тоа е место со ниски планини. Така наречениот Kneipp го формираат највисокиот дел од земјата со 560 метри, иако de Burgplatz е многу попознат. Останатиот дел од земјата е низок. Јужниот дел на земјата е позгоден за градење. Овој дел од земјата е познат и како Gutland. Границата со Германија е создадена од Our, Sûre и Moezel Главниот град е Луксембург (Luxemburg), кој е најголем град во целата држава. Други важни места се Esch-sur-Alzette и Echternach. Единствени големи места се:

  • Clervaux
  • Diekirch
  • Hosingen
  • Larochette
  • Marnach
  • Remich
  • Schengen
  • Troisvierges
  • Vianden

Население[уреди | уреди извор]

Голем дел од населението во Луксембург е од соседните земји. Во Луксембург има околу 40% странци. Од странците најголем дел се Португалци (околу 13%).

Јазик[уреди | уреди извор]

Има три официјални јазици во Луксембург: француски, германски и луксембуршки. Најзборувани се луксембуршкиот (мајчин на 61%), францускиот (мајчин на 10%) и португалскиот (мајчин на 13%). Голем дел од населението ги владее германскиот и англискиот. Понекогаш се користи и холандскиот, но најчесто во банките и туристичкиот сектор.

Религија[уреди | уреди извор]

Богородичната црква во Луксембург.

Постојат поголем број на верски организации во Луксембург. Најголема заедница е Римокатоличката, но земјата ги почитува и правата на другите верски заедници. Од прилика 87% од населението се католици, а останатите 13% се протестанти, евреи и муслимани.

Римокатолицизмот е најстарата религија во Луксембург. Луксембург е главниот центар за христијанството во текот на средниот век. Таа успеала да се задржи на големо рамниште во времето на реформацијата. Вкупниот процент на верници е околу 95%. Протестантизмот е втора најголема религија во Луксембург со околу 10.000 верници (1% до 3,2% од населението). Тие се поделени во неколку протестантски цркви и вероисповеди, вклучувајќи ги лутеранството, калвинизмот, англиканството и евангелизмот.

Денес, во Луксембург живеат околу 1.200 Евреи од кои 650 активни.

Окрузи[уреди | уреди извор]

  • Capellen
  • Clervaux
  • Echternach
  • Esch-sur-Alzette
  • Grevenmacher
  • Luxemburg
  • Mersch
  • Redange
  • Remich
  • Vianden
  • Wiltz

Природа[уреди | уреди извор]

Познат дел во Луксембург е Klein Zwitserland со Mullerthal. Овде има многу пештери, водопади и шуми. Еден познат водопад е Schiessentümpel.

Сообраќај и превозни средства[уреди | уреди извор]

Луксембург има Аеродром Luxemburg-Findel, во градот Луксембург Единствени патишта се: • A1 • A7 • E29 (Европски_пат) • N11

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Луксембург личи на климата во Холандија и Белгија, со свежи лета и меки зими. Луксембург има морска клима. Централниот и јужниот дел Луксембург имаат малку потопла клима. Просечната температура изнесува околу 7 и 9 °C годишно. Просечниот број на дожд изнесува околу 740 mm годишно. Во северниот дел на Луксембург има најмногу дожд, а во јужниот дел на Луксембург најмалку.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Култура во Луксембург[уреди | уреди извор]

Музика во Луксембург[уреди | уреди извор]

Спорт во Луксмбург[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Земји кои го образуваат Бенелукс

Белгија | Луксембург | Холандија