Бангладеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Народна Република Бангладеш
গণপ্রজাতন্ত্রী বাংলাদেশ
Gônoprojatontri Bangladesh
Знаме Грб
ХимнаAmar Shonar Bangla
Мојот златен бенгал

Главен град Дака
23°42′ СГШ 90°21′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик бенгалски
Демоним Бенгалци
Уредување Парламентарна република[1]
 -  Претседател Абдул Хамид (вршител)
 -  Премиер Шеик Хасина
Независност од Пакистан 
 -  Објавена 26 март 1971 
 -  Ден на Победа 16 декември 1971 
Површина
 -  Вкупна 144.000 км2 (94-та)
 -  Вода (%) 7.0
Население
 -  проценка за 2007 г. 150,448,340[2] (7-ма)
 -  Густина 1045 жит/км2 (9-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 -  Вкупен $224.889 милијарди[3] (48-ма)
 -  По жител $1,389[3] (153-та)
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 -  Вкупно $81.938 милијарди[3] (58-ма)
 -  По жител $506[3] (157-ма)
Џини (2000) 31.8 (среден
ИЧР (2013)  0.558[4]
среден · 142-ри
Валута Така (BDT)
Часовен појас BDT (UTC+6)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+6)
Се вози на лево
НДД .bd
Повик. бр. 880
Администартивна поделба на Бангладеш.

Бангладеш е држава во Јужна Азија. Главен град е Дака.

Етимологија на името[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Постара историја[уреди | уреди извор]

На подрачјето на денешниот Бангладеш (Бенгал) се одржале будистички кралства до 13 век. Во 1201 год. Бенгал преминува под власта на делхиските султани, а потоа во земјата преовладувал исламот. Домашните исламски владетели владееле се до 1576 год., кога могулскиот владател Акбар ја приклучил Бенгалија кон Могулското царство. Во почетокот на 18 век државата почнала да пропаѓа, се зголемила моќта на локалните силници, а во средината на 18 век се засилило влијанието на британската Источноиндиска компанија, која по задушувањето на Бенгалското востание во 1757 год. добила монопол над трговијата и собирањето данок.

Колонијален период[уреди | уреди извор]

Меѓу 1757 и 1854 год. Бенгал бил цел на британските освојувачи во Индија; подоцна стопанската и политичката цел се префрила во з. Индија. Големото востание против Британците (1857 год.) почнало во Бенгал и било поврзано со се поголемата противречност меѓу муслиманското население и хиндуистичките велепоседници. По задушувањето на востанието во 1858 год., сите територии на Источноиндиската компанија ги презела британската влада и ги здружила во колонијата Британска Индија.

Дел од Пакистан[уреди | уреди извор]

Во 1906 год. е основана Муслиманската лига, политичка организација на муслиманите во Британска Индија која барала поделба на Индија и основање самостојна муслиманска држава. На 14.8.1947 год. е прогласена Исламска Република Пакистан, составена од два потполна различни делови меѓу кои постоеле многу остри политички спротивности. На парламентарните избори во 1970 год., во И Пакистан победила Лигата Авами под водство на шеикот Муџибур Рахман, која барала поголема автономија за и. дел на Пакистан.

Независен Бангладеш[уреди | уреди извор]

На 1.3.1971 год. пакистанскиот претседател Јахја Хан го одложил првото заседание на новиот парламент и во И.Пакистан пратил војска за да ги запре безредијата. Тие за малку можеле да прераснат во граѓанска војна. На 26.3.1971 год. И.Пакистан прогласил независност и се преименувал во Бангладеш. Уште од самиот почеток Индија ги поддржувала бунтовниците и им се придружила во војната против пакистанската војска која се предала на 16.12.1971 год. Со уставните промени во 1975 год. многу се засилила положбата на претседателот на републиката. Претседателот на владата М.Рахман (1972-1975 год.) станал претседател на републиката (1975 год.), ги забранил опозициските партии и вовел еднопартиски систем, но за малку ќе настрадал како жртва на воен преврат. Бласта ја презел генералот Зиа ур Рахман, подоцна претсетадел на републиката (1977-1981 год.) кој паднал како жртва на новиот државен удар, исто како и неговиот наследник Абдус Сатар (1982 год.).По него власта ја презел генералот Хосаин Мохамед Ершад (1983-1990 год.), но морал да отстапи под притисокот на засилената опозиција.

По 1991 год. најважни политички партии се Бангладешката народна партија (БНП) и Лигата Авами, меѓу кои постојат големи спротивности, државата често ја потресуваат демонстрации и штрајкови.

На 1.1.1997 год. во сила стапил договорот со Индија за заедничко користење на водите на Ганг, а на 2.12.1997 год. Владата потпишала мировен договор со религиското движење Шанти Бахини, кое 24 години се борело за правата на припадниците на будистичката вера.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Бангладеш е поделен на 7 административни области (বিভাগ, „бибаг“). Секоја од нив е наречена по нејзиниот административен центар. Областите понатаму се делат на окрузи (জেলা, „зила“) кои пак се делат на подокрузи (উপজেলা, „упазила“).


Област бенгалски Население [5] Површина (км2)[5] Густина
(жит/км2 во 2011)[5]
Полов сооднос (мажи
на 100 жени)[5]
1991 2001 2011
Барисал বরিশাল 7.462.643 8.173.718 8.147.000 13.297 613 96,8
Дака ঢাকা 32.665.975 39.044.716 46.729.000 31.120 1.502 103,9
Кулна খুলনা 12.688.383 14.705.223 15.563.000 22.272 699 100
Рангпур রংপুর 11.997.979 13.847.150 15.665.000 16.317 960 99,8
Раџшахи রাজশাহী 14.212.065 16.354.723 18.329.000 18.197 1.007 100,4
Силхет সিলেট 6.765.039 7.939.343 9.807.000 12.596 779 99,1
Читагонг চট্টগ্রাম 20.522.908 24.290.384 28.079.000 33.771 831 96,1
Вкупно 106.314.992 124.355.263 142.319.000 147.570 964


Поради порастот на населението, предложени се уште три области со цел да се олесни обемот административната работа:

  • Читагоншки Ридски Предел (পার্বত্য চট্টগ্রাম)
  • Мименсинг (ময়মনসিং)
  • Комила (কুমিল্লা)

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Клима[уреди | уреди извор]

Климата е монсунска со високи температури преку целата година и обилни врнежи кои го носи јз.монсун (дождлив период јуни-октомври), во периодот на си. монсуни (ноември-март) има многу малку врнежи. Најмногу врнежи се крајбрежните делови, планините на ЈИ и подножјето на планината Каси-Џаинтиа на С(3000-5000 мм), а во другите делови има 1300-2000 мм врнежи. Во почетокот и на крајот на дождливиот монсунски период чести се тропските циклони.

Води[уреди | уреди извор]

Најголеми реки се Ганг(Падма, 2510 км) и Брамапутра(Џамуна, 2840 км). Низводно во Дака се спојуваат во една река Мегна(264км; од крајот на 18 век). уште во 1770 год. главниот ракавец на реката Ганг била реката Хугли која тече низ Калкута; тогаш Брамапутра течела и. од Дака. Бидејќи реките носат голема количина тиња и песок, течат меѓу природни насипи над околната низина и скоро при секоја поплава ги менуваат коритата. Поплавите погодуваат 3\4 од територијата и траат 3-6 месеци ( од јуни до ноември). По 1991 год. по селата почнале да се градат издигнати бетонски засолништа, каде за време на поплавите се засолнува селското население; со тоа прилично се намалува бројот на загинатите.

Државно уредување[уреди | уреди извор]

Според Уставот од 16.12.1972 год., Бангладеш е патрламентарна република. Со уставните промени од 7.8.1991 год. многу се смалени овластувањата на претседателот на републиката - пренесени се на парламентот, а исламот е прогласен за државна религија. Право на глас имаат сите бангладешки државјани на возраст над 18 години.

Парламентот го избира претседателот на републиката секои пет години, а повторно може да биде избран само уште еднаш. Го именува претседателот на републиката, како и претседателот на владата и министрите кои мораат едновремено да добијат и мнозинство гласови од парламентот.

Еднодомниот парламент (Jatiya Sangsad) има 330 членови; 300 се избираат на општи избори секои пет години, а 30 места се резервирани за жените кои на општите избори ги избираат избраните делегати.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Независно од стопанскиот пораст во 90-тите години на 20 век, Бангладеш останува една од најсироманшните држави во светот, многу зависна од странска помош. Го погодува непродуктивната и голема државна управа, корупцијата и оптоварениот со мали кредити банкарски систем, но продуктивно е делувањето на невладините организации и посебните установи кои непосередно соработуваат со локалните организации и домашните донатори на помош.

Туризам[уреди | уреди извор]

Туризмот е многу скромен (203.000 странски туристи најмногу од Индија); главни дестинации се Дака и долгите плажи покрај Кокс Базар и Текнафу.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патен сообраќај[уреди | уреди извор]

Бангладеш има 207.500 км патишта од кои 10% асфалтирани. На 23.6.1998 год. е отворен 4,8 км долгиот патничко-железнички мост Бангабанду преку Брамапутра со кој за првпат се поврзани з. и и. дел на државата, а во 2004 год. и 6 км долгиот мост преку реката Падме.

Железнички сообраќај[уреди | уреди извор]

Државата има 2706 км железнички пруги (884 км со растојание меѓу шините од 1676 мм и 1882 км со растојание од 1000мм); сите се изградени уште во колонијалниот период.

Бродски сообраќај[уреди | уреди извор]

Трговската морнарица има 40 брода со вкупна носивост од 441.000 т. Најголемо морско пристаниште е Читагонг. а помали се Калма и Монгла во делтата. Бангладеш има и 8400 км внатрешни патишта по кои се изведуваат 3\4 на товарниот и патничкиот сообраќај; главни пристаништа се Дака, Чандпур, Навабганџ, Барисал и Кулна.

Воздушен сообраќај[уреди | уреди извор]

Бангладеш има 8 аеродроми со редовен патнички сообраќај; најголемиот меѓународен аеродром е покрај Дака (Zia international). Национален превозник е "Biman Bangladesh airlines", кој е во државна сопственост.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Бројот на населението во Бангладеш во минатото многу брзо се зголемувал (1961 год.: 50,8 мил.; 1988 год.: 101,1 мил.), а во90-тите години на 20 век, со програмите за планирање на семејството, порастот донекаде е забавен (1989 год.: наталитет: 33,2 промили, природен прираст 21,6 промили). Речиси сите жители се Бенгалци (98%), зборуваат индоевропски бенгалски јазик и го пишуваат со посебно бенгалско писмо. Бо планините Читагонг живеат 12 народи сродни на Бурманците:, најмногу се Чакмаи, Мармаи, Трипури и Мрои. Малкуте небенгалски народи живеат на крајниот север( Сантоли,Касиии,Гарои). Постојат големи културни и јазични разлики меѓу муслиманските Бенгалци и тибетско-бурмнаските будистички народи во планините на И, потиснати на маргините на општеството. Според верската припадност жителите се главно сунитски муслимани (86%), потоа хиндуисти (12%), будисти и христијани.

Бангладеш е една од најгустонаселените земји во светот; поголемиот дел од населението живее на село и се занимава со земјоделство. Преовладуваат различни видови селски населби по должината на патиштата и на природните насипи покрај реките, каде што сигурноста е малку поголема од годишните поплави. Многу села не се приклучени ниту на патната, ниту на електричната мрежа. Заради големата сиромаштија во провинцијата, се е поинтезивно доселувањето во градовите, особено во Дака (1961 год.: 556.700 жит.; 1991 год.:6,1 мил.). Поголеми градови (2001 год.) се: Дака (5,64 мил., метрополитенскa област, 10,4 мил.), Читагонг (2,20 мил.), Кулна (811.000), Раџхаши (403.000).

Култура во Бангладеш[уреди | уреди извор]

Музика во Бангладеш[уреди | уреди извор]

Спорт во Бангладеш[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Државите на светот“ - Младинска књига, Скопје

Надворешни врски[уреди | уреди извор]