Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скопје
Од горе надолу, од лево на десно: Камениот мост, Македонскиот народен театар, Капан ан, МРТВ, Порта „Македонија“, статуа „Воин на коњ“, Скопско кале.
Од горе надолу, од лево на десно:
Камениот мост, Македонскиот народен театар, Капан ан, МРТВ, Порта „Македонија“, статуа „Воин на коњ“, Скопско кале.
Знаме на Скопје
Грб на Скопје
Mестоположба
Mестоположба на Скопје
Скопје на картата на Република Македонија

Координати : 42°0′0″ СГШ, 21°26′0″ ИГД
Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Скопје
Поштенски бр.: 1000
Повикувачки бр.: (+389) 02
Автомобилска ознака: SK
Заштитници: Св. Богородица
Портал: skopje.gov.mk
Историја
Стари имиња: Скупи
Управа
Земја: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Skopje Region.svg Скопски регион
Општина: Coat of arms of Skopje.svg Град Скопје
Бр. на општини: 10
Градоначалник: Коце Трајановски
Географија
Површина: 1.818
Надм. височ.: 240 м
Население
Население: 668.518[1]
Образование:


Скопјеглавниот и најголемиот град во Македонија, кој воедно претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

Име[уреди | уреди извор]

Зградата на Археолошкиот музеј и државниот архив

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/ Skoplje на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopiye (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопиа) на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp (Ускуп) на турски, итн.


Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

Историја[уреди | уреди извор]

Праисторија и антички период[уреди | уреди извор]

Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е.[2] Скопје за прв пат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.

Според историските податоци, во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии - 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.

Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.

Средновековна историја[уреди | уреди извор]

Скопското кале

За прв пат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.

На 16 април 1346 год. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј.

Османлиско ропство[уреди | уреди извор]

Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште.

На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил австрискиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен[3].

Пазарен ден во Скопје во почетокот на XX век

Во XIX век Скопје станува важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.

Првата и Втората светска војна[уреди | уреди извор]

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад во 1920-тите.
Споменик на ослободителите на Скопје

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Земјотресот од 1963[уреди | уреди извор]

Повеќе информации: Скопски земјотрес

Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Географски податоци[уреди | уреди извор]

Скопје се наоѓа на 21° 26' источна географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 m. Се простира на 1818 км² во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км. (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км².

Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

Клима на Скопје (1971-1990)
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек
Просечна максимална (°C) 4,3 8,4 13,8 18,5 23,7 27,5 30,0 30,0 26,0 19,3 10,2 5,1
Просечна минимална (°C) −3,4 −1,3 1,9 5,4 9,9 13,1 14,9 14,6 11,3 6,3 1,3 −2,4
Апсолутна минимална (°C) −8,5 −23,4
Просечно кол. врнежи (мм) 33,6 37,2 35,8 40,4 61,8 45,9 33,6 31,3 41,0 44,0 56,3 46,1
Административна карта на град Скопје.

Скопски населби и маала[уреди | уреди извор]

Видете: Скопски населби и маала

Територијална организација на Скопје[уреди | уреди извор]

Главна статија: Град Скопје

Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км², а најмала е Чаир со 3,5 км².

Население и демографија[уреди | уреди извор]

Етнички групи во Скопје.
Население низ историјата
Година Жители  %±
1856 20.800 —    
1858 21.000 +1,0%
1878 30.000 +42,9%
1888 22.250 −25,8%
1892 33.291 +49,6%
1913 43.331 +30,2%
1919 51.758 +19,4%
1926 69.269 +33,8%
1931 68.334 −1,3%
1935 70.716 +3,5%
1948 102.600 +45,1%
1953 139.200 +35,7%
1961 197.300 +41,7%
1971 312.300 +58,3%
1981 408.100 +30,7%
1994 448.200 +9,8%
2002 506.926 +13,1%
2006 668.518 +31,9%

Според новата територијална организација (припојување на општините Сарај и Кондово) градот Скопје има 668.518 жители (66,75% Македонци) меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.

Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот постојано се зголемува пред сè поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија) и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Луѓето денес во Скопје пред сè се доселуваат поради стопанско-економски причини или поради продолжување на своето образование. Светец заштитник на градот Скопје е Св. Богородица.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Автобус во Скопје

Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина. Во тек е подготовката за изградба на лесна градска железница.[4]

На 17 km југоисточно од Скопје се наоѓа аеродромот Александар Велики.

Туристички места[уреди | уреди извор]

Камениот мост навечер
Влезот на Старата скопска чаршија

Места од интерес за туристички разгледувања се:

  • Камениот мост, на реката Вардар е симбол на Скопје. Бил преработен во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој претставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
  • Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
  • Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
  • Соборниот храм Св. Климент Охридски. Тој се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
  • Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.
  • Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
  • Местото на родната куќа на познатиот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу плоштадот „Македонија“.
  • Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качаник се наоѓа стар аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за снабдување со вода на античкиот град Скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
  • Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудалната кула која што денес е музеј.
  • Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
  • Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите локалитети во Скопје. Куршумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Повеќе...

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Скопје е збратимено со следниве градови[5]:

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Податоци за Скопје
  2. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=46
  3. Поњавиќ, Кики Мангова (26 октомври 2009), "Пиколомини и Скопје - градот феникс", Утрински весник (3118)  Check date values in: |date= (help)
  4. Јовановска-Дојчиновска, Весна (22 ноември 2010). „Тргна процедурата за трамвај од Ново Лисиче до Ѓорче Петров“. Телма. http://www.time.mk/read/NONE/9f6a0d4a61/index.html. конс. 24 ноември 2010. 
  5. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=69 Збратимени градови на Скопје
  6. Дрезден - Партнетски градови. © 2008 Landeshauptstadt Dresden. http://www.dresden.de/en/02/11/c_03.php. конс. 29 декември 2008. 
  7. „Збратимен градови на Инстанбул“. http://www.greatistanbul.com/sister_cities.htm. конс. 8 септември 2007. 
  8. Erdem, Selim Efe. „İstanbul'a 49 kardeş“, Радикал, 3 ноември 2003. (на турски) „49 збратимени града во 2003“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Општо
Земјотресот од 1963
Туризам и комплетен преглед на градот
Слики