Шпанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Шпанија
Reino de España
Знаме Грб
ГеслоPlus Ultra
Химна"Marcha Real"

Главен град
(и најголем)
Мадрид
40°26′ СГШ 3°42′ ЗГД / 
Службен јазик Шпански
Народности (2011)
Демоним Шпанец
Уредување
 -  Крал Филип VI
 -  Премиер Маријано Рахој
ЕУ пристапила 1 јануари 1986
Површина
 -  Вкупна 505.992 км2 (51ва)
 -  Вода (%) 1,04%
Население
 -  проценка за 2011 г. 47,190,493 (28ма)
 -  Попис 2001 40,847,371 
 -  Густина 90 жит/км2 (106то)
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 -  Вкупно $1.495 трилиони 
 -  По жител $32,360 
Џини (2005) 32 (низок
ИЧР (2013)  0.869[1]
многу висок · 27ма
Валута Евро () (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .es
Повик. бр. +34

Кралство Шпанија или Шпанија (шпански и галициски: Reino de España или España; каталонски: Regne d'Espanya; баскиски: Espainiako Erresuma) — земја во југозападна Европа. Го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелилја на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземноморската страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велез и Алхукемас, и малиот остров Перехил.

Главен град на Шпанија е Мадрид. Површина на земјата е 505 992 км² а број на население според проценките во 2011 година изнесува 47 190 493 жители.

Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт ја има владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.

Етимологија на име[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Шпанија.

Праисториска Шпанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Праисторија на Иберија.

Праисторијата на денешна Шпанија започнува со отривањето на најраниот запис за постоење на човелики мајмун во Европа во пештера која се наоѓа на планината Атапуерка. Фосилите кои биле пронајдени таму датираат отприлика пред околу 1,2 милиони години. Современиот кроманонски човек на овие простори започнале да се населуваат пред околу 35.000 години. Во пештерата Алтамира постоела една од првите населби на овие простори пред околу 15.000 години. Според археолошките проучувања, на овие простори постоела развиена култура во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров во времето на доцниот Неолит и Бронзената ера.

Фенекијците, старите Грци и Картагените го населиле овој простор, колонизирајќи во околу 1100 п.н.е.. Фенекијските трговци го основале денешниот град Кадиз. Во текот на 9 век п.н.е. Античките Грци го колонизирале и основале градот Емпуриес по должината на Средоземно море, преоставајќи го јужниот дел на Фенекија. Од Стара Грција најверојатно произлегло и името Иберија, според реката Ибар. Во 6 век п.н.е. на полуостровот пристигнале Картагинците кои воделе војни со најпрвин со Грција а подоцна и со Римската империја. Најважен град којшто го основиле бил денешниот Картагина.

Праисторискиот период на тогашна Иберија завршил со започнувањето на Пунските војни, период кога територијата влегла во доменот на т.н. пишана историја.

Иберија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Иберија.

Иберија е назив кој бил користен од страна на Стара Грција за денешниот Пиринејски Полуостров (наречен и „Ибериски Полуостров“). Овој термин бил користен и од страна на Херодот. Проучувањето на Пиринејскиот Полуостров како географска целина се одвивало доста бавно. Еден од факторите бил поради разделеченоста од античкиот свет. Старите Грци и Фенекијците во однос на оваа територија ја користиле најмногу од економски интерес, според кое се смета дека сепак овие народи ја познавале многу добро Иберија, како по нејзиното крајбрежје така и во нејзината внатрешност.

За овој период од историјата на Иберија се знае дека во текот на 1 век, кралот Мавретанијан Јуба II имал огромна библиотека која содржала текстови и книги од Фенекија, и дека еврејскиот географ Марино од Тир поседувал материјали од таму кои му помогнале да ја состави картата на тогашниот познат свет. Но, ниту Грците ниту Римјаните не обраќале големо внимание на овие документи, така што голем дел од нив се исчезнати.

Во античко време, терминот Иберија немал географска, туку етничка основа. Познато е дека Ибериските племиња во 6 век п.н.е. живееле во околината на Монпелие, и дека во 5 век п.н.е., Есхил напишал „Рона тече покрај Иберија“.

Хиспанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хиспанија.
Римски мост во Кордоба

Хиспанија е име кое Римјаните го користиле за наименување на Пиринејскиот Полуостров. Римското освојување на полуостровот траело вкупно два века. Освојувањето на полуостровот било исполнето со крвави битки. По освојувањето на Хиспанија од страна на Римската империја, процесот на романизација на тамошните народи се одвивало без поголеми проблеми. Рим продонел од една страна многу за развивањето на полуостровот. Процесот на романизација започнал уште со победата на Римјаните над Картагина во Втората Пунска војна. Еден од најзначајните моменти на процесот на романизација на Хиспанија се случил во времето на императорот Веспазијан, кој доделил граѓанско право на хиспанските градови во 74 година, овозможувајќи им да добијат статус на римска општина. Тој статус им овозможил на Трајан и неговиот наследник Адријан, кои биле родени во Хиспанија, да станат римски императори.

Со доаѓањето на римјаните на Пиринејскиот Полуостров, тие главно се населувале или во постоечките градови или основале нови. Едни од најпознатите градови кои биле создадени во тоа време се: Таракон (лат. Tarraco), денешна Тарагона, Италика (лат. Italica), град во покраината Севилја, Емерита Августа (лат. Emerita Augusta), денешна Мерида.

Спанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Свеви.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кралство Галиција.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Спанија.
Територијата на византиската провинција Шпанија

Свевите, 406 година, тие во сојуз со Вандалите и Аланите ја преминале реката Рајна и ја зазеле Галиција. Во 466 година го примаат Аријанството, а од 560 година се католици. Кралството Галиција било основано во 410 година од страна на германското племе Шваби, кои стекнале независност од Западната Римска империја на територијата на римските провинции Галиција и Северна Лузитанија. Во 585 година, кралството на Швабите било претпено односно присоединето кон кралството на Визиготите. Визиготското кралство пак опстојувало до 701 година, а неговите територии влегле во составот на Кралство Астурија.

Во меѓу време од страна на Византија на овие простори била формирана провинцијата Спанија во периодот од 552 година до 624 година. Провинцијата ги опфаќала териториите на јужниот дел од Пиринејскиот Полуостров и Балеарските Острови. Територијата била освоена од страна на Јустинијан I.

Визиготска Хиспанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Визиготска Хиспанија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Визиготи.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Визиготско Кралство.
Полуостровот во 700

Визиготска Хиспанија е назив за територијата на Пиринејскиот Полуостров во времето кога бил владеен од страна на Визиготите. Овој период го опфаќа времето од битката кај Вујеа во 507 година до битката кај Гвадалета во 711 година. До 507 година, Визиготското Кралство, со центар Тулуз, ги контролирал Аквитанија, Нарбонска Галија и голем дел од Хиспанија. По поразот на Визиготите од страна на Франките во 507 година, и смртта на визиготскиот крал, Визиготите неговиот наследник Амаларих го одвеле во Хиспанија. Нивниот центар најпрво се наоѓал во Барселона, а потоа во Толедо.

Од 511 година до 526 година, Визиготите биле во сојуз со Остроготите, на чие чело се наоѓал Теодорих Велики. Во текот на 6 век дошло до војна околу тронот помеѓу Визиготите и источноримскиот цар Јустинијан I со неговиот претендент Атанагилда. Во војната, Византија победила, а Византијците немале намера да се повлечат и го зазеле југоисточниот дел од полуостровот каде се задржиле до 754 година. Овде тие ја создале и провинцијата Спанија.

Подоцна, на овие простори се појавил нов непријател, муслиманите кои во 711 година го зазеле скоро целиот полуостров, уништувајќи го целосно Кралството на Визиготите.

Ел Андалуз[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ел Андалуз.

Ел Андалуз е арапското име за деловите од Пиринејскиот Полуостров кои биле под власта на муслиманите односно под Маврите во периодот од 711 година до 1492 година. Од 711 година, територијата на денешна Шпанија и Португалија била завладеана од страна на народ кој оставил големо културно значење на овие простори. Сепак, владеењето на Маврите се одликувало со голема толеранција кон местното население. По создавање на Кралство Кастилја и Кралство Арагон, започнал процесот на постепено прогонување на муслиманскиот свет од полуостровот, и повторно завладување на овие простори од страна на христијанското население. Овој процес исто така е познат ѝ како Реконквиста. Арапите во текот на 13 век и 14 век започнале да се повлекуваат кон Гранада. Целосното исцрпување од островот завршило во 1492 година, по кое била создадена нова европска велесила, ...Шпанија.

Реконквиста[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Реконквиста.

Реконквиста претставува период на протерување на арапските Маври од Пиринејскиот Полуостров од страна на христијанското население во Шпанија и Португалија. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години.

Во времето кога Маврите навлегле на полуостровот, малобројното визиготско население се повлекло кон планинските предели на Астурија и Кантабрија, каде подоцна го основале Кралството Астурија. Карло Велики основал т.н. Шпанска марка која претставувала погранична зона и нејзината цел била да го сопре напредувњето на Арапите кон внатрешноста на Европа.

Битката кај Ковандога, која се одиграла во 720 година го означила почетокот на Реконквистата. По битката, Дон Пелајо бил прогласен за крал на Визиготите. По неговата смрт во 737 година, неговиот наследник Алфонсо I повторно покренал подход кон Маврите, напредувајќи кон Риоха и реката Дуеро.

Во текот на 10 век, христијанските кралства само ја шириле својата територија на сметка на Маврите. Астурските кралеви Ордоњо I и Алфонсо III Астурски ја потврдувале својата позиција покрај граицата со Арапите. Во 913 година било создадено Кралство Леон, време кога кралевите на Астурија ја преместиле престолнината од Овиедо во Леон. Кастилија благодарение на Фернан Гонзалез кој ја искористил смртта на Рамир II, успеала да ги утврди своите граници и да стане независна. Кастилија настанала на самата граница на Кралство Астурија. Територеијата била населена од Баскијци. До 13 век, Леон и Кастилија на повеќе пати биле соединувани и повторно разделувани. Конечно, во 1230 година дошло до последно обединување на Кастилија и Леон, кога Фернандо III од Кастилија го наследил Кралството Кастилија во 1217 година, а во 1230 година го наследува Леон од својот татко Алфонсо IX.

Што се однесува до муслиманскиот свет, сè додека тие останале единствени помеѓу себе, христијаните не можеле ништо да направат туку само да ја чуваат својата територија. Во 1034 година дошло до распаѓање на Кордопскиот халифат, кој бил поделен на повеќе од дваесет мали држави. По опва, христијаните добиле можност за побрзо напредување кон јужниот дел на полуостровот. Таифите бргу заклучиле дека нивните противници се премногу силни, па затоа стапиле во сојуз со Алморавидите, народ кој владеел со Северна Африка. Со нивна помош, муслиманите ги принудиле на Алфонсо VI да се повлече кон север во градот Ларида и Валенсија. Меѓутоа, многу бргу муслиманскиот сојуз се распаднал, па ова било повод за нов поход кон јужниот дел на полуостровот. Во 1125 година, берберското племе Алмохади ја зазела Северна Африка, а Алморавидите биле прогонети. Така, муслиманското население од Пиринејскиот Полуостров ги повикале на помош новите владетели на Северна Африка. Во 1146 година стигнале на полуостровот и ги освоиле сите територии кои претходно ги освоил Алфонсо VII. Во наредните години, и двете години се спремале за одлучувачката битка која се случила на 16 јули 1212 година, позната како битка кај Лас Навас де Толуз. Во битката, муслиманите претрпиле тежок пораз. По оваа голема победа, христијанските земји започнале да војуваат меѓусебно. Процесот на Реконквиста продолжил по 1230 година. Фердинанд III, крал на Леон и Кастилија во 1236 година ја зазел Кордоба, а во 1248 и Севиља. Џејми I Арагонски ги освоил Мајорка, Менорка и Валенсија. Последен паднал градот Гранада во 1492 година, под раководство на Католичките кралеви.

Кралство Шпанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Католички кралеви.

Католичките кралеви (шпански: Reyes Católicos) е титула која во историјата се користи за кралицата Изабела I Кастилјска и Фернандо II Арагонски. Оваа титула била дадена од страна на Папа Александар VI (во историјата е познат како Родриго Борџија). Тие се венчале во 1469 година во Ваљадолид.

Католичките кралеви го користиле своето познато мото: Tanto monta, monta tanto, Isabel como Fernando (македонски: „Колку вреди едното, толку вреди и другото, Изабела како Фердинанд“). Соединувајќи ги “круните“ на најголемите кралства во тоа време на Пиринејскиот Полуостров, Кралство Кастилија и Кралство Арагон. Со ова, тие всушност ги поставиле темелите на новото Кралство Шпанија, кое конечно било формирано во времето на нивниот внук Карло V. Со времето, оваа титула на еден начин му била оправдана ако се има предвид протерувањето на Маврите од Пиринејскиот Полуостров за време на Реконквистата.

Откривањето на Америка во 1492 година се совпаѓа со годината на крајот на Реконквистата. Преку колонизацијата на Новиот свет, Шпанија станала една од најголемите светски велесили во тоа време.

Шпанска империја и откривање на Америка[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанско колонијално царство.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Откривање на Америка.

Шпанското колонијално царство (шпански: Imperio Español) или Шпанско царство било едно од најголемите царства во светската историја како и едно од првите светски колонијални царства. Тоа во 15 век вклучувало територии и колонии во Европа, Америка, Африка, Азија и Океанија. Шпанија во 1492 се појавила како единствена монархија во Европа по завршувањето на Реконквиста на Пиринејскиот Полуостров. Кристофер Колумбо бил командант на првите истражувања на Атлантскиот Океан, коишто довеле придонесено за откривањето на новиот свет и колонизација на Америка.

Распространетост на Шпанската империја во времето на нејзиното постоење.

За време на ерата на истражувањето односно Големите географски откритија, Шпанија преку Карипските острови и новопронајдените територии придонела за уништување на империјата на Ацтеките и империјата на Инките, империи кои дотогаш опстојувале во Северна Америка и Латинска Америка. Подоцна новата империја се протегала од денешна Канада во Северна Америка до Огнена Земја во Јужна Америка. Шпанската експедиција на светско ниво започнува со Фернандо Магелан во 1519 година, а завршува со Хуан Себастијан Елкано во 1522 година, постигајќи го она што некогаш Колумбо го замислувал, откривање на патот кон Азија, преку Далечниот исток, каде започнало и колонизирањето на државите Гуам, Филипини и околните острови. Во времето на т.н. Златен век на шпанската книжевност, империјата се состоела од териториите на Холандија, Луксембург, Белгија, поголем дел од Италија, делови од Германија, делови од Франција, територии во Африка, Азија и Океанија, како и големи области во Америка.

Во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинта тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на морскиот пат за Индија. Тој најпрвин ги открил Канарските Острови од каде што на 6 септември тргнал на пет неделно патување по Атлантскиот Океан. Тој на копно стасал на 12 октомври 1492 кога морнарот Родриго де Тријана го здогледал копното.

Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.

Шпанците биле првите Европјани кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон[2] и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкез де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.

Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Хабзбуршка Шпанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хабзбуршка Шпанија.
Карлос I, познат најмногу како цар на Светото римско царство под името Карло V .[2]

Терминот Хабсбуршка Шпанија се однесува на периодот од историјата на Шпанија во текот на 16 век и 17 век (1506-1700), кога Шпанија била прогласена од страна односно водена од страна на Хабсбуршката династија. Под нејзино владеење, односно во времето на Карло V и Филип II, Шпанија била една од најголемите светски сили која контролирала делови од територијата на Америка до Филипините во Азија, Франција, Бенелукс, Германија, поголемиот дел од денешна Италија во Европа, во периодот од 1580-1640 ја вклучувала и Португалија. Поради оваа причина, овој период на шпанската историја, исто така, бил познат како "ера на експанзија". Во времето на последниот Хабсбургшки крал, во втората половина на 17 век, Шпанија постепено навлегувала во политички и културен пад.

Хабсбуршкото владеење на Шпанија завршило по смртта на последниот хабсбуршки крал на Шпанија, Карлос II, кое резултирало за започнување на Војната за шпанското наследство.

Просветителство во Шпанија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Просветителство во Шпанија.

Војната за шпанското наследство се водела во периодот од 1701 до 1714 помеѓу повеќето големи европски сили околу обединувањето на кралствата Шпанија и Франција под круната на Бурбонската династија. Од едната страна биле Франција и Шпанија предводени од Луј XIV кој сакал да ја приклучи Шпанија кон Франција, а од другата биле Светото Римско Царство, Британија, Холандија, Савоја, Прусија и Португалија, кои сметале дека сојузот на Франција и Шпанија ќе доведе до целосна доминација на Бурбоните во Европа. Војната завршила со мировните договори од Утрехт (1713) и Раштат (1714). Како резултат, Филип V останал крал на Шпанија, но бил исклучен од Бурбонската наследна лоза, така што бил спречен и трајно оневозможен личниот сојуз помеѓу двете кралства.

Филип V бил првиот Бурбонски владетел на Шпанија од 1700 година. Оваа гранка од Бурбонската династија владее со Шпанија до денес. Нејзин претставник е кралот Филип VI. Во текот на просветителството во Шпанија биле воведени големи реформи од страна на властите во Шпанија во сите области на животот. Просветителството во Шпанија започнало истоивремено со започнувањето на војната за шпанското наследство, а завршило по крајот на Наполеонските војни.

Шпанска војна за независност[уреди | уреди извор]

Војна за шпанското наследство

Шпанска револуција (1868)[уреди | уреди извор]

Прва Шпанска република и реставрација[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Прва Шпанска република.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанска реставрација.

Првата Шпанска Република бил политички режим кој функционирал во Шпанија со воведување на парлементарно управување во периодот од 11 февруари 1873 и 29 декември 1874 година, кога генералниот Мартинес Кампос дал проглас со кој го означил почетокот на Бурбонската реставрација односно обнова на Шпанија. Републиката била прогласена по абдикцијата на кралот на Шпанија Амадеј I на 10 февруари 1873 година. Така, следниот ден, на 11 февруари Шпанија била прогласена за република со парламентарно мнозинство составено од радикали, демократи и републиканци. Првиот обид на републиканците во историјата на Шпанија им претставувало едно кратко искуство, кое се карактеризирало со длабока политичка и социјална нестабилност и насилство. Републиката била управувана од страна на четири одделни претседатели- Естанислао Фигуерас, Франсиско Пи, Николас Салмерон и Емилио Кастелар. По само единаесет месеци бил направен државен удар при кое на власт дошол Франциско Серано.

Кралот Алфонсо XIII од Шпанија, во обид постепено да го врати претходниот систем и да го врати својот углед, го повикал Генералот Дамасо Беренгер да формира влада. Ова не било подржано од страна на другите политички сили во Шпанија, кои пак повикале на создавање на Втора Шпанска република. Дамасо Беренгер поднел оставка, а владата ја формирал Адмирал Азнар. Тој ги свикал изборите на 13 април 1931 година со цел да ги задоволи барањата на демократите и републиканците.

Така, на изборите социјалистите и републиканците издвојувале победа, а веднаш по изборите следувале големи улични немири кои повикувале за отстранување на монархијата од власт. Властите во армијата изјавиле дека ќе застанат на страната на народот, па така кралот бил принуден да ја напушти Шпанија. Така била прогласена и Втората Шпанска република.

Втора шпанска република и шпанската граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Втора Шпанска република.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шпанска граѓанска војна.

Втората Шпанска република била основана на 14 април 1931 година по поразот на Алфонсо XIII од Шпанија на локалните избори и неговата абдикација. По прогонот на кралот била формирана привремена влада на чело со Нисето Алкала Самора и истата се задржила до 9 декември 1931 година кога бил избран новиот Устав. Со Шпанија во тој период раководил републиканско-социјалистичката партија на Мануел Асанар.

Прв претседател (1931-1936) на оваа република станал Нисето Алкала Самора. Но, републиката била вовлечена во голема криза кога генералот Франсиско Франко извршил воен преврат со кое го означил почетокот на Шпанската граѓанска војна. Шпанската граѓанска војна (17 јули 19361 април 1939) е војна помеѓу шпанската републиканска влада и нејзините левичарски поддржувачи, од една страна, и бунтовниците, војската и десно-ориентираните елементи, на чело со Франсиско Франко од друга. Во војната се вмешаа и странски сили. Иако во принцип беше усвоена политика на немешање, СССР ја поддржуваше владата (иако помошта на СССР беше во голема мера двосмислена), а Франко беше поддржан од Италија на Мусолини и од Хитлерова Германија. На страната на владата се бореа и доброволци од многу земји, кои главно беа дел од Интернационалните бригади. Меѓу попознатите фигури што се бореа на страната на Републиката беа: Џорџ Орвел, Ернест Хемингвеј, Андре Малро и други.

Франсиско Франко[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Франкова Шпанија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Франсиско Франко.

Франциско Франко станал диктатор на Шпанија, по победата на републиканската влада во Шпанската граѓанска војна. Франко официјално застанал на чело на државата на 1 април 1939 година, а со Шпанија владеел сè до неговата смрт на 20 ноември 1975 година. Одмаздата на Франко започнала веднаш по завршувањето на војната, при што биле извршени безброј злосторства врз членовите на републиканците. Голем дел од Републиканците биле уапсени, убивани и покрај тоа што некои од нив биле само симпатизери на тој режим. Како резултат на тоа, илјадници граѓани на Шпанија морале да бараат егзил, претежно во Франција и Мексико. Оние кои што побегнале од државата обично се вклучувале во борбата против национализмот и нацизмот. Еден таков пример е митрополитот Луис Компанис кој побегнал во соседна Франција. Во 1940 година, тој бил уапсен од страна на Вишиевска Франција на чие чело се наоѓал Филип Петен и истиот бил екстрадиран во Шпанија.

Иако Франко во Шпанија под неговото владеење донесел некои орнаменти на фашизмот, неговото владеење не се смета фашистичко; Главната разлика се гледа во то што фашизмот општеството го гледа со односно го трансформира со револуциија а неговото владеење не се соучувало со таа идеологија [3][4][5][6]

По крајот на Втората светска војна, Франко и неговата Шпанија биле вовлеени во политичка изолација од страна на САД, Велика Британија и.т.н. Во 1946 година било употребено ембарго за Шпанија и француската граница кон Шпанија била затворена. Економијата на Шпанија била пред колапс.

По зголемените тензии помеѓу САД и СССР во 1950-тите, ги принудила на САД да бараат нови сојузници во Европа. Франко бил прогласен за голем противник на комунизмот и се сметало дека тоа Шпанија би ја направил можен сојузник на САД за време на Студената војна. Така, изолацијата на државата траела до 1953 година кога Шпанија и САД потпишале договор во Мадрид според кој Шпанија добила економска помош во замена за американските воени бази. Истата година, во 1955 година, Шпанија потпишала конкордат со Ватикан. Шпанија била примена во ООН во 1955 година и Светската банка во 1958 година. [7]

Франко починал на 20 ноември 1975 година на возраст од 82 години, на истиот датум на којшто починал и Хозе Антонио Примо де Ривера, основач на Фаланга.

Шпанија денес[уреди | уреди извор]

Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт ја има владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.

Географија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Шпанија.

Вкупната површина на земјата изнесува 504 030 km², и според тоа се наоѓа на 51 место по големина во светот. Земјата го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелилја на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземноморската страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велез и Алхукемас, и малиот остров Перехил.

Шпанија зазима 83% од вкупната плоштина на Пиринејскиот полусотров. Таа е трета најголема држава во Европа, по Украина и Франција. Нејзините морски граници изнесуваат 4 964 километри преку кој Шпанија ги подржува врските со останатите држави. Таа излегува на два водни базени, јавувајќи се како средоземноморска и атланска држава. Нејзината граница со Франција е долга 623 километри, а со Андора 64 километри, Португалија 1 214 километри, Мароко 15,9 километри преку градот Сеута. Шпанија се наоѓа во умерениот појас, чиј релеф и кима многу се разликуваат, во зависност од местото. Често, за климата во Шпанија се вели дека е средоземноморска. Но, таа се јавува само на југ и исток.

На исток и југ, каде преовладува медитеранската клима, средните месечни температури се движат од 13 °C до 25 °C. Летата на овие региони се топли, суви со максимални температури до 48 °C. Така, овој дел има најголем број на сончеви денови во Европа. Зимите се умерени. На северозапад, климата е постудена и температурите се движат од 8-20 °C. Во Централна Шпанија, каде климата е континентална, температурите се движат од 3-23 °C, но во зимните периоди тие можат да паднат и под 0 °C

Државно уредување[уреди | уреди извор]

Шпанија е парламентарна монархија, на чие чело стои монарх (во моментот Филип VI). Законодавната власт се состои од две палати, сенат или Горниот дом и Конгрес на парламентарците кои се избираат на секои четири години. Извршната власт е раководена од страна на премиер. Исто така, локалните органи на власта (17 ентитети) имаат свои парламенти и влади, со широки овластувања.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Политички, Шпанија е поделена на седумнаесет автономни заедници: на север - Галиција, Астурија, Кантабрија, Баскија, Риоха и Навара; на исток - Арагон, Kaталонија, Валенсија, Балеарски Острови; во централниот дел - Кастилја и Леон, Мадрид, Кастилја-Ла Манча и Екстремадура; на југ - Андалузија, Мурсија, Канарски Острови. Покрај тоа, постојат два автономни градови на африканскиот брег, Сеута и Мелилја. Сегашните автономни области се формирани во 1983 година. По територија, најголемиот регион е Кастилја и Леон, а најмалиот - Балеарските Острови. Со најмногу население е Андалузија, а најмалку е Риоха.

Административно, земјата е поделена на 50 покраини. Седум автономни региони се состојат од по една покраина - Астурија, Кантабрија, Навара, Риоха, Мадрид, Мурсија и Балеарските Острови.

Најниската административна единица во Шпанија е општината (municipio), како нивниот број е 8.111. Историски, одредени региони се поделени на окрузи наречени „комарки“ (comarcas), кои претставуваат нешто како окрузи. Автономните области имаат широка законодавна и извршна независност, со парламентарна и регионална власт.

Економија[уреди | уреди извор]

Според Светската Банка, економијата на Шпанија е девета по големина во светот и пета во Европа. За 2007 година, БВП на човек од населението бил 33,700 $,со кое земјата ги надминала и некои држави кои се дел од Г-7, како Италија на пример, а како показател се наоѓа по Јапонија и Франција чиј БВП изнесува 33,800 $. Растот на шпанската економија за 2007 година бил 3.7 %, според кој показател е најголем успех помеѓу членовите на Г-7 и другите европски држави.

Владата на Хозе Марија Аснар успешно го вовела еврото како национална валута во почетокот на 1999 година и успешно се справила со невработеноста, која во моментот е 7,6% и е меѓу најниските во Европа (во 90-те години невработеноста достигнала 20%). големата слаба страна на економијата е сравнитело високата инфлација [8],, но и покрај тоа шпанската економија се очекува да расте побрзо од просекот во ЕУ, благодарение на индустријата и зголемената трговија со Латинска Америка и Азија.

Економијата на Шпанија успеала да избегне нулта раст за разлика од повеќето други големи европски земји. [9] Помеѓу 2000 и 2005 Шпанија создала половина нови работни места во целата Европска Унија. [10] Таа продолжува да е една од најголемите динамични економии во ЕУ и привлекува многу странски инвестиции. [11] Според некои истражувања се очекува земјата да ја надмине Германија по БДП на човек од неселнието во 2011.

Еден од најразвиените мадридски региони

Современа Шпанија е високо развиена индустриско-аграрна земја. По обем на индустриско производство, земјата е на петто место во Европа и на осмо место во светот. Најразвиени индустриски гранки се инженерството, автомобилството, бродоградбата, авиони, електротехниката, хемиската, текстилната индустрија. Земјата е богата со корисни ресурси. Шпанија е голем производител на вино (трето место во Европа), ориз (највисока експлоатација во светот), бадем, тутун, маслинки (на прво место во светот по производство на високо квалитетно маслиново масло). Најголемите автомобилски производители фабрики се наоѓаат во Марторел (блиску до Барселона), Виго, Зарагоза, Валенсија, Мадрид, Памплона, Барселона, Ваљадолид. Авиони се произведуваат во Севиља (две фабрики), Гетафе (близу до Мадрид) и Кадиз, а хеликоптери - во новата фабрика во Албасете. Најголемите центри на локомотиви се наоѓаат во Лас Матас (до Мадрид), Сан Андреј Комтал (до Барселона), Беасаин и Ирун (на баскиски), Зарагоза, Валенсија и други. Таму се произведуваат едни од најбрзите возови во светот.

Важен удел во економијата на земјата има меѓународниот туризам. Годишно Шпанија се посетува од околу 60 милиони туристи (95% од нив се од западноевропските земји). Земјата има најголема во Европа материјално-техничка база за сервисирање на бројните посетители. Голем дел од населението е ангажирано во областа на туристичката услуга, а приходите од туризмот се проценуаат на 40 милијарди евра.

Изградбата забележува голем развој во последното деситилетие. Во просек на секој шпанец се паѓа по 45 m² на стан (2005 година). За споредба: Во Узбекистан на секој жител се паѓа помеѓу 14 m², во Русија - 20,5 m², во Бугарија и Унгарија - по 30 m², во Ирска - по 33 m², во Португалија - по 36 m², во Франција - 37 m², во Германија - 44 m², во Данска - 52 m², во Луксембург - 53 m², во Шведска и Белгија - по 55 m². Уделот на сопственици на куќите изнесува 87% од населението. Според овој показател Шпанија зазема првото место во Унијата.

Демографија[уреди | уреди извор]

  1. „2014 Human Development Report“. 14 март 2013. стр. 21–25. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. конс. 27 јули 2014. 
  2. Patrick, James (2007). Renaissance and Reformation. Marshall Cavendish. стр. 207. ISBN 0761476512, 9780761476511. http://books.google.com/books?pg=PA207&dq=charles+V+was+the+most+powerful+monarch+of+his+day&id=i6ZJlLHLPY8C&output=html. 
  3. Laqueur, Walter Fascism: Past, Present, Future p. 13 1996 Oxford University Press]
  4. De Menses, Filipe Ribeiro Franco and the Spanish Civil War, p. 87, Routledge
  5. Gilmour, David, The Transformation of Spain: From Franco to the Constitutional Monarchy, p. 7 1985 Quartet Books
  6. Payne, Stanley Fascism in Spain, 1923–1977, p. 476 1999 Univ. of Wisconsin Press
  7. The World Bank. Spain. History
  8. Spain's Economy: Closing the Gap,“ in the OECD Observer, May 2005. 8 јули 2007.
  9. OECD figures
  10. Economic statistics
  11. Official report on Spanish recent Macroeconomics, including tables and graphics

Култура[уреди | уреди извор]

Јазик[уреди | уреди извор]

Религија[уреди | уреди извор]

Римокатоличкото христијанство е најголема религија во Шпанија. Според една студија од јули 2009 година спроведена од страна на шпанскиот Центар за социолошки истражувања, околу 76% од Шпанците се приврзаници на католизмот, 2% на друга вера, и околу 20% не се идентификуваат со религијата. Повеќето Шпанци не учествуваат редовно во религиозни литургии. Оваа студија покажува дека Шпанците не се сепак религиозна нација, бидејќи 58% од вкупниот број на население многу ретко или никогаш не одат во црквата, 17% одат во црква неколку пати годишно, 9% барем еднаш во еден месец и 15% секоја недела или повеќе пати неделно.

Шпанија е држава која во текот на својата историја водела големи борби на религиозно ниво, главно против исламот и јудаизмот, а во помала мера со протестантството. Поголемиот дел од Пиринејскиот полуостров бил христијанизиран во времето кога истиот бил дел од Римската империја. По слабеењето на Рим, германските племиња извршиле инвазија врз поголемиот дел од териториите на поранешната империја. Во 410 години Шпанија била заземена од страна на Визиготите кои го наметнале Аријанството. Во 711 година полуостровот бил нападнат од страна на Маврите од Северна Африка, каде формирале држава наречена Ел Андалуз и како таква (со мали промени) се задржала во следните 8 векови. Така, исламот станал најголема религија на овиепростори, бројот на муслимани се зголемил во најголема мера а додека поголемиот дел од населението останало христријанско. Во тој период, многу цркви биле претворени во џамии. Христијанството успеало да се задржи само во Сантјаго де Компостела. Средновековна Шпанија била местото на речиси постојаното војување меѓу муслиманите и христијаните. Така се задржало се до заврѓувањето на Реконквистата во 1492 година. Веднаш по ова, била објавена шпанската инквизиција од страна на Изабела I Кастилјска и Фернандо II Арагонски за заштита на верата против разни еретици и кривоверци со цел тие да ја прифатат католичката вера. Во оваа група попосле спаднале и Евреите по што биле присилени (во 1492) да се преселат од пиринејскиот полуостров.

Шпанија го спровела католицизмот во Новиот свет и на Филипините. Шпанскиот крал инсистирл на независност од папата. Инквизицијата конечно била укината во 1830 година. Католицизмот станал државна религија во 1851, кога за шпанската влада потпиша конкорд со Ватикан. Овој пакт бил укинат во 1931 година со прогласувањето на Втората Шпанска република. Во текот на граѓанската војна, околу 7.000 свештеници биле убиени.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]