Поату-Шаранта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поату-Шаранта
—  Регион на Франција  —

Знаме
Земја Франција
Префектура Поатје
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Сеголен Ројал (PS-Социјалистичка партија)
Површина
 • Вкупна 25.809 км2
Население (2007-01-01)
 • Вкупно 1.722.000 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
NUTS FR5
Портал poitou-charentes.fr

Поату-Шаранта (француски изговор: [pwatu ʃaʁɑ̃t]  ( слушнете)) е сдминистративен регион во централнозападна Франција кој се состои од 4 департмани: Шаранта, Приморска Шаранта, Де Севр и Вјена. Регионот се наоѓа на територијата на Големиот француски југозапад со население од 1.752.708 жители во 2008[1], со средна густина од 68 жители на км². На север се граничи со регионите Центар и Лоарски Крај, на исток со Лимузен а на југ со Аквитанија. На западната страна излегува на Атланскиот океан. Главен град на регионот е Поатје.

Историја[уреди | уреди извор]

Поранешен грб на грофовите на Поатје

Поату е историски регион во централнозападна Франција. Главен град е Поатје, воедно и поранешна престолнина на провинцијата. Регионот најпрво бил населен со Пиктони, галско племе, а потоа бил освоен од страна на Римјаните во 56 п.н.е. кои областа ја припоиле кон Галија како дел од провинцијата Аквитанија. Визиготите го освоиле регионот во 418 а под власта на Франките потпаднал во 507. Во 732- 733, Карло Мартел ја сопрел муслиманската инвазија на Западн Европа со победата во битката кај Поатје. Од 10 до средината на 12 век, грофовите на Поату биле воедно и војводи на Аквитанија, а градот Поатје станал значаен центар. Во 1152, Поату потпаднал под англиска контрола преку бракот на Елеонора Аквитанска со Хенри II (подоцна крал на Англија). Регионот се обединил со француската Круна во 1416 и постоел како провинција на Франција сé до Француската револуција (1789–95), кога бил поделен на три департмана, Вјена, Де Севр, и Вeнде.

Демографија[уреди | уреди извор]

Поатевинско мочуриште, Поату-Шаранта

Се верува дека од овој регион потекнуваат најмногу Акадијци и Кажуни од населението во Северна Америка (во местата Њу Бранзвик, Луизијана, Нова Шкотска, Островите Принц Едвард, Гасп (полуостров) полуостровот Гасп во Квебек, Мејн и Њуфаундленд .[2] Нивните претци имигрирале од овој регион во Америка во текот на 17 и 18 век. Отпрвин, овие француски имигранти од Поату се населиле во источна Канада, и воспоставиле земјоделско и приморско стопанство (сточарство и риболов). Ова подрачје на "Новиот Свет" Французите го нарекувале Аркадија според митот за изгубениот континент Аркадија. Потоа, после депортацијата во 1755 на Аркадијците од страна на Англичаните, истиот бил наречен Нова Шкотска (Nova Scotia). Денес во Франција населението што живее во овој регион се нарекува Пикто-Шаранти (Picto-Charentais).

Политика и администрација[уреди | уреди извор]

Регионалниот совет е составен од 56 члена. Со регионот раководи Сеголен Ројал припадничка на Социјалистичката партија на Франција и кандидат за претседател на претседателските избори во 2007.

Јазик[уреди | уреди извор]

Три регионални јазици, поатевински, сентожески јазик и лимузенски дијалект се зборуваат од помала група во регионот. Главно се користи официјалниот француски јазик.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Поату-Шаранта е океанска [3]. Врнежите во текот на годината варираат меѓу 650 мм и 900 мм, повеќе застапени на североисток на регионот (северно во департманот Вјена) помалку на југозапад (брегот кај Приморска шаранта). Зимите се благи а летата топли. Забележани се, особено на брегот 2000 часови сончеви денови годишно. Снеговите и мразот се повремени и не траат долго.

Луѓе од Поату-Шаранта[уреди | уреди извор]

Поголеми градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Système d'Information Régional Poitou-Charentes
  2. source: Dr. Carl Brasseaux, director of the Center for Louisiana Studies at The University of Louisiana in Lafayette, LA
  3. Habitats faune-flore Natura2000 en Pays-de-Loire

Надворешни врски[уреди | уреди извор]