Нијагарини водопади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поглед од воздух врз Нијагарините водопади

Нијагарините водопади се низа на водопади кои се наоѓаат на реката Нијагара во источна Северна Америка, на границата помеѓу САД и Канада. Нијагарините водопади (француски јазик: „les Chutes du Niagara“) се состојат од три различни водопади: Потковични водопади (познати исто како и Канадски водопади), Американски водопади и помалите Водопади на невестинскиот превез. Нијагарините водопади не се многу високи, но, се мошне широки. Низ нив просечно течат околу 110.000 вода секоја минута па сè до максимум од 165.000 m³ во минута. [1] Тоа ги прави најмоќните водопади во Северна Америка и најверојатно најпознатите во светот.[2]

Географски гледано, Нијагарините водопади се наоѓаат на дваесет-минутно возење од американскиот град Бафало во државата Њујорк и на час и половина возење од канадскиот град Торонто. Некои извори погрешно тврдат дека низ водопадите течат просечно 330.000 кубни метри на минута или дури и повеќе. Таа бројка е точна кога станува за просечниот тек на самата река, но, голем дел од тоа се пренасочува за хидроелектрични потреби пред да стигне до водопадите. Нијагарините водопади се прославени заради нивната убавина, но, исто претставуваат важен извор на хидро-електрична струја. Водопадите претставуваат популарна туристчка атракција скоро еден век и ова природно чудо го делат збратимените градови Нијагарини Водопади (Онтарио) и Нијагарини Водопади (Њујорк).

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Тривијални податоци - Нијагарини Паркови, Нијагарини Водопади, Онтарио, Канада“ (на англиски). http://www.niagaraparks.com/nfgg/trivia.php. 
  2. „Најдобрите Водопади на Светот“ (на англиски). http://www.travelersdigest.com/best_waterfalls.htm. 

Координати: Erioll world.svg 43°04′41.57″N, 79°04′33.31″W


Шаблон:Link FA

Шаблон:Link FA