Грчки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грчки јазик
Ελληνικά
Ellīniká
Изговор [e̞liniˈka]
Застапен во Грција, Кипар, САД, Австралија,
Германија, Турција, Обединетото Кралство, Канада,
Русија, Албанија, Украина, Франција, Грузија,
Италија, Бугарија, Ерменија и остатокот од грчката дијаспора.
Подрачје Балкан
Говорници 12 милиони[1][2]  
Јазично семејство
индоевропско
  • грчки јазик
Статус
Службен во

 Грција
 Кипар
 Европска Унија


Признат како малцински јазик во:
 Албанија[3]
 Ерменија[4][5]
 Италија[3]
 Романија[4]
 Украина[4]
Јазични кодови
ISO 639-1 el
ISO 639-2 gre (B)
ell (T)
ISO 639-3 Разни:
grc — Антички грчки
ell — Модерен грчки
pnt — Пондиски грчки
gmy — Микенски грчки
gkm — Средновековен грчки
cpg — Кападокиски грчки
tsd — Цаконски грчки
 лице  Ελληνας [елинас]]
 народ  Ἕλληνες [елинес]
 јазик  Ελληνικά [елиника]
 држава  Ελλάδα [елада]

Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индоевропски јазик кој се зборува главно во денешна Грција.

Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.

Грчкиот е официјален јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е официјален и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те официјални јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.


Потекло[уреди | уреди извор]

Грчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индо-европски јазик.[6] Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14тиот век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само Ведскиот Санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римската Империја.[се бара извор] Се предава во школи и универзитети во многу земји за време на ренесансата и по неа. Современиот грчки, кој се разликува во многу погледи од старогрчкиот се уште е препознатлив како ист јазик (со мали разлики), активно е зборуван од околу 12 милиони луѓе ширум светот, повеќето од кои живеат во Грција. Грчкиот јазик традиционално се пишува со посебната грчка азбука - првата азбука што воведува самогласки. Грчката азбука постои од 9 век п.н.е.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Грчкиот јазик има комплексна граматика. Таа вклучува девет глаголски времиња, четири падежи (Номинатив, Акузатив, Генитив и Вокатив) и три рода (машки, женски и среден). Карактеристично за именките во грчкиот јазик е што тие секогаш се пишуваат со соодветниот член за родот на кој таа именка припаѓа. Дури и множинските форми имаат различна форма на членот во зависност од родот, слично на албанскиот јазик (за разлика од некои индо-европски јазици како германскиот во кој членот на множинската форма е ист за сите родови). Исто така личните заменки во трето лице еднина и множина варираат во зависност од родот.

Извори[уреди | уреди извор]


Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на грчки јазик