1 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јули >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31


1 јули е 182-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар (183-и во престапна година). Остануваат 183 денови до крајот на годината.

Настани:

1097  Започнала Битката кај Дорилеја во текот на Првата крстоносна војна помеѓу Турците Селџуци и крстоносците.
1147  Започнала Опсадата на Лисабон која траела се до 25 октомври 1147 година. По ова Лисабон бил преземан од страна на португалците и крстоносците.
1520  Тажната ноќ“ (La Noche Triste) — здружените мексиканско-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес.
1867  Стапил во сила Актот за британска Северна Америка, со кој се обединиле покрините Канада, Њу Бранзвик и Нова Шкотска во Канадска конфедерација. Ден на Канада.
1921  Во Шангај е основана Комунистичката партија на Кина.
1962  Руанда и Бурунди се здобиваат со независност.
1963  Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa.
1979  Сони го патентира вокменот.
1997  Предавање на суверенитетот над Хонг Конг од Велика Британија на НР Кина.
2000  Пуштен во употреба Ересундскиот мост помеѓу Данска и Шведска

Родени:

1646  Готфрид Лајбницгермански математичар.
1804  Жорж Сандфранцуска писателка.
1902  Вилијам Вајлерамерикански режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1909  Никола Парапунов — македонски револуционер.
1938  Александар Курлјандски — творец на Ну, погоди!.
1939  Паскал Гилевски — македонски поет.
1941  Симеон Гугуловски — македонски оперски пејач и изведувач на родољубиви песни.
1946  Слободан Сантрач — српски и југословенски фудбалер и тренер.
1955  Ли Кеќангпремиер на НР Кина.
1955  Владимир Петровиќ - Пижон — српски и југословенски фудбалер.
1961  Карл Луис — познат американски атлетичар.
1961  Дијана — Принцеза од Велс.
1967  Тони Михајловски — македонски татарски, филмски и телевизиски актер, водител и шоумен.
1976  Реваз Миндорашвили — грузиски борач, на ЛОИ 2008 одржани во Пекинг го освои златниот медал во дисциплината слободен стил до 84 кг.
1976  Руд ван Нистелројхоландски фудбалер.
1976  Патрик Клајвертхоландски фудбалер.
1977  Бјерн Лекеманс — белгиски велосипедист.
1982  Јохан Чоп — швајцарски велосипедист.
1989  Том-Јелте Слагтер — холандски велосипедист.
1990  Ендру Фен — британски велосипедист.

Починале:

251  Дециј Трајан — римски цар, попознат е и како Гај Месиј Квинт Дециј Трајан.
1839  Махмуд II — триесетиот султан на Отоманската империја.
1876  Михаил Бакунин — руски револуционер.
1894  Алан Пинкертонамерикански приватен детектив, основач на првата детективска агенција.
1896  Хариет Бичер Стоуамерикански аболиционист и автор.
1961  Луј Фердинан Селин — истакнат француски писател.
1974  Хуан Перонпретседател на Аргентина.
2001  Николај Басовруски физичар, добитник на Нобелова награда.
2004  Тодор Скаловскимакедонски композитор.
2004  Марлон Брандо — истакнат американски глумец.
2005  Лутер Вандрос — американски музичар.
2008  Живко Стефановски — македонски функционер, писател, новинар и публицист.
2008  Шерафетин Неби — македонски глумец.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември

Надворешни врски[уреди | уреди извор]