23 март

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< март >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

23 март е 82-иот ден во годината според григоријанскиот календар (83-и во престапна година). Остануваат 283 денови до крајот на годината.

Настани:

1309  Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција.
1801  Александар I станал цар на Русија.
1806  Англија ја забранила трговијата со робови.
1821  Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата.
1879  Започнала јужноамериканската Пацифичка војна.
1918  Литванија се здобила со независност.
1919  Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење.
1933  Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања.
1956  Пакистан станал исламска република
1961  Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.
1994  Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1996  Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
2003  Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ.

Родени:

1868  Дитрих Екарт — германски политичар, клучен во почетоците на Нацистичката партија.
1900  Ерих Фром — германски филозоф и психоаналитичар.
1908  Џоан Крафорд — американска актерка.
1912  Вернер фон Браун — германски физичар.
1931  Виктор Корчној — руски шахист.
1940  Ристо Шишков — македонски театарски, филмски и телевизиски артист.
1953  Чака Кан — американска пејачка.
1953  Ивица Шурјак — хрватски и југословенски фудбалер.
1956  Жозе Мануел Барозо — претседател на Европската комисија.
1962  Стив Редгрејв — британски веслач.
1968  Фернандо Јеро — шпански фудбалер.
1968  Дамон Албарн — англиски пејач.
1973  Јержи Дудек — полски фудбалски голман.
1977  Трајче Стојанов — македонски филозоф.
1984  Луис Анхел Мате — шпански велосипедист.
1985  Џонатан Ивер — француски велосипедист.

Починале:

1103  Одо I — бургински војвода.
1361  Хенри Гросмонт — војвода од Ланкастер.
1369  Петар Кастилјски — крал на Кастилја од 1350.
1555  Јулиј III — римски папа од 1550.
1801  Павле Iцар на Русија.
1842  Шари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1907  Константин Победоносцев — руски државник и правник.
1948  Николај Александрович Берѓаев — руски философ.
1937  Џон Дејвисон Рокфелер — американски индустријалец и филантроп.
1993  Џулиета Масина — италијанска артистка.
2008  Борис Дворник — хрватски актер.
2011  Елизабет Тејлор — британско-американска актерка.
2015  Ли Куан Јупремиер на Сингапур.

Празници:

1961  Светски ден на метеорологијата
  Св. маченик Кодрат Коринтски — православен верски празник.
  Св. Турбиј Монгровејски — католички верски празник.
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември