Куба
Република Куба República de Cuba (шпански)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Patria o Muerte(шпански) „Татковина или смрт“[1] |
||||||
Химна: La Bayamesa[2] |
||||||
Главен град | Хавана |
|||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански | |||||
Народности | 65.05% Европејци, 10.08% Африканци, 23.84% мулати[3] | |||||
Демоним | Кубанец | |||||
Уредување | Еднопартиска социјалистичка комунистичка држава[4] |
|||||
- | Претседател | Раул Кастро | ||||
- | Заменик претседател | Хозе Рамон Мачадо Вентура | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
- | објавена | 10 октомври 1868 | ||||
- | основана република | 20 мај 1902 од САД |
||||
- | Кубанска револуција | 1 јануари 1959 | ||||
Површина | ||||||
- | Вкупна | 110.861 км2 (105th) | ||||
- | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
- | проценка за 2008 г. | 11.451.652 (2009)[5] (73-та) | ||||
- | Попис 2002 | 11.177.743 | ||||
- | Густина | 102 жит/км2 (97-ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
- | Вкупен | $108.2 милијарди[5] (64th) | ||||
- | По жител | $9,500 (107-ма) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
- | Вкупно | $55.18 милијарди[5] (70-та) | ||||
- | По жител | $4819 (пресметано) (86-та) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.815[6] многу висок · 44та |
|||||
Валута | Кубанско пезо (CUC ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-5) | |||||
- | (ЛСВ) | (UTC-4) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .cu | |||||
Повик. бр. | +53 |
Куба (шпан. República de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.
Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Проток до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.
Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.
Содржина
Етимологија[уреди | уреди извор]
Името „Куба“ потекнува од јазикот таино и неговото точно значење не е целосно познато. Називот може да се преведе како „место каде плодната земја е во изобилство“ што на таино би било „кубао“[7] или како „големо место“ („коабана“).[8] Покрај ова тврдење, потои уште едно кое тврди дека кога Кристофер Колумбо пристигнал на островот го именувал според стариот град Куба во Португалија.[9]
Историја[уреди | уреди извор]
Географија и клима[уреди | уреди извор]
Куба е средноамерикански островски архипелаг во Карипското Море и Мекисканскиот Залив. Северозападно од Куба се наоѓаат САД, северно се наоѓаат Бахамите, источно се наоѓа Хаити, јужно се наоѓаат Кајманските Острови и Јамајка додека на запад преку заливот е Мексико. Главниот остров на државата е Куба, но во околината се наоѓаат островските групи: Колорадоски Архипелаг на северозапад, Архипелаг Сабана-Камагвеј на север, Хардинас де ла Реина на југ и Канареоски Архипелаг на југозапад. Главниот остров е претежно низински, но пристутен е и планинскиот масив Сиера Маестра. Вкупната површина на Куба изнесува 110.860 километри квадратни и има население од 11.451.652. Главен град е Хавана, додека официјален јазик е шпанскиот јазик.
Климата на Куба е тропска. Општо гледано од ноември до април е сушна сезона во државата, додека од мај до октомври е влажниот период. Средна температура во Куба е 21 степен целзиусов.
Политички систем[уреди | уреди извор]
Куба станала социјалистичка република со уставот од 1976 година, но тој устав бил заменет со нов во 1992 година кој се базира на марксистички, ленинистички и идеите на Фридрих Енгелс.[4] Уставот ја карактеризира Комунистичката партија на Куба како „водечка сила на општеството и државата“.[4] Првиот секретар на Комунистичката партија е претседател на државниот совет или наречен претседател на Куба и претседател на советот на министри или порано познат како Премиер на Куба.[10] Членовите на двата совета се избрани од страна на Националното собрание на народната сила.[4] Претседателот на Куба исто така е избран од страна на Собранието за мандат од пет години, но без ограничување при кандидирање.[4]
Врховниот суд на Куба е највисока правна институција во државата. Собранието има капацитет од околу 609 пратеници кои имат петгодишен мандат.[4] Собранието заседава двапати годинишно. Во Куба забрането е политичка партија да има политички ангажман како собири, митинзи или кандидирање на пратеници, иако Комунистичката партија досега има забележано такви ангажмани.
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Куба се дели на 14 покраини и една специјална општина (Исла де ла Хувентуд). Овие се дел од историските покраини: Пинар дел Рио, Хабана, Матанзас, Лас Вилас, Камагвеј. Покраините се понатаму се поделени на општини.
Од запад кон исток, покраините на Куба се следниве:
- Пинар дел Рио
- Артемиза
- Хавана
- Мајабеке
- Матанзас
- Сиенфуегос
- Вилја Клара
- Санкти Спиритус
- Сиего де Авила
- Камагвеј
- Лас Тунас
- Гранма
- Олгин
- Сантјаго де Куба
- Гвантанамо
- Хувентуд - остров со статус на „специјална општина“
Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, Куба има население од 11.177.743. Етнички гледано, 7.271.926 се белци, 1.126.894 црнци и 2.778.923 мулати.[11] Куба исто така е дом на азиско население каде има околу 1% луѓе со азиско потекло, најмногу со кинеско.
Официјално Куба е атеистичка држава, но на териоријата на државата се практикуваат поголем број религии. Најдоминантна религија во државата е католицизмот[12]
Економија[уреди | уреди извор]
Од полјоделските култури во Куба најмногу се одгледува шеќерна трска, потоа: тутун, кафе, ананас, банани, лимони, портокали и др. По производство на шеќер Куба го зазема првото место во светското производство. Во помали количини се одгледува: пченка, ориз, градинарски производи, овошје и др. Рудното богатство во Куба се состои од големи резерви на железна руда (околу 3,5 милијарди тони), потоа на: бакар, хром, манган, злато, нафта и др. На основа на рудното богатство многу индустриски гранки се во развој. Од нив најразвиени се прехранбената (производство на шеќер во повеќе од 200 фабрики), потоа тутунската, текстилната, хемиската, градежната индустрија и др. Во поново време подигнати се повеќе рафинерии на нафта и др.
Во надворешната трговија Куба извезува: шеќер, кафе, пури, ананас, банани и др. а увезува: машини, автомобили и др.
Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат се поголем број туристи.
Култура[уреди | уреди извор]
Кубанската култура е доста богата и има силни влијанија од Шпанија и Африка. Спортот е една од најголемите преокупации на народот. Поради поранешната блискост со САД, во Куба се популарни спортови кои се среќаваат во Северна Америка. Најпопуларен спорт е безбол, но доста популарни споротви се и одбојка, кошарка, крикет, атлетика и бокс.
Кубанската музика е доста богата и е еден вид симбол за кубанската култура. Главен елемент во кубанската музика е сон што е основа за голем број музички правци како салса, румба и мамбо. Исто така позната е кубанската ча-ча-ча.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Cuban Peso Bills“. Central Bank of Cuba. http://www.bc.gov.cu/English/cuban_bills.asp. конс. 7 септември 2009.
- ↑ „National symbols“. Government of Cuba. http://mipais.cuba.cu/cat_en.php?idcat=91&idpadre=83&nivel=2. конс. 7 септември 2009.
- ↑ „Census of population and homes“ (на Spanish). Government of Cuba. 16 септември 2002. http://www.cubagob.cu/otras_info/censo/tablas_html/ii_3.htm. конс. 7 септември 2009.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „The Constitution of the Republic of Cuba“. National Assembly of People's Power. http://www.parlamentocubano.cu/ingles/constitution.html. конс. 29 јануари 2007.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Cuba“. The World Factbook. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/cu.html. конс. 6 април 2009.
- ↑ „Human Development Report 2014“. United Nations Development Programme. 2014. http://hdr.undp.org/sites/default/files/hdr14-summary-en.pdf. конс. 24 јули 2014.
- ↑ Alfred Carrada, The Dictionary of the Taino Language (plate 8)
- ↑ Dictionary – Taino indigenous peoples of the Caribbean Dictionary --
- ↑ da Silva, Manuel L. and Silvia Jorge da Silva. (2008). Christopher Columbus was Portuguese, Express Printing, 396pp. ISBN 978-1-60702-824-6.
- ↑ „Country profile: Cuba“. BBC News. 20 август 2009. http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/americas/country_profiles/1203299.stm. конс. 7 септември 2009.
- ↑ DePalma, Anthony (July 5 1998). „Cuban Site Casts Light on an Extinct People“. New York Times. http://www.hartford-hwp.com/archives/41/310.html. конс. 9 јули 2006.
- ↑ David Einhorn (31 март 2006). „Catholic church in Cuba strives to re-establish the faith“. National Catholic Reporter. http://natcath.org/NCR_Online/archives2/2006a/033106/033106o.php. конс. 7 септември 2009.
Видете исто така[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Повеќе за Cuba на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Википатување има туристички водич за Cuba. |
- Шеф на држава и кабинет на министри
- „Светска книга на факти“ на ЦИА - запис за „Куба“ (англиски)
- Куба на UCB
- Куба - Проект „Отворен директориум“
- Политичка карта на Куба
- Добредојдовте на Куба
- Слики за Куба
|
|