Франција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Франција
Знаме на Франција Грб на Франција
Знаме Грб
Мото: Слобода, Еднаквост, Братство!
Химна: Марселеза
Положба на Франција
Главен град Париз
48°52′N, 2°19,59′E
Најголем град Париз
Службен јазик француски1
Влада Унитарна полупретседателска република
 - Претседател Франсоа Оланд
 - Премиер Мануел Валс
Површина  
 - Вкупно 674,417 km² (40.)
 - Вода (%)  %
Население  
 - 2008 65,073,482 (20.)
 - Густина 113/km² (89.)
БДП (ПКС) 2008 приб.
 - Вкупно 1892 eur. милијарди (5.)
 - По глава на жител 29 345 eur. (16.)
ИЧР (2009) 0.955 (11.) – висок
Валута Евро (EUR), тихоокеански франк (CFP) (EUR, XPF)
Часовен појас UTC UTC+1, UTC+1 (лете)
НДД .fr
Повикувачки број +33

Француската Република или Франција (француски: République française или France) (/ˈfræns/  е демократска држава чија територија главниот дел (метрополитен)се наоѓа во Западна Европа и која е најголема во Европската Унија по површина од 551.500 км2, и втора по население (метрополитен)со 62.448.977 (1 јануари 2009), која понатаму е сочинета од збир прекуморски острови и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти со површина од 675.417 км2 и население од 65.073.482 (1 јануари 2009)е прва формирана држава во ЕУ.

Франција се граничи со Белгија, Луксембург, Германија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите острови исто така се граничи и со Бразил и со Суринам (во делот на границите на Француска Гвајана), со Антилите (во делот на Сен-Мартен). Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку каналскиот тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш.

Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена нација чија модерна економија е петта по големина во светот (2009). Нејзините главни вредности се изразени во Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.

Главен а воедно и најголем град со повеќе од 12 милиони жители е Париз. Официјален јазик на Франција е францускиот јазик. Во регионите се говорат и други дијалекти, говори и јазици како гасконски, провансалски и сл.

Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители но втора по жители по Р. Д. Конго со околу 67 милиони. Главна религија во Франција е католичката со 64 %, 31 % се атеисти а 5 % од населението се муслимани. Франција е една од земјите основачи на Европската Унија, една од основачите на НАТО и на ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН. Таа припаѓа на Евро-зоната и на Шенген-зоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за соработка и економски развој (OCDE). Како воена сила, ја поседува главната војска во Европската Унија и е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.

Шеф на државата е претседателот Франсоа Оланд (2012-), а актуелен премиер е Мануел Валс (од 1 април 2014).

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Франција доаѓа од латинскиот збор, «Francia», што буквално би значело « земја на Франките.» Има повеќе теории за оргиналното име на Франките. Има најразлични теории за потеклото на името на Франките. Една е дека тоа потекнува од прагерманскиот збор frankon кој се преведува како javelin или копје. Воедно, секирата на Франките била позната како франциска.

Друга предложена етимологија е дека на старогермански јазик, Франк значело слободен или збор, спротивен на зборот роб. Овој збор сè уште постои во францускиот јазик franc (искрен, отворен), а воедно се користел како назив на локалната валута франк, сè до воведувањето на еврото во 2000 г.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Франција.

Современа Франција ги има скоро истите граници како и некогашниот регион Галија населен со племето Келти, наречени Гали. Римскиот цар Гај Јулиј Цезар ги покорил Галите во I век п.н.е [1] кога тие го прифатиле латинскиот јазик и култура а потоа со тек на времето се формирал францускиот јазик кој денес е вториот најзастапен јазик во светот. Христијанството првпат се појавило во II и III век, а целосно се воспоставило во IV и V век а Свети Жером напишал дека Галија е единствениот регион кој е «слободен од ерес».

Франција во 1477. Црвена линија: Границите на Кралството Франција; Светлосино: кралското подрачје

Во IV век, источната граница на Галија по текот на реката Рајна бил освоен од германски племиња, главно Франки, од кои произлегло старото име «Francie». Модерното име «Франција» произлегува од француските кралевите од Капетинската династија. Франките биле првото племе германски освојувачи од Европа по падот на Римската Империја кои се конвертирале во католичко христијанство наместо во Аријанство (нивниот крал Клодовик го сторил тоа во 498); оттука Франција го стекнала називот «Најстарата ќерка на Црквата» (La fille ainée de l’Église), а Французите поради тоа себеси се нарекувале «Најхристијанско Кралство Франција». Постоењето како посебен ентитет започнало со Верденскиот договор (843), со поделбата на Каролинската Империја на Карло Велики на Источна Франкија, Средна Франкија и на Западна Франкија. Западната Франкија е приближно оној регион што го зазема денешната држава Франција. Каролинзите владееле со Франција до 987, кога Иго Капет, Војвода на Франција и Гроф на Париз, бил крунисан за француски крал. Неговите наследници, Капетите, династијата Валоа и Бурбоните, набрзо ја унифицирале земјата преку серија на војни. Крстоносна војна започнала во 1209 за да се елиминираат еретичките Катари од Окситанија (јужен дел на денешна Франција). На крајот, биле уништени како Катарите така и независноста на Јужна Франција.[2] Во 1337, на почетокот на првиот бран на Црната смрт, Англија и Франција тргнале во војна едни против други и истата била позната под името Стогодишната војна.[3] .

Монархијата го достигнала својот најголем подем во XVII век за време на владеењето на Луј XIV од Франција. Во тоа време Франција го имала најбројното население во Европа и имала огромно влијание врз европската политика, економија и култура. Францускиот јазик станал, и одредено време останал, заеднички јазик на дипломатијата и на надворешните односи. Франција била земја на интелектуалците, а големи научни дострели биле постигнати токму од страна на француските научници во XVIII век. Згора на тоа, Франција стекнала и свои колонии во Америка, Африка и Азија.

Кралство и република[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Француски кралеви.
Традиционалниот грб на француските кралеви — цветови крин

Традиционален грб на кралска Франција бил цветови крин. Декларација за права на човекот и граѓаните од 1789 година.

На францускиот престол се менувале династиите Капет (987—1328), Валоа (1328—1589) и Бурбоните (1589—1789).

Од Монархија до Република[уреди | уреди извор]

Монархијата владеела со земјата сè до Француската револуција, во 1789. Луј XVI и неговата жена Марија Антоанета, биле погубени (во 1793), заедно со други илјадници француски граѓани во текот на владеењето на Теророт.[4] После серија кратки шеми на влади, Наполеон Бонапарта ја презел контролата врз Републиката во 1799, прогласувајќи се себеси за Прв конзул, и подоцна за Император по што денес е познат како Првиот император (1804—1814). Во текот на неколку војни, неговите војски го освоиле поголемиот дел од континентална Европа, со членови од семејството Бонапарт назначени за владетели во новоосвоените земји. Околу милион Французи загинале во текот на војните што Наполеон ги водел во Европа. [5]

После последниот пораз на Наполеон во 1815 кај Ватерло , француската монархија повторно била воспоставена, но со нови уставни ограничувања. Во 1830,народно востание ја воспоставило конституционалната јулска монархија, која траела до 1848. Кусотрајната Втора република завршила во 1852 кога Луј-Наполеон Бонапарт го прогласил Второто царство. Власта на Луј-Наполеон завршила по поразот во Франко-пруската војна од 1870 и неговиот режим бил заменет со Третата република.

Колонијализам[уреди | уреди извор]

Франција поседувала колонии, во најразлични облици, од почетокот на XVII век па сè до 1960 г. Во XIX и во XX век, нејзината колонијална империја била втора по големина во светот, после Британската Империја. Меѓу 1919 и 1939, втората француска колонијална империја поседувала над 12,347,000 квадратни метри(4,767,000 sq mi) земја. Вклучувајќи го континенталниот дел на Франција, целосното француско подрачје достигнувало 12,898,000 квадратни километри (4,980,000 sq mi) во 1920тата and 1930тата, што изнесува 8.6 % од светската површина.

Во текот на XVII и XVIII век, Франција основала колонии и во Северна Америка, (Нова Франција — по долниот тек на реката Сент Лоренс во Канада), во САД, во Луизијана и на Карибите. Нова Франција била изгубена во војната со Британците во 1763 година, додека пак Наполеон ја продал Луизијана во 1803 година на САД. По Втората светска војна, дел од француските колонии меѓу кои и Виетнам (поранешна Индокина) и Алжир ја стекнале својата независност после крвави воени конфликти.

Современа историја[уреди | уреди извор]

Франција била победничка сила во Првата светска војна и во Втората светска војна. Човечките и материјалните загуби во првата војна, во која загинале 1.4 милиони Французи [6] биле далеку поголеми од оние што таа ги претрпела во текот на втората, иако само мал дел од нејзината територија бил окупиран во текот на Првата светска војна. По број на жртвите на страната на сојузниците Франција го зазема второто место со 25 % односно 5.6 милиони, од којшто 1.357 милиони загинати војници, а 4.266 милиони ранети војници. Дотогаш една од водечките колонијални сили во светот морала да се брани. За разлика од Првата светска војна каде што Франција ја имала една од водечките улоги, во Втората светска војна таа брзо била освоена и поразена уште во јуни 1940 година. Германците ја поразиле со брзи тенковски продори. Периодот меѓу војните забележал низа социјални реформи воведени од страна на владата на Народниот фронт.. После германската blitzkrieg кампања за време на Втората светска војна континенталниот дел на Франција бил поделен на окупирана северна зона и на југ, Франција на Виши, или режим кој бил марионета и лојален на окупаторите. За време на Втората светска војна во Франција делувало движењето на Отпорот. Во ноември 1942 година, Германците ја окупирале и Југоисточна Франција. Франција била ослободена од страна на англо-американско-канадската војска кој се истоварила во јуни 1944 година на Нормандија (Види — Битка на Нормандија).Антифашистичката влада во Франција била формирана од генералот Шарл де Гол. Губитокот на војници во оваа светска војна не бил многу голем, но најмногу страдала еврејската заедница.

Четвртата Република била воспоставена после Втората светска војна. Франција се обидела да ги задржи своите колонии и да ја сочува својата колонијална империја, но наскоро влетала во големи неприлики поради битките за независност на колониите. Обидот во 1946 година да се врати контролата врз Француска Индокина довел до Првата војна за Индокина, која завршила со пораз на Французите во Битката на Диен Биен Пу во 1954. Само неколку месеци подоцна, Франција се соочила со нов, дури и потежок конфликт во Алжир.

Дебатата околу тоа дали треба или не треба да се задржи контрола во Алжир и иселувањето на околу еден милион европски доселеници , ја потресла земјата и за малку ќе доведела до граѓанска војна. Во 1958, слабата и нестабилна Четврта Република била заменета со Петтата Република, која се карактеризирала со зајакнување на функцијата на претседателот. Улогата на Шарл де Гол била да ја задржи земјата во целост додека излегувала од периодот на конфликти и кризи. Алжирската војна и Франко-француската граѓанска војна што се водела во главниот град Алжир, завршила со мировни преговори во 1962 по што Алжир ја стекнал својата независност.

Во последните децении, помирувањето и соработката на Франција со Германија се од централно значење за политичката и економската интеграција на растечката Европска Унија, вклучувајќи го и воведувањето на еврото во јануари 1999. Францускиот електорат гласаше против ратификацијата на Европската Уставна Спогодба во мај 2005, но потоа беше ратификуванаЛисабонската Спогодба од страна на Парламентот во февруари 2008.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Сателитска слика на Франција
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Франција.

Додека континентална Франција се наоѓа во Западна Европа, Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.[7] Овие територии имаат различни форми на управување и се нарекуваат прекуморски департмани и прекуморски територии.

Европскиот дел на Франција зазема 547,030 квадратни километри (211,209 sq mi),[8] заземајќи го најголемиот дел меѓу членките на Европската Унија, односно, за малку е поголем од Шпанија. Франција поседува различен вид на рељеф, од низини на северниот и западниот брег, до планини на југоисток каде што се протегаат Алпите, во средишниот јужен дел кај Централниот Масив и Пиринеите на југозапад, кои се некој вид и природна граница со Шпанија. На 4,807  метри (15,770 ft) над морското ниво, највисоката точка на Европа, врвот Мон Блан, се наоѓа на Алпите на границата меѓу Франција и Италија.[9] Континенталниот дел на Франција има исто така и раширени речни системи меѓу кои реката Лоара, Гарона, Сенаи Рона, која го дели Централниот Масив од Алпите и се влева во Средоземното Море кај местото Камарг, најниската точка на Франција (2 m / 6.5 ft под морското ниво).[9] Корзика се наоѓа во Средоземното море.

Француската економска зона се протега на 11 милиони км² (4 милиони квадратни милји) океан низ светот.[10]

Целосното копно на Франција, заедно со ДОМ и ТОМ (без Адели Ленд), изнесува 674,843  квадратни километри (260,558 sq mi), 0.45 % од целосното копно на Земјата. Сепак, Франција поседува втора по големина економска зона (EEZ) на светот, или 11,035,000 квадратни километри (4,260,000 sq mi), приближно 8 % од целосната површина на сите економски зони во светот, и се наоѓа веднаш зад Соединетите Држави (11,351,000 km² / 4,383,000 sq mi) пред Австралија (8,232,000 km² / 3,178,000 sq mi).[11]

Европскиот дел на Франција се наоѓа 41° и 51° северно, во западниот дел на Европа, па оттука лежи во северната температурна зона. Северот и северозападот имаа умерена клима, додека комбинација од морски влијанија, широчината и височината предизвикува разновидна клима во останатиот дел на континентална Франција.[12] На југоисток преовладува медитеранска клима. Во западниот дел, климата главно е океанска со висок степен на врнежи, меки зими и свежи до топли лета. Во внатрешниот дел климата станува континентална со жешки, лета, постудени зими и со помалку врнежи. Климата на Алпите и другите планини главно е алпска, со голем број денови со температури под нулата и со 150 снежни денови каде снегот трае до 6 месеци.

Влада[уреди | уреди извор]


Француската Република е унитарна полупретседателска република со силни демократски традиции. Уставот на Петтата република бил изгласан на референдум на 28 септември 1958. Извршната власт сама по себе има два лидера: Претседател на Републиката. Во неодамнешниот случај, претходниот шеф на државата Никола Саркози бил избран на непосредни избори за период од 5 години (порано биле 7), и Владата, водена од назначен Претседател на Влада, односно Премиер, во актуелниот случај Мануел Валс.

Францускиот парламент е составен од Национално Собрание (Assemblée Nationale) и Сенат. Пратениците на Националното Асамбле се со мандат од 5 години. Асамблето има моќ да го распушти кабинетот, па оттука мнозинството на Асамблето го определува изборот на Владата. Сенатот се бира за период од 6 години (порано 9) а половина од мандатите се ставаат на избор секоја трета година почнувајќи од септември 2008. [13] Моќта на Сенатот е лимитиранач во случај на несогласување, сепак националното Асамбле го има последниот збор, освен кога се однесува за некои уставни прашања. Француските политичари главно произлегуваат од следниве крила: лево крило, центрирано околу социјалистите, и другото десно крило, центрирано околу Здружение за Републиката Rassemblement pour la République (RPR) и сега неговиот наследник Унијата за народно движење(UMP). Извршната власт денес главно припаѓа на УНД (UMP).

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Види:Листа на градови во Франција.

Најголеми и најважни градови се: Париз 12 милиони жители,Лион 1.8 милиони,Марсеј 1.6 милион,Лил 1.3 милион,Тулуз 1.15 милион,Бордо 1.1 милион,Ница 1.0 милион итн.

Бројот на население од 1 јануари 2009 во Франција е:

  • Франција (метрополитен-европски дел)- 62 448 977 милиони.
  • Франција (прекуморски дел)- 2 624 505 милиони
  • Вкупно: 65 073 482 милиони.

Франција е втора земја по население во Европската унија и претставува 13 % од вкупното население.

Париз - Градот на светлината.

Франција е земја каде што слободата на мислата и на религијата се зачувани уште од 1789 година врз основа на Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот. Републиката се заснова врз принципот на Лаицизмот (или "слободата на совеста", вклучувајќи го и недостатокот од него) применет од страна на Жил Фери во 1880-тите и законот од 1905 година за поделбата на црквите и на државата. Римокатолизмот е мнозинската религија на францускиот народ. Таа повеќе не се смета за државна религија, како што било до пред 1789 година и револуцијата.

Според последните податоци кои биле направени во 2006 година, 51% од населението на Франција се Римокатолици, 31% се атеисти, околу 4% се муслимани, 3% протестанти, 1% евреи а околу 10% се нерелигиозни,

Политички систем[уреди | уреди извор]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Франција има 27 метрополитански региони, од кои 22 се во копнениот дел и 5 се прекуморски територии.

Копнен дел[уреди | уреди извор]

Прекуморски дел[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Со БДП од $2.865 билиони, Француската економија е петта економија во светот. Земјата има развиено стопанство, земјоделство и висококвалификувана работна сила. Динамичниот сервисен сектор овозможува развој на голема економска активност. Реалниот БДП се зголемил за 0,7% во 2008 година. Франција е една од најголемите земји извознички во светот, најмногу извезува земјоделски производи, вино, машини, софтвер. Исто така е и голем извозник на електична енергија.

Култура во Франција[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Плутарх тврдел дека милион луѓе (веројатно една четвртина Гали) загинале, милион биле поробени, 300 племиња биле покорени а 800 града биле уништени за време на Галските војни.
  2. Massacre of the Pure. Time. 28 април, 1961.
  3. Don O’Reilly. «Hundred Years' War: Joan of Arc and the Siege of Orléans»
  4. Vive la Contre-Revolution!. The New York Times. 9 јули, 1989.
  5. Napoleon and German identity. Magazine article by Tim Blanning; History Today, Vol. 48, April 1998.
  6. France’s oldest WWI veteran dies. BBC News. 20 јануари, 2008.
  7. Sovereignty claims in Antarctica are governed by the Antarctic Treaty System
  8. CIA (2007). „The World Factbook“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/fr.html. конс. 6 декември 2007. 
  9. 9,0 9,1 CIA (2006). „The World Factbook: Field Listing - Elevation extremes“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2020.html. конс. 14 декември 2006. 
  10. (француски) French Ministry of Foreign Affairs. „La France en bref“. http://www.diplomatie.gouv.fr/fr/france_829/decouvrir-france_4177/france-bref_2271/index.html. конс. 20 март 2008. 
  11. Согласно една поинаква калкулација цитирана од страна на Pew Research Center, економската зона на Франција изнесува 10,084,201 километри квадратни (3,893,532 sq mi), сепак зад онаа на Соединетите Држави (12,174,629 km² / 4,700,651 sq mi), и сепак пред Австралија (8,980,568 km² / 3,467,416 sq mi) и Русија (7,566,673 km² / 2,921,508 sq mi).
  12. Ministry of Foreign Affairs (2005). „Discovering France: Geography“. http://www.diplomatie.gouv.fr/en/france_159/discovering-france_2005/france-from-to-z_1978/country_2004/geography_4405/geography_1507.html. конс. 29 декември 2006. 
  13. „Rôle et fonctionnement du Sénat“. French Senate. 2006. http://www.senat.fr/role/index.html. конс. 20 април 2006. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Култура
Општо
Search sister project Википатување има туристички водич за France.