Џерси

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бејлифство Џерси
Bailiwick of Jersey
bailliage de Jersey
bailliage dé Jèrri
Знаме Грб
ХимнаБоже, чувај ја Кралицата
„Островски дом“
Местоположбата на  Џерси  (dark green)
Местоположбата на  Џерси  (dark green)
Главен град
(и најголем)
Сент Хелиер
49°11′ СГШ 2°06′ ЗГД / 
Службен јазик
Признаени регионални јазици џерсиски
Народности (2011[1])
Уредување крунски посед
 -  монарх кралицата Елизабета II
 -  Намесен управник Џон Макол
 -  Бејлиф Вилијам Бејлаш[2]
 -  Главен министер Ијан Горст
Статус Британски крунски посед 
 -  Управно одвојување од Нормандија
1204 
 -  Ослободување од Третиот Рајх
9 мај 1945 
Површина
 -  Вкупна 118,2 км2 (227.)
 -  Вода (%) 0
Население
 -  проценка за 2011 г. 98.213[3] (199.)
 -  Густина 819 жит/км2 (13.)
БДП (ПКМ) проценка за 2005 г.
 -  Вкупен $5,1 млј (166.)
 -  По жител $57.000 (6.)
ИЧР (2008)  0.985[4]
многу висок · нерангиран
Валута британска фунтаа (GBP)
Часовен појас GMT
 -  (ЛСВ)  (UTC+1)
Се вози на лево
НДД .je
Повик. бр. +44
Светец-заштитник Св. Хелиер
а. Управата на Џерси издава свои банкноти и монети на британските фунти (погл. џерсиска фунта).

Џерси, полн назив: Бејлифство Џерси (англиски: Bailiwick of Jersey, француски: Bailliage de Jersey, нормандски: Jèrri) — автономен крунски посед на британскиот монарх во Ламанш, меѓу Франција и Англија. Се наоѓа на приближно 20 км од брегот на полуостровот Котентин во Нормандија, и 160 км од Велика Британија. Заедно со Гернзи ги сочинува Каналските Острови. Во состав на Џерси влегуваат и помалите острови Ерекуз, Ла Мот, Минкјер, Пјер де Клерк и Дирује.

Зафаќа вкупна површина од 118,2 км2[5] и има 98.213 жители (2011).[6]

Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската Унија, туку под суверено владение на британската круна (монархот) во својство на војвода на Нормандија, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција. Џерси има автономна законодавна, судска и извршна власт. Владата на Обединетото Кралство е надлежна за надворешните односи и одбраната. За Џерси важи начелото за слободен проток на стоки од ЕУ. Главен и најголем град е Сент Хелиер, со 33.622 жители.

Џерси важи за најсончевиот од британските острови и познат е по плажите.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопанството на Џерси се заснова на банкарство финансиски услуги. Со тоа, бруто-приходот по глава на жител е меѓу највисоките во светот. Во 2005 г. тој изнесувал 57.000 американски долари по жител. Поголеми просечни пригоди таа година имале само Бермуда и Луксембург.

Покрај тоа, застапени се туризмот и земјоделството. Во 2006 г. Џерси примил 729.000 посетители. Најважни земјоделски производи се компирот и млечните производи.

Острови[уреди | уреди извор]

Бејлифството Џерси ги опфаќа следниве острови:

Парохии[уреди | уреди извор]

Главната статија за оваа категорија е Парохии во Џерси.
Карта на парохиите во Џерси

Џерси административно се дели на 12 парохии. Сите излегуваат на море и се наречени по светтците по кои се наречени нивните стари парохиски цркви:

Парохиите понатаму се делат на дваесетки (vingtaines; во Сент Уен наречени cueillettes).

На чело на секоја парохија стои „конетабл“ (connétable) кој се бира од народот на секои четири години. Покрај управувањето со парохијата, има задача и да ја претставува во Собранието на Џерси.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]