Исламски календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот

Ислам
Selimiye Camii ve Mavi Gökyüzü.jpg

Istanbul, Hagia Sophia, Allah.jpg
Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилософија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Видете исто така

Исламски лексикон
Индекс на статии за Исламот

Исламски календар или муслимански календар (арапски: التقويم الهجري; персиски: تقویم هجری قمری ‎ турски: Hicri Takvim; уште се нарекува и хиџрански календар) — месечев календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.

Календарот е месечев, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи месечевата година има 11 дена помалку од соларната, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна соларна година, т.е. според грегоријанскиот календар.

Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан.[1]

Месеци[уреди | уреди извор]

Месеците се именувани вака:[2]

  1. Мухарем; арапски: محرّم
  2. Сафер; арапски: صفر
  3. Реби-ул-евел (Реби I); арапски: ربيع الأول
  4. Реби-ул-ахир (Реби II); арапски: ربيع الآخر أو ربيع الثاني
  5. Џумаде-л-ула (Џумаде I); арапски: جمادى الاولى
  6. Џумаде-л-ухра (Џумаде II); арапски: جمادى الآخر أو جمادى الثاني
  7. Реџеб; арапски: رجب
  8. Шабан; арапски: شعبان
  9. Рамазан; арапски: رمضان
  10. Шевал; арапски: شوّال
  11. Зу-л-каде; арапски: ذو القعدة
  12. Зу-л-хиџе; арапски: ذو الحجة

Од сите месеци, Рамадан или Рамазан е најславениот. Муслиманите треба да постат во текот на денот во овој месец. За повеќе околу светиот месец видете и: Рамазан.

Денови[уреди | уреди извор]

Првиот ден од неделата е недела. Според исламскиот календар, деновите започнуваат на зајдисонце.[3] Муслиманите се собираат за молитва во џамија на пладне на „денот за собор“ кој одговара на петок. Затоа, петокот се смета за ден за одмор, а саботата често пати е прв работен ден.

Имињата на деновите се:

  • јаум ал-ахад يوم الأحد (прв ден - недела) (урду: Itwaar اتوار) (персиски: Yek-Shanbeh یکشنبه)
  • јаум ал-итнајн يوم الإثنين (втор ден - понеделник) (урду: Pîr پير, персиски: Do-Shanbeh, دوشنبه)
  • јаум атх-тулаатаах يوم الثُّلَاثاء (тред ден - вторник) (урду: Mangl منگل) (персиски: Seh-Shanbeh, سه شنبه)
  • јаум ал-арбиа`aa' يوم الأَرْبِعاء (четврти ден - среда) (урду: Budh بدھ) (персиски: Chahar-Shanbeh, چهارشنبه)
  • јаум ал-кхамис يوم الخَمِيس (петти ден - четврток) (урду: Jumahraat جمعرات) (персиски: Panj-Shanbeh, پنجشنبه)
  • јаум ал џума يوم الجُمُعَة (соборен ден - петок) (урду: Jumah جمعہ) (персиски: Jom'eh, جمعه или Adineh آدينه)
  • јаум ас-сабт (сабота) (урду: Saneechar/Hafta ہفتہ) (персиски: Shanbeh, شنبه)

„Јаум“ значи ден, а неколку денови имаат имиња на редоследни броеви: првиот, вториот, третиот и четвртиот.

Броење на годините[уреди | уреди извор]

Според исламската традиција Абраха, гувернерот на Јемен, кој во тоа време бил провинција на христијанското кралство Аксум (денешна Етиопија се обидел да ја уништи Кааба напаѓајќи ја со војска која вклучувала слонови. Нападот не успеал. Според овој настан, таа година е наречена Година на слонот, а тоа е и годината во која е роден Мухамед. Се смета дека оваа година одговара на 571. или 570. година од европскиот календар. До 638. година, во предисламскиот период, годините биле броени почнувајќи од годината на слонот. Мухамед во 9-тата година ги забранил престапните месеци и години, односно го вовел месечевиот календар. Во 638. година (17. година според исламскиот календар), вториот калиф Умар почнал да ги брои годините од Хиџра, која била оттогаш сметана како прва година. Првиот ден од првиот месец на таа година, по бришењето на престапните денови од првите 9 години, се совпаднал со 16. јули 622. година, и ова и денес се смета за првиот ден од исламскиот календар (иако всушност преселбата на Мухамед се случила во септември 622. година).[1]

Првиот доказ за користењето на исламскиот календар доаѓа од еден папирус од Египет во 22. година (644. г.).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Watt, W. Montgomery. „Hidjra“. Encyclopaedia of Islam Online. Изд. P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W.P. Heinrichs. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912.
  2. B. van Dalen.; R.S. Humphreys; A.K.S Lambton, et al. „Tarikh“. Encyclopaedia of Islam Online. Изд. P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel and W.P. Heinrichs. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912.
  3. Trawicky (2000) p. 232