Мека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мека

Мека (арапски مكة Makka, полн назив مكة المكرّمة Makka al-Mukarrama) е свет муслимански град во Саудиска Арабија. Населението му е приближно 1,4 милиони жители според пописот на населението од 2004 година. Градот е административен центар на покраината Мека.

Стотици илјади муслимани одат во Мека секоја година. Најважниот објект во градот е Кабата - свет објект во дворот на џамијата Месџид ел-Харам (или џамијата на пророкот Мухамед), којашто исто така се нарекува уште и „Големата џамија“ или „Светата џамија“.

Самата џамија е изградена околу 1570 година (или 978 година според муслиманскиот календар). Најсветото место на самиот ислам, Каба, е во средината на дворот. Секој муслиманин е должен барем еднаш во животот, ако има физичка можност, да ја посети светата џамија на Алах во Мека и да го посети гробот на пророкот Мухамед, којшто се наоѓа во Медина во Џамијата на пророкот.

На собирот во Мека, многу малку немуслиманско население има присуствувано, па според тоа и влезот во Мека за немуслиманското население е строго забранет. Најпознат од нив е сер Ричард Бартон, кој во 1853 година се претставувал како авганистански муслиманин, за потоа сите свои доживувања да ги опише во своите белешки.