8 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

8 јануари е 8-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 357 денови до крајот на годината (358 во престапна).

Настани:

1198  Инокентие III станува папа.
1679  Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величенствените Нијагарини водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција.
1991  Во Скопје е конституирано првото повеќепартиско Собрание на СР Македонија. За прв претседател беше избран Стојан Андов, пратеник на Сојузот на реформиските сили.
1993  На пат кон Сараевскиот аеродром, во конвој под заштита на силите на УНПРОФОР, од страна на српските сили е убиен заменик-премиерот на Босна и Херцеговина, Хакија Тураљиќ.

Родени:

1589  Иван Гундулиќ — прочуен хрватски поет и драмски писател.
1910  Галина Улјанова — руска и советска балерина.
1931  Видое Видичевски — македонски поет.
1935  Елвис Присли — американски пејач.
1942  Стивен Хокинг — англиски физичар.
1942  Валја Балканска — бугарска пејачка.
1942  Џуничиро Коизумипремиер на Јапонија од 2001 до 2006 г.
1947  Дејвид Боуви — англиски пејач и рок артист.
1957  Ризван Сулејмани — македонски политичар.
1958  Игнасио Солозабал — шпански кошаркар.
1961  Калвин Смит — американски атлетичар.
1961  Иџет МеметиНароден правобранител на Република Македонија.
1979  Адријан Муту — романски фудбалер.
1982  Џонатан Кантвел — австралиски велосипедист.
1985  Џереми Хамонд — политички активист и хакер од Чикаго.
1986  Давид Силва — шпански фудбалер.

Починале:

1198  Целестин III — римски папа.
1324  Марко Поло — венецијански трговец.
1642  Галилео Галилејиталијански астроном и физичар.
1713  Арканџело Корелииталијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика.
1896  Пол Верлен — истакнат француски симболистички поет.
1951  Војдан Чернодрински — македонски драматург, основоположник на македонскиот театар.
1980  Џон Мокли — aмерикански физичар.
2007  Ѓорѓи Здравев — македонски етнолог и костимограф.
2010  Славка Манева — македонска писателка.