1950-ти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

:1950ти[уреди | уреди извор]

Педесетите години претставуваат декада која започнала на 1ви јануари 1950г. и завршила на 31ви декември 1959г. До крајот на овој период, светот веќе се имал опоравено од Втората светска војна, a од скромниот почеток во 40тите, Студената војна до 60тите се развила во сериозен наптревар помеѓу Соединетите Држави и СССР.
Судирите помеѓу комунизмот и капитализмот доминирале во оваа декада, особено во северната хемисфера. Помеѓу конфликтите биле корејската војна, во почетокот на декадата, како и почетокот на вселенската трка со лансирањето на Спутник I. Со зголеменото тестирање на нуклеарни оружја (како РДС-37 и Апшол Нотхол (Upshot-Knothole)) започнала и политичката конзервативна криза. Во САД, Црвената паника (Red Scare) (страв од комунизам), предизвикала јавни расправи помеѓу двата дома во Конгресот и анти-комунистичкото чувство било распространето низ целата декада. Деколонизацијата во Африка и Азија започнала во оваа декада и се забрзала во следната, 60тите.

:Војни и конфликти[уреди | уреди извор]

Студената војна, вклучувајќи го влијанието на соперничките големи сили на СССР и САД
Корејската војна (1950-1953) – Оваа војна која траела од 25ти јуни 1950г., до потпишувањето на Корејскиот мировен договор на 27ми јули 1953г., започнала како граѓанска војна помеѓу Северна Кореја и Република Кореја (Јужна Кореја). Кога започнала, Северна и Јужна Кореја постоеле како привремени влади, натпреварувајќи се за контрола врз Корејскиот полуостров, како резултат на поделбата на Кореја од надворешни сили. Започнувајќи како граѓанска војна, брзо се заострила во војна помеѓу западните сили водени од САД и нивните алијанси и комунистичките сили на Народната Република на Кина и СССР. На 15ти септември, генералот Даглас МекАртур (Douglas MacArthur) ја започнал Операцијата Хромит (Operation Chromite).Севернокорејската војска пропаднала и по неколку дена, војската на МекАртур го завземала Сеул (главниот град на Кореја). Тогаш тој се упатил кон север, заземајќи го и Пјонгјанг во октомври. Следниот месец, со интервенција од страна на Кина, силите на ОН повторно пристигнале на југ. Тогаш МекАртур испланирал целосна инвазија на Кина, но ова било против желбите на претседателот Труман и останатите кои сакале ограничена војна. Тој бил отпуштен и заменет со генералот Метју Риџвеј. Во следните две ипол години војната станала крвен ќор-сокак, се додека мировните преговори не стапиле на сила. Војната резултирала со 33,742 мртви американски војници, 92,134 ранети и 80,000 исчезнати. Проценките ги поставиле корејските и кинески несреќни случаи помеѓу 1,000,000 и 1,400,000 мртви или ранети, и 140,000 исчезнати.
Виетнамската војна започнала во 1959г. Дием ја втемелил политиката на смртната казна наспроти секоја комунистичка активност во 1956г. Во почетокот на 1957г., Виетмин започнал и припреми за атентат. Францускиот научник Бернард Фол, во една своја колумна во 1958г., најавил почеток на нова војна. Првата официјална, голема воена акција се случила на 26ти септември 1959г., со заседата на две компании од страна на Виетконг.
Арапско-Израелскиот конфликт
Суецките кризи(1956г.)- Војна која се одвивала на египетска територија во 1956г. По национализирањето на Суецкиот канал во 1956г., од страна на Гамал Абдел Насер (Gamal Abdel Nasser), Обединетото Кралство, Франција и Израел последователно започнале да навлегуваат. Операцијата била воен успех, но освојувачите биле присилени да се повлечат откако САД и СССР се обединиле како опозиција на инвазијата. Ова претставувало голема навреда, посебно за двете Западно Европски земји, и го симболизира почетокот на крајот на конолијализмот и ослабувањето на глобалната европска важност, посебно колапсот на Британската Империја.
Алжирската војна (1954-1962)- Важна деколонизациска војна, сложен конфликт окарактеризиран со герилското војување, тероризмот против граѓаните, тортура,вршена и од двете страни, и против-терористички операции од страна на француската војска. Оваа војна подоцна довела и до отцепување на Алжир од Франција и негова независност.
Внатрешни конфликти
Кубанската револуција (1953-1959)- Поразот на Фулгенцио Батиста (Fulgencio Batista) во 1959г. од Фидел Кастро (Fidel Castro), Че Гевара (Che Guevara) и останатите сили резултирал со создавањето на првата комунистичка влада во западната хемисфера.
Конфликтот Мау-Мау започнал со одмазда против Британците во Кенија, што довело до основање на концентрациони логори во Кенија, повлекување на Британците и изборот на Џомо Кенијата за водач на Кенија.
Руандската револуција (wind of destruction) започнала во 1959г., во Руанда, по нападот на Хуту политичарот Доминик Мбониумутва (Dominique Mbonyumutwa) од силите на Туци. Ова претставувало почеток на децениско етничко насилство во земјата, што кулминирало со Руандскиот геноцид во 1994.
Меѓународни проблеми
Основање на движењето на неврзаните (Non-aligned Movement)
:Африка[уреди | уреди извор]
• Африка го доживеала почетокот на опсежни економски интервенции во 50тите, кои не успеале да предизвикаат напредок и како што поминувал векот, довеле до милосрдна истоштеност од Западот. Со распространетата корупција не можело да се излезе на крај, а војните, заразите и гладот продолжиле да бидат константни проблеми во областа.
• Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер ја срушил египетската монархија, поставувајќи се себеси за претседател на Египет. Тој станал влијателен водач на Средниот Исток во 50тите, водејќи ги арапските земји во војна со Израел, станувајќи главен лидер на движењето на неврзаните и развивајќи го панарпското соединување.
:Америка[уреди | уреди извор]
• Во 50тите, Америка била центар на прикриен и јавен конфликт помеѓу СССР и САД. Нивната променлива колизија со национални, популистички и елитистички интереси ја дестабилизирале областа. ЦИА го организирала падот на владата на Гватемала во 1954г. Во 1958г. била срушена и воената диктатура на Венецуела.
• Во 1957г., по изборот на Хаити, др. Франсоа Дувалие (François Duvalier) стапил на сила. Тој подоцна се прогласил за доживотен претседател и владеел се до својата смрт во 1971г.
• Во 1959г. Фидел Кастро го срушил режимот на Фулгенцио Батиста во Куба, основајќи во земјата , комунистичка влада. Иако тој побарал помош од САД, бил одбиен и подоцна насочен кон СССР.
• Во 1959г., се основала НОРАД (NORAD-North American Aerospace Defense Command) помеѓу Канада и САД, создавајќи обединет северноамерикански воздушно одбранбен систем.
• Во 1956г. започнала да се гради Бразилија , и по 41 месец, на 21ви април 1960г.,станал главен град на Бразил.
:Азија[уреди | уреди извор]
• САД ставила крај на окупацијата врз Јапонија, која станала целосно независна и демократска земја. Се одржале и демократски избори, како и таа се опоравила од економски аспект.
• По една година од своето основање, Народната република на Кина навлегла во Тибет и интервенирала во Корејската војна , предизвикувајќи непријателство и заладување на односите со САД. Мао му се восхитувал на Сталин, поради што ги одбил промените во Москва, по смртта на Сталин во 1953г., што довело до зголемена тензија со СССР.
• Од 1950-1953 Франција пробала да го одржи што поголемо комунистичкото востание предводено од Хо Ши Мин (Ho Chi Minh). По нивниот пораз кај Диен Биен Фу (Dien Bien Phu), во 1954 г., Франција одобрила независност на народите од Камбоџа, Лаос и Виетнам. На женевската конференција во 1954г., Франција и Комунистите се согласиле да го поделат Виетнам и да одржат избори во 1956г. САД и Јужен Виетнам ги одбиле женевските спогодби и поделбата останала трајна
:Европа[уреди | уреди извор]
Со помошта на Маршаловиот план, успеала и повоената реконструкција, со тоа што некои земји (вклучувајќи ја и западна Германија) претпочитале слободен пазар, додека останатите ја претпочитале кејнзијанската политика за социјална држава. Европа и понатаму била поделена на западноевропски земји и земји на советскиот блок. Географската точка на оваа поделба се нарекла Железна Завеса, што ја поделило Германија на источна и западна. Во 1955г. Германија влегла во НАТО.
Доминацијата врз источна Европа, од страна на СССР продолжила. Во 1953г. починал Џозеф Сталин, лидерот на СССР. Ова придонело за издигнувањето на Никита Крушчев, кој го осудувал Сталин и тежнеел кон либерална внатрешна, но и надворешна политика, претпочитајќи мирен натпревар со Западот, повеќе од отворено непријателство. Се појавиле и анти-советски востанија во источна Германија, во Полска во 1953г. и Унгарската Револуција во 1956г.
Популарни култури

:Музика[уреди | уреди извор]

Популарната музика која ги вклучувала Френк Синатра, Тони Бенет, Френки Лејн, Пети Пејџ, Џуди Гарланд, Џони Реј, Кеј Стар, Пери Комо, Бинг Козби, Роузмери Клуни, Дин Мартин, Џорџија Гибс, Еди Фишер, Тереза Бреуер, Дина Шор, Кити Кејлен, Џони Џејмс, Пеги Ли, Џули Лондон, Тони Арден, Џун Вали, Дорис Деј, Артур Гадфреј, Тенеси Ерни Форд, Гај Мичел, Нет Кинг Коул - (Frank Sinatra, Tony Bennett,Frankie Laine, Patti Page, Judy Garland, Johnnie Ray, Kay Starr, Perry Como,Bing Crosby, Rosemary Clooney, Dean Martin, Georgia Gibbs, Eddie Fisher,Teresa Brewer, Dinah Shore, Kitty Kallen, Joni James, Peggy Lee, Julie London,Toni Arden, June Valli, Doris Day, Arthur Godfrey, Tennessee Ernie Ford, Guy Mitchell, Nat King Cole), но и музички гупи како Браќата Милс (The Mills Brothers), Инк Спотс (The Ink Spots), Кордетс (The Kordets), сестрите Фонтејн (Fontane Sisters), Браќата Ејмс (The Ames Brothers) и Хилтоперс ( The Hilltoppers).
Причината за попуштањето во популарноста на класичниот поп бил почетокот на ерата на рок’ен’рол-от, како водечки правец на американската сцена. Изведувачите на романтични песни, како Еди Фишер (Eddie Fisher), Пери Комо(Perry Como) и Пети Пејџ (Patti Page), кои доминирале во првата половина од деценијата, на крајот од истата, нивниот успех на топ-листите значително опаднал.
Со искачувањето на Ду Уоп (Doo Wop) на топ-листите, тој станува доста популарен, по што набрзо ќе излезе и пародијата на ‘ Who Put the Bomp’.
Рок’ен’рол-от се појавува во средината на 50тите како тинејџерски музички избор, на чело со Семи Кук, Џеки Вилсон, Џин Винсент, Чак Бери, Фетс Домино, Литл Ричард, Џејмс Браун, Бо Дидли, Бади Холи, Боби Дарин, Ричи Валенс, Дуен Еди, Еди Коукран, Бренда Ли, Боби Ви, Кони Френсис, Џони Матис, Неил Седака, Пет Бун и Рики Нелсон (Sam Cooke, Jackie Wilson, Gene Vincent,Chuck Berry, Fats Domino, Little Richard, James Brown, Bo Diddley,Buddy Holly, Bobby Darin, Ritchie Valens, Duane Eddy, Eddie Cochran,Brenda Lee, Bobby Vee, Connie Frances, Johnny Mathis, Neil Sedaka,Pat Boone and Ricky Nelson). По неколку појавувања на националната телевизиска мрежа и одлични рангирања на топ листите, Елвис Присли (Elvis Presley), станал главен протагонист на новиот популарен звук на рок’ен’рол-от. Чак Бери (Chuck Berry), со песните "Maybellene" (1955г.), "Roll over Beethoven" (1956г.), "Rock and Roll Music" (1957г.) и "Johnny B. Goode" (1958г.), ги преработил и развил главните елементи кои го направиле рок’ен’рол-от посебен, фокусирајќи се на тинејџерскиот живот, воведувајќи соло партии со гитара и шоуменството, кои ќе бидат од големо значење за понатамошната рок музика. Бил Хејли, Џери Ли Луис, Браќата Еверли, Карл Перкинс, Џони Кеш, Конвеј Твити, Џони Хортон и Марти Робинс биле Рокабили (Rockabilly) музичари. Друг популарен жанр во тоа време бил и Ду Уоп (Doo Wop). Познати Ду Уоп и Рок ‘ен’ Рол бендови, од средината до доцните 50ти, биле Плетерс, Фламиногс, Делс, Силуетс, Френки Лимон и Тинејџерс, Литл Антони & Империалс, Дени и Џуниорс, Коастерс, Дрифтерс, Дел-Викингс, и Дион и Белмонтс (The Platters, The Flamingos, The Dells, The Silhouettes, Frankie Lymon, и The Teenagers, Little Anthony & The Imperials,Danny and the Juniors, The Coasters, The Drifters, The Del-Vikings, и Dion and the Belmonts )
Џезот, кој на значење добил со своите жанрови наречени Бебоп, Хард Боп, Кул Џез и Блуз, започнал во 50тите, кога биле познати Лестер Јанг, Бен Вебстер, Чарли Паркер, Дизи Гилеспи, Мајлс Дејвис, Џон Колтрен, Телониус Монк, Чарлс Мингус, Арт Татум, Бил Еванс, Ахмад Џамал, Оскар Питерсон, Гил Еванс, Џери Малиган Кенебал Адерлеј, Стен Гец, Чет Бејкер, Дејв Брубек, Арт Блејки, Макс Роуч, квинтетот Мајлс Дејвис, квартетот Модерен Џез, Ела Фицгералд, Реј Чарлс, Сара Вон, Дина Вашингтон, Нина Симон и Били Холидеј (Lester Young, Ben Webster, Charlie Parker, Dizzy Gillespie, Miles Davis, John Coltrane, Thelonious Monk, Charles Mingus, Art Tatum, Bill Evans, Ahmad Jamal, Oscar Peterson,Gil Evans, Jerry Mulligan, Cannonball Adderley, Stan Getz, Chet Baker, Dave Brubeck, Art Blakey, Max Roach, the Miles Davis Quintet, the Modern Jazz Quartet, Ella Fitzgerald, Ray Charles, Sarah Vaughn, Dinah Washington, Nina Simone, и Billie Holiday.)
Со првобитниот успех на ‘Ткајачите’(The Weavers) дошло и до заживување на американската фолк музика која станала феномен од 50тите до средината на 60тите години. Со својот звук и големиот репертоар, тие биле инспирација на многу други групи, како триото Кингстон (the Kingston Trio), триото Чед Мичел (the Chad Mitchell Trio), Њу Кристи трубадури (The New Christy Minstrels).
На 3ти февруари 1959г., авионот кој ги превезувал трите познати, американски рок’ен’рол ѕвезди Бади Холи (Buddy Holly), Ричи Валенс (Ritchie Valens) и Џеј Пи Ричардсон (J. P. "The Big Bopper" Richardson) се урнал, поради маглата кај Клир Лејк, Ајова, убивајќи ги сите четворица патници во авионот, вклучувајќи го и пилотот Роџер Питерсон. Оваа трагедија подоцна била означена како ‘Денот кога музиката умре’, испромовирана во песната на Дон МекЛин од 1972г., ‘Американска пита’.

:Филм[уреди | уреди извор]

Европската филмска индустрија ја доживеала својата ренесанса во 50тите, веднаш по губитоците од Втората Светска војна. Италијанскиот режисер Федерико Фелини, со ‘Патот’ (‘La Strada’), го освоил првиот Оскар за најдобар странски филм, и со ‘Ноќите на Кабирија’ (‘Nights of Cabiria’) добил уште еден Оскар.
Шведскиот режисер Ингмар Бергман, во 1955г., на Канскиот филмски фестивал освоил награда од жирито со ‘Насмевки на летна ноќ’ (‘Smiles of a Summer Night’) и продолжил со ремек-делата, со ‘Седмиот Печат’ (The Seventh Seal) и ‘Диви Јаготки’ ( Wild Strawberries). Филмот ‘Орфеј’ (Orphée) на Жан Кокто, водечкиот филм во неговата мистична трилогија, бил објавен во 1950г.,со Жан Маре во главната улога. Како прв филм на Францускиот нов бран, се смета ‘Убавиот Серж’(‘Le Beau Serge’), на францускиот режисер Клод Шарбол. Познати филмски ѕвезди од тоа време се Брижит Бардо, Софиа Лорен, Марчело Мастројани, Макс Вон Сидоу и Жан-Пол Белмондо.
Јапонската филмска индустрија го достигнала својот врв со филмовите на режисерката Акира Куросава, во кои спаѓаат Рашомон, Икиру, Седумте самураи, Трон на крв и Скриената тврдина. Други истакнати режисери од тоа време биле Јасужиро Озу и Кењи Мизогучи. Митолошките епови Садко, Илија Муромец и Сампо, од рускиот режисер за научна фантастика, Александр Птушко, биле меѓународно одобрени и поздравени, како и Балада за војникот, филм на Советскиот сојуз, режисиран во 1959г. од страна на Григори Чукраи.
‘Златната ера’ на три-димензионалната кинематографија започнала исто така во педесетите години.

:Уметнички движења[уреди | уреди извор]

Во раните педесети години , Џексон Полок и Вилем Кунинг биле многу влијателни. Но, сепак, во подоцнежните 50ти, сликите на Барнет Њуман и Марк Ротко биле во центарот на вниманието на следната генерација. Поп артот ја земал иконогафијата од телевизијата, фотографијата,стриповите и маркетингот. Со корени од дадаизмот, започнал да се формира кон крајот на 50тите, кога некои европски уметници како главен предмет на својата уметност , започнале да ги користат симболите и производите од маркетингот и пропагандата. Враќањето на сликовитата уметност, за разлика од апстрактниот експресионизам кој ја доминирал естетската сцена уште од крајот на Втората Светска војна, била водена од Британија се до раните 60ти кога Енди Вархол, најпознатиот уметник на овој правец почнал да го внесува поп артот во галериите ширум САД.