Јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јануари или Коложег е првиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според Јулијанскиот календар, месецот јануари почнува од 14 ден на Грегоријанскиот календар.

Потекло на зборот[уреди | уреди извор]

Богот Јанус со две лица

Јануари го добил името според грчкиот збор (Ιανουάριος) и латинскиот (-{Iānuārius}-). Наречен е според Римскиот бог Јанус, богот на сите почетоци, премини, куќни порти, Сонцето и светлината.

Самото име како назив за првиот месец од годината води потекло од Римската митологија, од каде што потекнува и латински збор за порта - ianua. Јануари се сметал за порта кон остатокот од годината.

Сепак во текот на историјата, јануари неколку пати си го променил своето официјално име. Така, долго и доста распространето во употреба бил саксонскиот назив Wulf-monath (со значење месец на волкот), како и кованицата на Карло Велики - Wintarmanoth (зимски / студен месец). На фински, јануари се вика tammikuu, што значи месец на дабот.

Јануари во другите словенски јазици[уреди | уреди извор]

Старото македонско име за месецот јануари е Коложег. Кај другите словенски и балкански јазици, најчесто се сретнува под името Сечко, Сијечањ, Сичен, Леден, Просинец и сл.

Поважни Православни празници во јануари[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември