Ирска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е статија за западноевропска држава. За други значења на поимот, видете Ирска (појаснување)
Ирска
Éire
Знаме Грб
Химна"Amhrán na bhFiann"
"Песната на војниците"

Местоположбата на  Ирска  (темнозелено)– на Европскиот континент  (светлозелено и dark grey)– во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Ирска  (темнозелено)

– на Европскиот континент  (светлозелено и dark grey)
– во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Даблин
53°20′ СГШ 6°16′ ЗГД / 
Службен јазик ирски, англиски
Народности  87.4% Ирци, 7.5% други белци, 1.3% азијати, 1.1% црнци, 1.1% мешани, 1.6% неопределени.[1][2]
Демоним Ирец
Уредување Република и парламентарна демократија
 -  Претседател Мери МекАлис
 -  Тишех Енда Кени, ТД
 -  Танаштја Мери Кофлан, ТД
Независност од Обединетото Кралство 
 -  Објавена 24 април 1916 
 -  Потврдена 21 јануари 1919 
 -  Призната 6 декември 1922 
 -  Сегашен Устав 29 декември 1937 
ЕУ пристапила 1 јануари 1973
Површина
 -  Вкупна 70.273 км2 (120-та)
 -  Вода (%) 2.00
Население
 -  проценка за 2008 г. 4,422,100[3] 
 -  Попис 2006 4,239,848 (121-ва)
 -  Густина 60.3 жит/км2 (139-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 -  Вкупен $188.112 милијарди[4] 
 -  По жител $42,539[4] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 -  Вкупно $273.328 милијарди[4] 
 -  По жител $61,809[4] 
ИЧР (2013)  0.899[5]
многу висок · 11та
Валута Евро¹ (EUR)
Часовен појас WET (UTC+0)
 -  (ЛСВ) IST (UTC+1)
Се вози на лево
НДД .ie2
Повик. бр. 353
1. пред 2002: Ирска фунта.
Топографија на Ирска

Република Ирска (ирски: Poblacht nah Éireann, англиски:Republic of Ireland) е официјалниот „опис“ (како што е дефинирано со ирскиот закон) на независната држава што покрива приближно пет шестини од островот Ирска кој се наоѓа релативно блиску до северозападниот брег на Европа. Република Ирска е најзападната држава на Европската Унија и има развиена економија и население од приближно четири милиони жители. Според ирскиот устав, официјалното име на земјата е едноставно Ирска (на ирски: Éire, на англиски: Ireland). Главен град на Ирска е Даблин.

Останата шестина од островот Ирска е позната како Северна Ирска и претставува дел на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Ирска е парламентарна република која своја основа наоѓа во Уставот кој бил усвоен во 1937 година. Парламентот (Oireachtas) е формиран од Претседателот и од два Дома: Дом на пратеници (Dail Eireann) и Сенат (Seanad Eirann). Претседателот (Uachtaran na hEireann) управува со државата 7 години додека двата Дома можат да бидат избрани најдолго 5 години.

Ирскиот народ потекнува од келтските племиња кои се населиле на островот уште од древни времиња и успеале да дадат отпор против туѓите напади.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Ирска.

Првото познато населување на територијата на денешна Република Ирска било во околу 8000 п.н.е., кога носителите на мезолитната култура се населиле во Велика Британија и Европа. Се смета дека тие се населиле по земјиште, односно во тоа време не постоел островот Велика Британија, туку бил дел од тлото на европскиот континент. Од нивното време, денеска има многу малку зачувано некои артефакти и е многу малку познато. Пд нив останале само археолошките објекти. Повеќе познанство има за нивните потомци, кои се населиле главно од Пиринејскиот полуостров. Од тоа неолит|неолитско време, во минатите векови биле отквиени разни споменици и гробници.

По пристигнувањето на Свети Патрик на островот во 5 век, христијанството започнало постепено да се проширува. Ирска со текот на времето се претворила во центар на манастирскиот живот на монасите. Подоцна, Ирска изиграла голема улога за распространувањето на христјанството низ Европа. Според една легенда, Свети Патрик ги прогонил змиите од островот

Во околу 800 година бил даден почетокот на викинската инвазија во Ирска. Во 1169 година бил даден почетокот на норманското управување на чело со графот Ричард Стронгбој. Подоцна, со државата владееле англичаните. Во времето на Реформацијата, избувнале повеќе немири и востанија од 1534 до 1691 година. Во текот на тој период, англичаните провеле политика на колонизирање на ирските територии, населувајќи се голем број на англиски и шкотски протестанти.

Во 1613 година, 85% од вклупниот број на население се католици. Но, тие го изгубиле мнозинството си во парламентот. Кон крајот на векот, официјално им било забрането да бидат дел од парламентарните групи. Политичката власт преминала во рацете на англиканите, додека католичкото општество било изложено на голема дискриминација. Во 1801 година бил укинат парламентот, и Ирска станала дел од Обединетото кралство Велика Британија и Ирска. Во текот на 1829 година, католиците добиле право да бидат избирани во парламентот, но нивните права биле значително намалени.

Во текот на 19 век, Ирската парламентарна партија започнала политичка кампања за добивање на автономија. Таа во голема мера постигнала успех, но со започнувањето на Првата светска војна истата била укината. Во 1922 година, по Ирската војна за независност, 26 од 32 графства се оделиле од Обединетото кралство, образувајќи Ирска слободна држава која од 1948 година се нарекува Република Ирска. Останатите графства остануваат во составот на Обединетото кралство, под името Северна Ирска.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Ирска.

Република Ирска единствен сосед и е Северна Ирска која припаѓа на Обединетото Кралство. Западно од Република Ирска се наоѓа Атланскиот океан, на североисток Северниот канал, а на исток Ирското море. Климата во Република Ирска е умерена.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Ирска.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Ирска е првостепено поделена на 4 главни покраини. Кои понатаму се делат на грофовии.

Покраина Население Површина (км²) Најголем град
 Алстер 1.993.918 24.481 Белфаст
 Конахт 503.083 17.713 Голвеј
 Ленстер 2.292.939 19.774 Даблин
 Манстер 1.172.170 24.608 Корк

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Ирска.

Население, јазик[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Ирска.

Религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Република Ирска.

Основната религијата во Република Ирска е Римокатоличката. Историски гледано, пред доаѓањето на христијанството, келтскиот политеизам била доминантна религија на нацијата.

Според последната анкета која била спроведена во 2005 година од страна на Евробарометар[6] , 73% од населението на Ирска рекле дека постои Бог и дека веруваат во него, 22% рекле дека веруваат дека постои некоја друга надприродна сила и 4 % рекле дека не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Ирска.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]