Пиратите од Карибите (филмски серијал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Пиратите од Карибите“
Pirates box set.jpg
„Пиратите од Карибите“ трилогија
Режирано од Гор Вербински
Продуцент Џери Брукхајмер
Сценарист Тед Елиот
Тери Росио
Настапуваат Џони Деп
Орландо Блум
Кира Најтли
Џефри Раш
Џек Девенпорт
Бил Наји
Том Холандер
Стелан Скарсгард
Наоми Харис
Џонатан Прајс
Дистрибутер Walt Disney Pictures
Премиера 2003 – сѐ уште
Времетраење 461 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $665 милиони
Бруто заработка $2,7 милиарди

Пиратите од Карибите е серија од три филмови, режирани од Гор Вербински, со сценариото од Тед Елиот и Тери Росио и продукцијата од Џери Брукхајмер. Филмската трилогија е создадена врз основа на истоимената „вртелешка“ со Пиратите од истото име од забавниот парк „Дизниленд“. Трилогијата е промовирана на 9 јули, 2003 со Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер. По неочекуваниот успех на првиот филм, Walt Disney Pictures објавуваа дека уште два филма се во преработка. После три години, Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот беше премиерно прикажан на 7 јули, 2006, и доживеа голем успех и заработка што го смести на третото место на листата на најпрофитирачки филмови веднаш по филмовите Титаник и Господарот на прстените: Враќањето на кралот. Последниот филм во трилогијата, Пиратите од Карибите: На крајот на светот, беше премиерно прикажан на 25 мај, 2007 во Дизниленд. Сѐ заедно, филмската франшиза има заработено од $2.79 милиарди низ целиот свет.

Развивање[уреди | уреди извор]

Филмови[уреди | уреди извор]

Наслов Премиера Бруто добивка Бруто добивка (вклопен)
Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер 9 јули, 2003 $654,264,015 $733,355,856
Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот 7 јули, 2006 $1,066,179,725 $1,100,297,476
Пиратите од Карибите: На крајот на светот 25 мај, 2007 $960,713,181 $960,713,181
Вкупно филмови 1-3 по 4 октомври, 2007 $2,680,885,948 $2,794,366,513

Главни улоги[уреди | уреди извор]

Улога Филм
Проклетството на црниот бисер Ковчегот на мртовецот На крајот на светот
Џек Спароу Џони Деп
Вил Тарнер Орландо Блум
Елизабет Свон Кира Најтли
Хектор Барбоса Џефри Раш
Џејмс Норингтон Џек Девенпорт
Ветерби Свон Џонатан Прајс
Џoшами Гибс Кевин МакНали
Рагети Макензи Крук
Пинтел Ли Аренберг
Дејви Џонс   Бил Наји
Катлер Бекет   Том Холандер
Тиа Далма   Наоми Харис
Вилијам "Бутстрап Бил" Тарнер   Стелан Скарсгард
Сао Фенг   Чоу Јун-Фат

Иднина[уреди | уреди извор]

Walt Disney Pictures наводно објавивале дека направиле нерешителни планови да снимат четврти филм во 2009.[1] Џони Деп изјави дека би се согласил на учество во нови продолженија „ако имале добро сценарио.“[2] Во февруари, 2007, по завршувањето на снимањето на третиот филм од серијалот, Пиратите од Карибите: На крајот на светот, сценаристот Тери Росио рекол дека тој и Тед Елиот ќе пробаат да напишат сценарио за нов филм но ќе биде „како четвртиот Индијана Џонс филм - ќе има сили што ќе работат за да се случи и сили што ќе работат за да не се случи.“[3] Исто така Џефри Раш изјави интерес за враќање на улогата на капетанот Барбоса, ако се случи четврто продолжение.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Bon Voyage, Pirates?“, IGN, 2007-05-10 (конс. 11 декември 2007).
  2. Stax. „Depp on More Pirates“, IGN, 2006-06-19 (конс. 11 декември 2007).
  3. Exclusive interview: Terry Rossio“, Moviehole, 2007-02-12 (конс. 2007-17-12).