14 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< декември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

14 декември е 348-иот ден во годината според григоријанскиот календар (349-и во престапна година). Остануваат 17 денови до крајот на годината.

Настани:

1782  За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје.
1911  Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот.
1955  Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации.
1964  Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје.
1994  Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ.
1995  Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.

Родени:

1503  Нострадамус — француски јасновидец.
1546  Тихо Брахе — дански астроном.
1564  Вилем Класон Хеда — холандски сликар.
1870  Карл Ренер — австриски претседател.
1895  Џорџ VI — крал на Велика Британија.
1895  Пол Елијар — француски поет.
1897  Курт Шушниг — австриски политичар.
1901  Павле — крал на Грција.
1938  Игнатие Богдановски — македонски политичар.
1947  Дилма Русеф — претседател на Бразил.
1951  Јан Тиман — холандски шахист.
1956  Хани Венцел — скијачка од Лихтенштајн.
1962  Реџеп Реџеповски — македонски и југословенски боксер.
1965  Алјоша Асановиќ — хрватски фудбалер.
1970  Ана-Марија Јопек — полска џез и поп-пејачка.
1970  Владимир Грбиќ — српски и југословенски одбојкар.
1979  Мајкл Овен — англиски фудбалер.
1979  Софи Монк — австралиска пејачка и актерка.
1985  Јакуб Блашчиковски — полски фудбалер.
1986  Андреј Зајтс — казахстански велосипедист.

Починале:

872  Адријан II — римски папа.
1788  Карлос III — крал на Шпанија.
1799  Џорџ Вашингтон — американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797).
1861  Алберт Саксокобургготски — сопруг на британската кралица Викторија.
1940  Марија Георгиевна — принцеза на Грција.
1974  Волтер Липман — американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања.
1983  Иван Антонов — доајен на македонското радио и телевизиско спикерство.
1989  Андреј Сахаров — советски физичар, дисидент и нобеловец.
1997  Џовани Ањели — „некрунисан крал“ на концернот FIAT и негов целокупен наследник.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември