Словенија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Словенија
Republika Slovenija
Знаме Грб
ХимнаZdravljica 
Здравица

Главен град
(и најголем)
Љубљана
46°03′ СГШ 14°30′ ИГД / 
Службен јазик словенечки1
Народности (2002)
Уредување парламентарна република
 -  Претседател Борут Пахор
 -  Премиер Аленка Братушек
Независност од Југославија 
 -  Прогласена 25 јуни 1991 
 -  Призната 1992 
ЕУ пристапила 1 мај 2004
Површина
 -  Вкупна 20.273 км2 (153та)
 -  Вода (%) 0.6
Население
 -  проценка за 2009 г. 2,053,355  (142ра)
 -  Попис 2002 1,964,036 
 -  Густина 99.6 жит/км2 (80та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 -  Вкупен $59.316 милијарди[1] 
 -  По жител $29,472[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 -  Вкупно $54.639 милијарди[1] 
 -  По жител $27,149[1] 
Џини (2007) 28.4 (низок
ИЧР (2013)  0.874[2]
многу висок · 25та
Валута евро (€)3 (EUR)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .si4
Повик. бр. 386
1 Италијнскиот и унгарскиот се официјални во општините со италијанско и унгарско малцинство.
2 Извор: Statistical Office of the Republic of Slovenia: Population, Slovenia, 30 јуни 2008
3 Пред 2007: Словенечки толар
4 Исто така .eu, заедно со другите членки на ЕУ.

Словенија (словенечки: Slovenija), официјално: Република Словенија (Republika Slovenija) — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.

Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.

Главен град: Љубљана. Број на жители: 2.053.488 (2009.). Површина: 20.273 км²

На Словенија припаѓа и многу мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.

Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.

Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенско јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Словенија.

Населување на Словените[уреди | уреди извор]

Словенските претци на денешните Словенци се населиле на територијата на Словенија во VI век. Словенското кнежевство Карантанија било формирано во VI век. Во 745 година Карантанија била приклучена кон Франкската Империја и Карантанците го прифатиле христијанството. Карантанија ја задржала својата независност до 828 година. Со бунтовите на локалното население и со помош на Баварија, Карантанија имала своја потполна независност, но била сосема уништена од Унгарците во IX век.

Среден век[уреди | уреди извор]

Карантанија била повторно основана во 976 година но покасно Ото I ја поделил Карантанија и ја создал Корушка, шестото војводство на Папската држава.

Карта на Обединета Словенија.

За време на XIV век, повеќето од територијата на Словенија била под раководство на Хабсбуршката монархија и во XV век целата територија на Словенија била под раководство на соседната Монархија.

Во XVI век во Словенија зела замав протестантската реформација. За време на тој период биле публикувани првите книги на словенечки јазик и тоа од Примож Трубар и неговите следбеници. Иако сите следбеници на револуцијата биле протерани од словенечките земји, сепак тие оставиле силни впечатоци на локалното население и ја составиле основата на словенечкиот литературен јазик.

XVIII-XX век[уреди | уреди извор]

Во периодот 1805 и 1813 година Словенија потпаднала под раководство на Австриската Империја. Во овој период се развил словенечкиот национализам и се создала идејата за Обединета Словенија.

XX век[уреди | уреди извор]

Покасно Словенија била дел на Кралството СХС и СФРЈ и на 25 јуни 1991 година Словенија станала независна држава.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Словенија.
Триглав, највисокиот врв во Словенија.

Во Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динарите, Панонската низина и Медитеранот. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2.864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри.

Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми, третата држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е медитеранска во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Словенија.

На чело на Словенија е претседателот кој е избран од мнозинство гласови на секои пет години. Извршната власт е во рацете на премиерот на Словенија и во Советот на министри или наречен кабинет. Министрите ги избира националното собрание на Словенија.

Двојниот парламент на Словенија е карактеристичен по тоа што нема еднаква поделба на власта, бидејќи словенечкиот устав не посочува и не ја поделува власта подеднакво на двата дома. Парламентот се состои од национално собрание и национален совет. Националното собрание на Словенија има 90 членови, од кои 88 се избрани од сите граѓани на избори, додека два се избрани од унгарското и италијанското малцинство. Во Словенија има избори на секои пет години. Националниот совет на Словенија има 40 членови кои се назначени за социјални, економски, професионални и локални групи.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Карта на Словенија.
Регионите во Словенија

Традиционалните осум региони на кои е поделена Словенија се истите региони на кои била поделена државата за време на Хабсбуршката монархија и други историски држави. Регионите се:

Македонски Словенечки
Горењски регион Gorenjska
Штаерски регион Štajerska
Прекмурје Prekmurje
Корошки регион Koroška
Нотрански регион Notranjska
Доленски регион Dolenjska
Горишка Goriška
Словенечка Истра   Slovenska Istra  

Регионите Горишка и Словенечка Истра се познати и по заедничкото име приморски регион.

Статистички региони[уреди | уреди извор]

Островот Блед

Статистичките региони на Словенија служат за административни работи. Словенија е поделена на 12 статистички региони и тие се:

Источна Словенија—SI01
Статистички регион код
Мурски статистички регион SI011
Дравски статистички регион SI012
Корушки статистички регион SI013
Савињски статистички регион SI014
Засавски статистички регион SI015
Долносавски статистички регион SI016
Југоисточна Словенија SI017
Нотрањско-крашки статистички регион SI018
Западна Словенија—SI02
Статистички регион код
Централнословенечки статистички регион SI021
Горењски статистички регион SI022
Горички статистички регион SI023
Крајбрежно-крашки статистички регион SI024

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Словенија.
Економскиот центар- Љубљана.

Словенија има високо развиена економија со втор највисок БНП по глава на жител од новите 15 земји членки на ЕУ со 29.472 долари. Економскиот развој на Словенија се забрзал во последните неколку години кога во 2004 е забележан раст од 4.3% и во 2006 од 5.9%.

Покрај високиот развој на економијата, сепак таа се соочува со некои помали проблеми. Голем дел од словенечката економија е во рацете на државата и Словенија има најмали странски инвестиции во ЕУ по глава на жител. Даноците се големи и производството се преселува во други држави.

Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Словенија.
Словенечка женска носија.

Најголема етничка група во Словенија се Словенците со 83%. Покрај Словенците во Словенија жкивеат и народи од поранешната заедница СФРЈ (Македонци, Срби, Хрвати, Босанци и Црногорци) кои сочинуваат околу 5,3%, потоа Албанци, Роми, Италијанци, Унгарци кои сочинуваат околу 2,8%. Во 2003 година просечниот животen век во Словенија изнесувал 72,2 години и е рангирана на 4 место според бројот на самоубиства во однос на населението.

Со 99 жители на километар квадратен Словенија важи за земја со мала густина на население. Најслабо населен регион во Словенија е нотрањско-крашкиот статистички регион, додека најнаселен е централниот дел. Околу 51% од населението живее во урбаните центри, остатокот во руралните.

Официјален јазик на Словенија е словенечкиот јазик. Во регионите каде живее унгарско и италијанско население, унгарскиот и италијанскиот јазик се официјални јазици покрај словенечкиот.

Според пописот во 2002 година, поголем дел од Словенците се католици, околу 57.8%. Според анкетата од 1992 година, само 20% од возрасните Словенци веруваат во "личен Бог" (уште 39% рекле дека веруваат во Бог како "етеричeн дух) ". Во 1997 година: 24% од словенската популација се изјасниле дека веруваат во постоењето на Бог, без какви било какви сомневања; 29% од возрасните граѓани веруваат во Христовото Воскресение, 37,5% од Словенците веруваат во Рајот и 24% во пеколот.

Денеска, најголема религија во Слоивенија е Римокатоличката. Околу 57% според податоци од 2002 година се приврзаници на оваа религија. Помали верски организации се Православието, Протестантството, Исламот и.т.н.

Култура во Словенија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Словенија.

Првите книги во Словенија биле објавени од протестантскиот реформатор Примож Трубар, поточно објавил две книги објавени во 1550 година во Германија. Покрај Трубар, позначајни писатели и поети на Словенија се: Франце Прешерн, Отан Жупанчич, Сречко Косовел, Едвард Коцбек, Дане Зајц, Иван Цанкар, Владимир Бартол и други.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Влада
Општи информации
Патување
Вести
Друго
Одредници од СЛОВЕНИЈА
 Австрија  Австрија
 
 Унгарија
 Италија
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
 Хрватска
Јадранско Море  Хрватска
 
 Хрватска