14 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< октомври >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31


14 октомври е 287-иот ден во годината според григоријанскиот календар (288-и во престапна година). Остануваат 78 денови до крајот на годината.

Настани:

1933  Нацистичка Германија се повлече од Друштвото на Народите.
1944  Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица.
1944  Ослободена е Атина од страна на британската војска.
1981  Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат.
1993  Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име.
1994  По Ирската републиканска армија и лојалистичките парамилитарни единици, објавија општ прекин на воените акции, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата северно-ирска граѓанска војна.

Родени:

1829  Аугуст Малмстрем — шведски историски сликар.
1890  Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар.
1919  Димитар Митрев — македонски литературен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
1960  Стив Крем — британски атлетичар.
1985  Виталиј Фридзон — руски кошаркар.

Починале:

1944  Ервин Ромел — германски фелдмаршал, познат како „Пустинска Лисица“ (р.1891)
1958  Николај Заболоцки — советски и руски поет.
1977  Бинг Крозбиамерикански актер и пејач, добитник на филмската награда Оскар
1990  Леонард Бернштајнамерикански композитор, пијанист и диригент, познат по музичките нумери во филмот „Приказна од Западната страна
2010  Беноа Манделбротфранко-американски математичар, познат изучувач на фракталите (р. 1924)


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември