13 октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< октомври >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31


13 октомври е 286-иот ден во годината според григоријанскиот календар (287-и во престапна година). Остануваат 79 денови до крајот на годината.

Настани:

1307  Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се еретици.
1792  Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон.
1884  Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1943  Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадолјо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дојшло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952  Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески.
1972  Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби.

Родени:

1474  Мариото Арбертинелииталијански сликар, еден од претставниците на француската школа на високата ренесанса.
1911  Андре Навара, француски виолончелист со меѓународно реноме. Извесно време има предавано во Скопје, а бил чест и многу значаен учесник во програмата на Охридско лето.
1923  Драга Чаловска - Секуловска — македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје.
1925  Маргарет Тачер — прва жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“.
1931  Рејмон Копа — француски фудбалер.
1967  Хавиер Стомајор — кубански атлетичар.
1989  Карлос Бетанкур — колумбиски велосипедист.

Починале:

1822  Антонио Канова — италијански вајар (р. 1757)
1984  Илија Зафировски — македонски новинар.
2003  Ѓорѓи Колозов — македонски глумец.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември