Византиски календар
Византиска култура |
---|
Византискиот календар бил во официјална употреба во Византија (односно во Источна Римска Империја) од 988 година кога владеел Василиј II, сѐ до падот на империјата во 1453 година. Овој календар се користел и во земјите кои биле во византиската сфера на влијание.
Календарот бил идентична на Јулијанскиот календар, со таа разлика што називите на месецте биле преведени од латински на грчки. Првиот ден од годината бил 1 септември, а за почетна година се сметала 5509 (или 5508) година пред новата ера - односно кога според Библијата бил создаден светот. Значи за да преминеме од современиот календар во византискиот на тековната година треба да додадеме 5508, а за деновите од 1 јануари до 31 август и 5509 за останатите денови од годината.
Поважни датуми[уреди | уреди извор]
- 1. в.е. (византиска или цариградска ера) - Настанок на светот,
- 4755. в.е. (753 п. н. е.) - Основан е градот Рим;
- 4841. в.е. (667 п. н. е.) - Основан е градот Византиум (подоцна Константинопол);
- околу 5502. в.е. (6 п. н. е.) - Роден е Исус Христос;
- околу 5541. в.е. (33.) - Исус Христос e распнат и воскреснал;
- 5838. в.е. (330) - Константинопол станува нова престолнина на Римското Царство;
- 5888. в.е. (380) - Со декрет на Теодосиј I, Христијанството станува официјална религија;
- 6118. в.е. (610) - Грчкиот јазик станува официјален јазик во Империјата;
- 6496. в.е. (988) - Василиј II го воведува во употреба византискиот календар;
- 6562. в.е. (1054) - Доаѓа до Големиот Раскол помеѓу источната и западната црква;
- 6712. в.е. (1204) - Цариград паднал во рацете на крстоносците;
- 6769. в.е. (1261) - Миахил VIII Палеолог го ословодил Цариград од крстоносците;
- 6961. в.е. (1453) - Падот на Византија.
Подоцнежна употреба[уреди | уреди извор]
По падот на Византија, на календарот продолжил да се користи во Русија до 1700 година сѐ до реформите на Петар Велики. Денес сѐ уште некои Православни Цркви го користат овој календар.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Византиско сметање на времето (англиски)
- [1], -{Stavros L. K. Markou, orthodoxfaith.com}- (англиски)
Византиско царство | ||
Византиска култура | Историја на Византија | Уредување на Византија |
---|---|---|
Архитектура |
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I |
|
|