25 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

25 април е 115-иот ден во годината според григоријанскиот календар (116-и во престапна година). Остануваат 250 денови до крајот на годината.

Настани:

1191  Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско.
1719  Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо.
1859  Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот Канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратешко и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток.
1959  Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот Океан е отворен за пловидба.
1945  Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).
1960  Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.
1979  Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“.
1996  Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

Родени:

32  Отон — римски цар.
1214  Луј IX Светиот — француски крал.
1284  Едвард II — англиски крал.
1599  Оливер Кромвел — англиски државник.
1874  Гилјермо Марконииталијански инженер и пронаоѓач.
1903  Андреј Колмогоров — руски математичар.
1940  Ал Пачино — американски филмски и театарски актер и режисер.
1947  Јохан Кројф — холандски фудбалер.
1948  Лазар Китановски — универзитетски професор и министер за одбрана на Македонија.
1958  Сергеј Тараканов — руски и советски кошаркар.
1961  Миран Тепеш — словенечки и југословенски скијачки скокач.
1969  Дејан Дуковски — македонски драмски автор.
1969  Рене Зелвегер — американска глумица.
1976  Тим Данкан — американски кошаркар.
1980  Алехандро Валверде — шпански велосипедист.
1981  Јована Јанковиќ — српска телевизиска водителка.
1981  Фелипе Маса — бразилски пилот на Формула 1.
1984  Стејн Ванденберг — белгиски велосипедист.
1992  Бријан Кокар — француски велосипедист.

Починале:

68  Апостол Марко — папа на Александрија и еден од апостолите на Исус.
1342  Бенедикт XII — римски папа.
1744  Андерс Целзиус — шведски физичар и астроном.
1923  Јово Камберски — македонски раскажувач и романсиер.
1999  Лорд Киланин — ирски новинар.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември