27 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< декември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

27 декември е 361-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (362-и во престапна година). Остануваат 4 денови до крајот на годината.

Настани:

1938  Во Скопје за првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од драмскиот писател Ристо Крле.
1945  Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот.
1949  Холандската кралица Јулијана потпиша документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа.
1979  Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт.
1992  Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“.
1993  Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“ што ги погоди јужните Филипини.

Родени:

1571  Јохан Кеплер — германски астроном, математичар и физичар.
1717  Пиј VIримски папа.
1822  Луј Пастер — француски хемичар и биолог.
1901  Марлен Дитрих — германска и американска актерка.
1918  Христо Брашнаров — македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ.
1946  Трифун Костовски — македонски деловен човек и поранешен градоначалник на Град Скопје.
1950  Роберто Бетега — италијански фудбалер.
1982  Терји Скибенес — гитарист на викиншката метал-групаТир“ од Фарските Острови.
1984  Жил Симон — француски тенисер.
1988  Хејли Вилијамс — американска пејачка, текстописец, и главен вокал на бендот Paramore.
1990  Милош Раониќ — канадски тенисер.

Починале:

1534  Антонио да Сангало Постариот — италијански архитект од времето на Ренесансата.
1585  Пјер Ронсар — француски писател од времето на ренесансата.
1743  Ијасент Риго — важен француски барокен сликар и портретист.
1911  Штерјо Михајлов — учесник во македонското револуционерно движење.
1923  Густав Ајфел — француски инженер и градител на познатата Ајфелова кула.
1836  Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1938  Осип Мандељштам — руски и советски поет и есеист.
1952  Рамадан Зејнели — писател за деца од албанската националност во Македонија.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември