20 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< мај >>
Н П В С Ч П С
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31

20 мај е 140-иот ден во годината според григоријанскиот календар (141-и во престапна година). Остануваат 225 денови до крајот на годината.

Настани:

1836  Основани првите професионални противпожарни служби во Македонија. Овој ден се празнува како Ден на пожарникарството во Македонија.
1875  Во Париз се одржала дипломатска конференција за метарот, на која е основано Меѓународното биро за тегови и мерки. Со тоа започнало средувањето на безредието во областа на на мерните единици на одделни физички големини.
1876  Во селото Разловци во Источна Македонија избувна Разловечкото востание на македонскиот народ против османлиската војска. И покрај неуспехот на востанието, тоа имаше големо значење за будењето на националната свест и за народноослободителната борба на македонскиот народ.
1926  Со мирот во Џеда потпишан со кралот Ибн Сауд, Велика Британија ја призна независноста на Саудиска Арабија.
1990  Во Романија на првите слободни избори по 45 години победи партијата Фронт за национален спас.

Родени:

1799  Оноре де Балзак — француски писател.
1875  Парашкев Цветков — бугарски револуционер.
1901  Макс Еве — холандски шахист и поранешен претседател на ФИДЕ.
1908  Џејмс Стјуарт — американски актер.
1946  Шер — американска пејачка.
1955  Маноло Каденас — шпански ракометен тренер.
1962  Александар Дедјушко — руски театарски и филмски глумец.
1964  Миодраг Белодедич — романски фудбалер.
1967  Павлe — грчки принц.
1982  Петр Чех — чешки фудбалер.
1985  Николај Липкин — руски кануист-спринтер.
1985  Крис Фрум — британски велосипедист.

Починале:

1277  Јован XXI — римски папа.
1506  Кристофер Колумбо — шпански истражувач и откривач на новиот свет.
1622  Осман II — отомански султан
1940  Вернер фон Хејденстам — истакнат шведски поет и нобеловец.
1981  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј — прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква.
2002  Стивен Џеј Гулд — американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември