11 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

11 април е 101-иот ден во годината според григоријанскиот календар (102-и во престапна година). Остануваат 264 денови до крајот на годината.

Настани:

1713  Потпишан е Утрешкиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од XVIII век.
1919  На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот.
1921  Првиот спортски радиопренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД.
1945  Втора светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1964  Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм.
1991  Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992  Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20 март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1995  Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.

Родени:

147  Септимиј Север — римски цар.
1755  Џејмс Паркинсон — англиски лекар, ја открил болеста на нервниот систем наречена по него († 1824).
1905  Атила Јожеф — унгарски поет.
1911  Кирил Николов — македонски новинар.
1933  Ѓоре Напески — македонски поет и раскажувач.
1942  Иванчо Митревски - Мајсторот — македонски писател за деца.
1960  Саиф ал Адел — член на Ал-Каеда.
1980  Пшемислав Њемјец — полски велосипедист.
1981  Алесандра Амбросио — бразилски модел.
1982  Ангел Дарк — словачка порно ѕвезда.
1984  Себастјен Тиржо — француски велосипедист.
1984  Никола Карабатиќ — француски ракометар.
1985  Вил Кларк — австралиски велосипедист.
1987  Џос Стоун — англиска пејачка.

Починале:

678  Дониј — римски папа.
1514  Донато Брамантеиталијанскиот архитект.
1854  Карл фон Базедов — познат германски лекар и научник.
1943  Лазо Трповски — македонски комунист.
1977  Жак Превер — француски поет.
1985  Енвер Хоџа — албански комунистички државник.
2007  Курт Вонегат — американски писател (р. 1922).


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември