17 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

17 јануари е 17-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 348 денови до крајот на годината (349 во престапна).

Настани:

1377  Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.
1562  На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција
1601  Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Валјадолид.
1773  Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Јужениот поларен круг.
1912  Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Руал Амундсен.
1919  Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
1939  Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
1945  Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска
1948  Основано препријатието за јавен превоз Јсп СКОПЈЕ во Скопје
1953  Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.
1961  По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
1991  Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата "Пустинска бура". Ирак лансира 8 Скад ракети погодувајќи цели во Израел
1995  Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица.
1996  Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
1998  Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
2001  Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик

Родени:

1504  Пиј V — римски папа.
1600  Педро Калдерон де ла Барка — шпански драматург и поет.
1706  Бенџамин Франклин — американски политичар и дипломат.
1820  Ана Бронте — британска писателка.
1863  Дејвид Лојд Џорџ — британски премиер.
1863  Константин Сергеевич Алексеев — руски режисер и актер.
1899  Ал Капоне — американски гангстер.
1870  Глигор Соколов — деец на македонското револуцинерно движење.
1913  Асен Тодоров — македонски новинар.
1923  Благој Попов — македонски академик.
1924  Благоја Талески — македонски државник.
1925  Зина Креља — македонска оперска пејачка.
1942  Мохамед Али — американски боксер
1946  Мето Јовановски — американски актер.
1949  Љубомир Груевски — македонски поет.
1958  Миле Исаковиќ — српски и југословенски ракометар.
1962  Џим Кери — канадски актер.
1964  Тајс Вервест — диџеј од Холандија познат како Тиесто.
1964  Мишел Обама — сопруга на Барак Обама.
1964  Рефет Абази — македонски актер и педагог.
1966  Љубчо Георгиевски — премиер на Република Македонија (1998-2002).
1971  Кид Рок — американски пејач.
1977  Лука Паолини — италијански велосипедист.
1980  Грегори Раст — швајцарски велосипедист.
1981  Кристоф Риблон — француски велосипедист.
1982  Двејн Вејд — американски кошаркар.
1983  Алваро Арбелоа — шпански фудбалер.
1985  Себастијан Лангевелд — холандски велосипедист.
1987  Симоне Понци — италијански велосипедист.

Починале:

395  Теодосиј I — римски цар.
1468  Скендербег — албански средновековен владетел.
1598  Фјодор I — руски цар.
1751  Томазо Албинони — италијански композитор
1864  Марко Павлов — првиот дипломиран македонски лекар.
1961  Патрис Лумумба — прв премиер на Демократска Република Конго.
1978  Атанас Далчев — бугарски поет.
1986  Станко Липшаоперски пејач.
1997  Славко Поп Антовски — македонски професор.
2010  Михалис Папаконстантину — грчки политичар.
2008  Роберт Фишер — американски шаховски велемајстор.
2009  Томислав Црнковиќ — хрватски и југословенски фудбалер.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември