Центар (Франција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Центар
Centre-Val de Loire
—  Регион на Франција  —

Знаме

Лого
Земја Франција
Префектура Орлеан
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Франсоа Боно (СП)
Површина
 • Вкупна 39.151 км2
Население (1 jaн. 2008)
 • Вкупно 2.538.000 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
NUTS FR2
Портал regioncentre.fr

Центар (фр. Centre-Val de Loire, француски изговор: [sɑ̃tʁ]) е еден од 26-те региони во Франција, сместен северозападно од вистинскиот центар на земјата, околу Долината на Лоара. Главен град е Орлеан, а најголем е Тур.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Најголема знаменитост во регионот е Долината на Лоара. Карактеристични за ова подрачје се плодните долини долж реката Лоара и нејзините притоки: Шер, Енр, Лоаре. Тука се наоѓаат прочуените замоци на Лоара, кои привлекуваат голем број туристи во регионот.

Назив[уреди | уреди извор]

Името на регионот е чисто географско и нема друго значење. Ова се должи на фактот што регионот е составен од преголем број на историски покраини за да има едно име. Меѓутоа регионот Центар не е географски центар на Франција. Многумина сметаат дека ова име е премногу безлично.

Предложено е регионот да се преименува во „Долина на Лоара“ (Val de Loire), но предлогот сè уште не е прифатен.

Поголеми градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]