27 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

27 февруари е 58-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 307 денови до крајот на годината (308 во престапна).

Настани:

1844  Доминиканската Република стекнала независност од Хаити
1900  Основан е ФК Баерн Минхен
1900  Основана е британската Лабуристичка партија
1908  Во Битола е формирано е работничкото просветно друштво „Класно сознание“, кое ги ширело социјалистичките идеи меѓу работниците.
1921  Во Виена е формиран Втората и пол Интернационала.
1933  Запалена е зградата на Германскиот Рајхстаг.
1967  Доминика добила независност од Британија.
1976  Револуционерното движење „Полисарио“ ја прогласила поранешната шпанска колонија Западна Сахара за самостојна држава.
1989  Во Венецуела се случиле масовни немири, познати како Каракасо.
1996  Република Македонија и Република Грција воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:

272  Константин Iримски цар, познат и како Константин Велики, основач на градот Константинопол.
1846  Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија.
1873  Енрико Карузоиталијански оперски пејач, тенор, еден од најславните пејачи на сите времиња.
1902  Џон Стајнбек — американски писател.
1913  Ирвин Шо — американски писател.
1928  Ариел Шарон — израелски премиер.
1932  Елизабет Тејлор — британско-американска актерка.
1971  Дерен Браун — англиски илузионист и менталист.
1978  Кахабер Каладзе — грузиски фудбалер.

Починале:

1887  Александар Бородин — руски композитор.
1936  Иван Павлов — руски научник, лекар-физиолог, познат по Павловиот условен рефлекс.
1990  Михаил Петрушевски — македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје.
2013  Александар Лековски — македонски диригент и композитор.

Празници:

1844  Доминиканска Република – Ден на Независноста