14 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

14 април е 104-иот ден во годината според григоријанскиот календар (105-и во престапна година). Остануваат 261 денови до крајот на годината.

Настани:

1865  Во театарот „Форд“ во Вашингтон Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн.
1894  Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот.
1912  Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
1915  Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес.
1941  Усташите, хрватска екстремно десничарска нацистичка и фашистичка организација, се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година.
1992  Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
1994  Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија.
1995  Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

Родени:

1906  Семјуел Бекет — ирски писател, драматург и поет.
1907  Франсоа Дувалие — хаитски диктатор
1924  Душко Малевски — македонски новинар.
1945  Ричи Блекмор — англиски гитарист.
1954  Брус Стерлинг — американски автор на научна фантастика.
1957  Михаил Плетњовруски пијанист, диригент и композитор.
1958  Бранислав Саркањац — македонски социо-политички филозоф и аналитичар.
1959  Роберто Брунамонти — италијански кошаркар.
1981  Ристе Наумов — македонски фудбалер.
1985  Константин Игропуло — руски ракометар.

Починале:

1759  Георг Фридрих Хендл — истакнат германскио-британски барокен композитор.
1930  Владимир Мајаковски — руски писател
1964  Рејчел Карсон — американска екологичарка
1986  Симон де Бовоар — француска писателка и филозоф, љубовница на Жан Пол Сартр.
1997  Видое Подгорец — македонски писател.
2012  Пјермарио Морозини — италијански фудбалер.

Празници:

Ден на Царинската служба на Република Македонија
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември