Дејвид Линч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дејвид Кит Линч
DAVID LYNCH (CannesPhotocall).jpg
Дејвид Линч на Канскиот Филмски Фестивал во 2001 година.
Роден(а) Дејвид Кит Линч
20 јануари 1946
Мисула, Монтана, САД
Партнер(ка/ки/и) Пеги Линч (1967-1974)
Мери Фиск (1977-1987)
Мери Свини (2006-2006)

Дејвид Кит Линч (англиски: David Keith Lynch) (роден на 20 јануари 1946 год. во Мисула, Монтана, САД) е американски режисер, актер и сценарист.

Филмовите на Линч се познати по нивните елементи на надреализам, нивните кошмарни и сонливи секвенци, нивната силна и чудна фотографија, и педантно направената музика. Често неговите дела го истражуваат излитеното дно на малите американски градови (на пример, Син сомот и Твин Пикс) или брзоширечките метрополи (Изгубениот автопат, Мулхоланд Драјв). Поради неговиот невообичаен стил и фокусот на американската психа, комичарот Мел Брукс еднаш го нарекол Линч „Џими Стјуарт од Марс“.

За време на долгата кариера, Линч развил конзистентен пристап кон приказната и визуелниот стил и станал препознатлив за светската публика. Иако неговите филмови не се блокбастери, тој е постојан фаворит меѓу филмските критичари и околу него веќе е изграден култ.