28 јануари
Од Википедија — слободната енциклопедија
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
28 јануари е 28-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 337 денови до крајот на годината (338 во престапна).
Настани:
1821 | Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу. |
1871 | Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз. |
1878 | Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот. |
1918 | Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија. |
1945 | Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа. |
1986 | Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот. |
Родени:
1457 | Хенри VII — англиски крал |
1540 | Лудолф ван Цојлен — германски математичар, познат по своите пресметки на бројот π |
1600 | Папа Климент IX — римски папа. |
1717 | Мустафа III — 26. султан на Отоманската империја. |
1887 | Артур Рубинштајн — пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. |
1912 | Џексон Полок — американски сликар. |
1928 | Славко Милосавлевски — македонски социолог. |
1936 | Исмаил Кадаре — албански писател. |
1949 | Грег Попович — американски кошаркарски тренер. |
1955 | Никола Саркози — француски политичар, 23. претседател на Франција |
1959 | Патрицио Олива — италијански боксер. |
1975 | Тим Монтгомери — американски атлетичар. |
1978 | Џанлујџи Буфон — италијански фудбалер. |
1978 | Џејми Карагер — англиски фудбалер. |
1988 | Адријано Малори — италијански велосипедист. |
Починале:
592 | Гунтрам — крал на Франките. |
1547 | Хенри VIII — славен крал на Англија. |
1919 | Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија. |
1996 | Јосиф Бродски — руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |