29 септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< септември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30


29 септември е 272-иот ден во годината според григоријанскиот календар (273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.

Настани:

1938  Британија, Франција, нацистичка Германија и фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор.
1941  Почнало Драмското востание на македонските и грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во Драма, Пресечен, Крлуково и Кобалиште, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.
1941  Започнала масовната ликвидација на Евреите кај Бабин Јар, Киев — еден од најстрашните масакри во Втората светска војна.
1991  Во селото Усје, Скопско е осветена „црквата Свети Атанасиј“.
1993  Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

Родени:

1758  Хорацио Нелсон — британски адмирал.
1901  Енрико Ферми — италијански физичар.
1904  Николај Алексеевич Островски — руски писател.
1912  Микеланџело Антониони — италијански режисер.
1922  Александар Зиновјев — руски филозоф, социолог, есеист и книжевен сатиричар.
1936  Силвио Берлускони — италијански деловник и политичар.
1943  Лех Валенса — поранешен полски претседател
1950  Вилсон Џони — хрватски и југословенски фудбалер.
1956  Себастијан Коу — британски атлетичар.
1976  Андриј Шевченко — украински фудбалер.

Починале:

1902  Емил Зола — француски писател.
1914  Стеван Мокрањац — српски композитор.
1930  Илја Репин — истакнат руски сликар.
1997  Рој Лихтенстајн — американски сликар.
2010  Тони Кертис — американски глумец.

Празници:

Светски ден на срцето
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември