11 март
Од Википедија — слободната енциклопедија
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 |
11 март е 70-иот ден во годината според григоријанскиот календар (71-и во престапна година). Остануваат 295 денови до крајот на годината.
Настани:
1913 | Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун. |
1917 | Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна. |
1938 | Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија. |
1943 | Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логор „Треблинка“. |
1945 | Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за прв пат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија. |
1981 | Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија. |
1996 | Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка. |
1996 | Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ. |
Родени:
1544 | Торквато Тасо — италијански поет. |
1892 | Артур Хонегер — француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика. |
1920 | Благоја Ангеловски — филмски работник. |
1931 | Драган Ѓаконовски - Шпато — истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. |
1931 | Драгутин Аврамовски - Гуте — истакнат македонски академски сликар и графичар. |
1952 | Даглас Адамс — англиски писател, драматург и музичар. |
1961 | Мирјана Ѓурица — југословенска ракометарка. |
1978 | Дидие Дрогба — фудбалер од Брегот на слоновата коска. |
1987 | Танел Кангерт — естонски велосипедист. |
1987 | Стефано Пираци — италијански велосипедист. |
Починале:
1908 | Едмондо Амичис — италијански писател и патописец. |
1955 | Александар Флеминг — англиски микробиолог. |
2002 | Илија Милчин — македонски глумец, режисер, лингвист и преведувач. |
2006 | Слободан Милошевиќ — некогашен претседател на Сојузна Република Југославија. |
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |